Author: Media Point

Македонска Каменица, 20. Септември 2024 година – Во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица, вчера во ресторан „Иднина“ свечено беше одбележан Денот на пензионерите. Присутни на настанот, покрај гостите од здруженијата на пензионери од Пробиштип, Пехчево, Делчево и Штип, беа многубројни членови на здружението и пензионери од Македонска Каменица, кои со многу забава и дружење подготвена од одличните Модерато Бенд во позитивна атмосфера го прославија нивниот празник. По тој повод, претседателката на здружението, Јаворка Соколовска со честитка до пенизонерите за нивниот празник, истакна: Ние, пензионерите, сме важен дел од општеството и сакаме да покажеме дека и по завршувањето…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 20. Септември 2024 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски објави Јавнен повик за финансиска поддршка за ученици во Прво одделение во Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ и за финансиска подршка за ученици во Прва година при СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во Македонска Каменица. – Денеска го објавив Јавниот повик за финансиска поддршка на нашите првачиња – учениците кои на 01. Септември 2024 година, за прв пат го пречекорија прагот на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Исто така, денеска е објавен и Јавниот повик за финансиска поддршка за учениците кои своето…

ПОВЕЌЕ ...

СЕ БАРА ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ СТАН ИЛИ ДЕЛ ОД КУЌА ПОД КИРИЈА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Доколку имате стан или дел од куќа за изнајмување под кирија во Македонска Каменица можете да ги побарате заинтересираните лица на следниов контакт телефонски број 070 660 158. Станот или делот од куќа што се издаваат можат да бидат наместени и без мебел. (Маркетинг/MediaPoint)

ПОВЕЌЕ ...

78 годишен жител од Чешиново–Облешево починал на 16-ти на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на Западно- нилска треска. Тој е четврт случај годинава и случајот во ИЈЗ е пријавен на 12-ти месецов. Првичните симптоми кај пациентот започнале на 09.09.2024 со намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39°C. Поради појава на вознемиреност, агресивност, афазија и губиток на свест, пациентот на 10.09.2024 година со возило од ИМП Кочани е пратен во КБ Штип каде биле спроведени дијагностички невролошки процедури. Поради тешката состојба на пациентот и дијагностициран енцефалитис, во текот на истиот ден е упатен за УК за инфективни…

ПОВЕЌЕ ...

Увозници од Македонија отворале фирми во Србија, го препакувале увозниот оризот и го продавале како кочански Македонски фирми што увезуваат ориз од Индија, Пакистан и од земјите од Далечниот Исток, го препакувале, го декларирале како кочански и го продавале во маркетите. Освен кај нас, отвориле фирми и во Србија и, во соработка со наши и со српски трговци, го продавале како кочански. Земјоделските експерти апелираат до Државниот земјоделски инспекторат итно да реагира и да го спречи овој криминал за да не се наруши довербата кај купувачите во квалитетот на кочанскиот ориз Македонски фирми што увезуваат ориз од Индија, Пакистан и…

ПОВЕЌЕ ...

Кристијан Чурлинов е ново име во редовите на каменичкиот второлигаш ФК Каменица Саса – Со своето искуство и квалитет, стекнати со настапите за екипите на Скопје и Тетекс, 23 годишниот Кристијан Чурлинов од Скопје ќе ја зајакне одбраната и ќе донесе брзина во нападот. Кристијан е фудбалер од младинските школи на Вардар и Работнички, – велат од клубот, од каде истакнуваат убедување дека Чурлинов ќе биде од голема корист на десната бековска и крилна позиција во тимот и ќе придонесе за постигнување на целите на ФК Каменица Саса. 💚🖤 Добродојде Кристијан во големото семејство на ФК Каменица Саса 🖤💚

ПОВЕЌЕ ...

Облачно со повремени локални врнежи од дожд Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи и пообилни во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Македонска Каменица и регионот, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Денеска и утре, времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со грмежи и пообилни во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје променливо облачно, од пладневните часови…

ПОВЕЌЕ ...

Учениците добитници на меѓународни награди и признанија во текот на 2024 година и нивните ментори, вчера беа примени од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Учениците, кои свечено беа примени од претседателката Гордана Сиљанова Давкова се дел од Македонското географско друштво, Сојузот на математичарите на Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Здружението на информатичарите на Македонија, Друштвотото на физичари на Македонија, Македонското биолошко друштво, како и ученици, таленти кои индивидуално учествувале на меѓународни натпревари и постигнале успех. Заедно со останатите ученици од олимпискиот тим на Македонија, присутна на приемот беше и нашата сограѓанка Михаела Павловска, која од Меѓународната олимпијада по…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 17. Септември 2024 година – Во рамки на 4. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипата на ЖФК Љуботен славеше со 2:0 над нашата екипа ЖФК Каменица САСА. – Ова е наш прв првенствен пораз после 2 години. Одигравме изедначен натпревар, каде нашите девојки беа одлични, но среќата не беше на наша страна. Честитки за победата на домашната екипа, разбирлива е нивната бурна радост. Сепак ова е нивна прва првенствена победа во историјата на Љуботен против нашата екипа, – истакнува Зоран Златковски тренер на екипата на ЖФК Каменица САСА Најважно е што сме на прав пат…

ПОВЕЌЕ ...

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во кичевско Подвис е отворено првото училиште на македонски јазик Во 1943 г. сѐ уште траела војната, но Копачијата била една од првите што биле блиску до ослободување. Важно е да се спомене дека тоа е во 1943, значи речиси една година пред одржувањето на АСНОМ во август 1944. На 17 септември 1943 година во селото Подвис, Кичевско, почнало да работи првото училиште на македонски јазик. При влегувањето на учителот во училницата во училиштето во Подвис, учителот поздравувал „смрт на фашизмот“, а учениците отпоздравувале со „слобода на народот“. Во 1943 година сѐ уште траела војната, но Копачијата…

ПОВЕЌЕ ...