ТППЕ Македонска Каменица денеска интервенираше по пријава за настанат пожар на локалитетот Султан Тепе на Осоговските планини. На терен излезе еден тим пожарникари со едно противпожарно возило, кој помогнат од локално население, за релативно кратко време успешно се справи со пожарот.
Пожарот зафатил поголема површина со ниска трева во близина на шумски простори, а навремената интервенција спречила негово ширење кон шумата.
Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и навремено да пријавуваат појава на пожар, како би се спречила поголема материјална и еколошка штета.

