Author: Media Point
Македонска Каменица, 08. Декември 2024 година – ФК Каменица Саса објави соопштение до фудбалската јавност поврзано со вчерашните случувања и прекинот на натпреварот со екипата на ФК Скопје. Соопштението ви го пренесуваме во целост: Почитувана фудбалска јавност, ФК Каменица Саса го осудува секое насилство на фудбалските натпревари. Во досегашната 56 годишна фудбалска историја во Македонска Каменица немало прекин на натпревар поради настанат инцидент. Сите гостински екипи, секогаш биле пречекани домаќински и достоинствено. Иницијатор на вчерашниот инцидент беше гостинскиот играч – резервен голман, Гоце Јовчев, кој што најпрвин од резервната клупа направи вербален напад врз двајца наши фудбалери. За истото…
Се издава стан под кирија на улица Александар Македонски број 11, спроти Поштата во Македонска Каменица Станот целосно е опремен со мебел и ги поседува сите погодни услови за живеење. Цена по договор. Повеќе информации на следниве телефонски броеви: +389 70 616 016
ФК Каменица Саса ќе ја пречека екипата на ФК Скопје пред празни трибини на стадионот во Македонска Каменица ФК Каменица Саса во рамки на последното 15. коло од есенскиот дел на првенството, ќе се сретне со екипата на ФК Скопје од Скопје. Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Македонска Каменица, во сабота на 07 Декември, со почеток во 13:00 часот, но за жал, овојпат без присуство на публика. Имено, комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука сите натпревари од ова коло во Втората македонска фудбалска лига да се одиграат зад затворени врати. Оваа одлука беше…
Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено…
Денеска, по повод 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, градоначалникот Димчо Атанасовски организираше прием во чест на нашите сограѓани кои со својата упорност, истрајност и сила се вистинска инспирација за сите нас. – Во рамки на приемот, со претседателката и членови претставници од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост (ЦПЛИП) „Порака“ од Македонска Каменица, имавме можност да размениме мислења, идеи и искуства кои ќе придонесат за унапредување на правата и условите за живот на лицата со посебни потреби во нашата општина, – вели градоначалникот Атанасовски Македонска Каменица, како што се вели во понатамошниот текст…
Шаховскиот клуб “Каменица Саса” го објави расписот за одржување на затворено општинско првенство на Македонска Каменица. Првенството ќе се игра во машка, женска и детска категорија. Истото, ќе се игра по Бергеров систем со времетраење на натпревар од 30 минути. Пријавувањето врши секој ден во шаховскиот клуб, како и кај претседателот на клубот, Лазо Стаменковски или Санде Ивановски, секретар на клубот. Последен ден за пријавување е 01.12.2024 година, а натпреварите започнуваат на 02.12.2024 година. За победниците се обезбедени пригодни пехари. Победниците ќе се стекнат со право да го претставуваат клубот на официјални државни натпревари.
Ѓорѓијоски ќе ја претставува Македонија на фестивалот ЖАОКА во Србија Македонска Каменица 30. Ноември 2024 година – Нашиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски ќе биде претставник на Македонија на престижниот фестивал ЖАОКА, кој ќе се одржи во Домот на културата „Братство-единство“ во Качарево. Со свој избор на најдобри афоризми, Ѓорѓијоски ќе го збогати културниот програм и опусот на овој регионален фестивал. Во делегацијата која ќе го придружува Ѓорѓијоски во Панчево се и Христина Деолска, Влатко Ситновски и Софија Ситновска. Тие ќе ја искористат посетата за одржување на средба со Националниот совет на Македонците во Србија и да разговараат за засилување на соработката…
Општина Македонска Каменица заедно со граѓаните го креира буџетот за 2025 година – Почеток на форумски сесии за креирање на граѓански буџет за 2025 година Градоначалникот Димчо Атанасовски упати известување до јавноста, во кое ги повикува сите жители на Македонска Каменица да се вклучат во креирањето на буџетот на општина Македонска Каменица за 2025 година. Известувањето ви го пренесуваме во целост: Почитувани сограѓани, Би сакале да ве информираме, дека Општина Македонска Каменица започнува со одржување на форумски сесии за креирање на граѓанскиот буџет за 2025 година. Овие сесии се организираат со цел заедно, преку отворен дијалог, да ги утврдиме приоритетите…
Се издава стан под кирија на улица Александар Македонски, спроти Кит-Го Маркет во Македонска Каменица Станот е двособен и неодамна реновиран. Се наоѓа на 3 кат. Целосно е опремен со мебел и ги поседува сите погодни услови за живеење. Цена по договор. Повеќе информации на следниве телефонски броеви: 071 633 925; 072 221 355
Купувам куќа во Македонска Каменица. Доколку некој има потреба од продажба на куќа опремена за живеење или познава некој што сака тоа да го направи, молам да ме побара на 072278391.
