Author: Media Point

Пишувања од Каменичката парохија Во продолжение ви пренесуваме текст посветен на историјата и значењето на храмот „Св. Пророк Илија“ во Македонска Каменица. Црква „Св. Пророк Илија“ – Македонска Каменица Храмот посветен на Св. Пророк Илија во Македонска Каменица е изграден во 1860 година и повеќе од еден и пол век претставува духовен светилник и свето место за молитва на верниот народ. Храмот не е фрескописан, а иконите датираат од XIX век. Тој е центар на големата прослава на Илинден – 2 август, кога стотици верници се собираат заедно за да го прослават својот заштитник. Минатата година, во дворот на храмот…

ПОВЕЌЕ ...

Објавена утврдената листа на кандидати за членови на Совет на Општина Македонска Каменица Македонска Каменица, 26 септември 2025 – Општинската изборна комисија Македонска Каменица, врз основа на член 69 од Изборниот законик, ја објави утврдената единствена листа со кандидатури за членови на Советот на Општина Македонска Каменица. На изборите ќе учествуваат: 5. „Коалиција за локални избори 2025 година“, предводена од СДСМ – со носител Мартин Малчев. 6. Левица – со носител Дејанчо Стоиловски. 9. Коалиција „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ – со носител Гоце Стоиловски. 13. Партија на пензионери – со носител Лазо Стаменковски. 28. Македонска акција (МААК) – со…

ПОВЕЌЕ ...

Општинската изборна комисија Македонска Каменица ја објави утврдената листа на кандидати за градоначалник Македонска Каменица, 26 септември 2025 година – Врз основа на член 69 од Изборниот законик, Општинската изборна комисија Македонска Каменица денеска ја објави утврдената единствена листа на кандидати за градоначалник на Општина Македонска Каменица. Утврдени кандидати за градоначалник на Општина Македонска Каменица според редниот број на гласачкото ливче на Локалните избори 2025 година се: 5. Соња Стаменкова – „Коалиција за локални избори 2025 година“ предводена од СДСМ 9. Димчо Атанасовски – Коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ 61. Миран Митревски – Независен кандидат поддржан од група избирачи…

ПОВЕЌЕ ...

Од денеска нема одење или возење со слушалки на уши или мобилен телефон Законските измени се усвоени за да се намали бројот на сообраќајни незгоди како последица на невнимателно однесување во сообраќајот Пешаците кои минуваат преку пешачки премин, велосипедската патека или лента, возачите на велосипеди, мотоцикли и тротинети од денеска нема да смеат да носат слушалки во двете уши, да гледаат во мобилен телефон, таблет, смарт часовник или друг вид електронски уред со кој би им се намалило вниманието додека одат или возат. Од денеска започнува примената на измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата што…

ПОВЕЌЕ ...

Државата ќе ја намалува администрацијата за 40 отсто –со новиот пакет закони меѓу кои и законот за организација и работа на органите на државната управа предвидена е и рационализација на бројот на државни службеници, потврди ресорниот министер Минчев. Ќе се крати во управни и надзорни одбори, ќе спојуваат институции, а со тоа ќе се исполни обрврската која ја бара ЕУ, за намалување на јавната администрација. Минчев обвини дека поради пријателските и роднинските вработувања кои 30 години владееле по институциите, администрацијата сега е нефункционална, тромава и не ефикасна. Затоа започнуваат обуки за целата администрација за преквалификација и департизација на институциите.…

ПОВЕЌЕ ...

Џејми Караматиќ е новиот генерален директор на Рудник САСА Македонска Каменица, 22 септември 2025 година – Од 19 септември, Џејми Караматиќ официјално ја презеде функцијата генерален директор на рудникот за олово и цинк САСА од Македонска Каменица. Тој доаѓа на местото на Крис Колбурн, кој претходно оваа година беше унапреден во главен оперативен директор на групацијата Централ Азија Металс (CAML). Џејми Караматиќ (Jamie Karamatic) е искусен рударски инженер со повеќе од 20 години меѓународно работно искуство во подземни и површински рударски операции. Тој поседува значајна техничка експертиза и силен оперативен фокус, стекнати во текот на работата и извршувањето високи…

ПОВЕЌЕ ...

Здружението на пензионери од Македонска Каменица со пригодна свеченост го одбележа Денот на пензионерите Македонска Каменица, 19. Септември 2025 година – Во пресрет на празникот, Здружението на пензионери од Македонска Каменица традиционално го одбележа Денот на пензионерите – 20 Септември. Настанот организиран од Здружението на пензионери од Македонска Каменица, се одржа во присуство на градоначалникот Димчо Атанасовски, директори на локални институции и претпријатија, како и гости од здруженијата на пензионери од Пробиштип, Пехчево, Делчево и Штип. Претседателката на Здружението, Јаворка Соколовска, за медиумите изјави: „Овој ден е посветен на сите пензионери, на нивната долгогодишна работа, труд и посветеност. На сите…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 19. Септември 2025 година – Во просториите на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица се одржа едукативна работилница во рамките на проектот „Сатирична Работилница за Деца“, поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија. Работилницата опфати активности за пишување детски афоризми и епиграми, илустрирање на истите, како и запознавање со основите на глаголицата. Ментори беа писателот-сатиричар Миле Ѓорѓијоски и илустраторот Софија Ситновска од Македонска Каменица. „Целта на овие работилници е да го поттикнеме креативниот дух кај децата и да им дадеме можност преку афоризмот и хуморот да ја изразат својата мисла на…

ПОВЕЌЕ ...

Голема полициска акција од синоќа се спроведува во Берово, Пехчево и Делчево. Информациите се дека се работи за разбивање на организирана криминална група која со години наназад вршела нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп, како и други тешки дела против животната средина. Според засега неофицијалните информации, меѓу приведените се и актуелен директор на ЈП „Македонски шуми“ и актуелен началник во полицијата, како и повеќе полициски службени лица, шумски полицајци. Информациите кои ги пренесоа дел од медиумите се дека меѓу приведените се и службено лице од подрачна единица на министерство за земјоделство, како и сопственици…

ПОВЕЌЕ ...

Заменик министерот Велковски и градоначалникот Атанасовски во посета на детската градинка Бамби и Дневниот центар за лица со посебни потреби Македонска Каменица, 18. Септември 2025 година – Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со градоначалникот Димчо Атанасовски, денеска ја посетија Дневниот центар за лица со посебни потреби и детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица. „Средбата со корисниците и вработените ми ја потврди важноста на нашата мисија – создавање општество во кое сите се вклучени и добиваат поддршка“, истакна Велковски, додавајќи дека Министерството работи на унапредување на условите во дневните центри и детските градинки, обезбедување поголема…

ПОВЕЌЕ ...