Целосна замена на електричната инсталација во детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица
Македонска каменица, 10 февруари – Во детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица за првпат по 34 години, целосно е заменета електричната инсталација, со што значително се подобруваат условите за престој и работа на децата и вработените.

Оваа инвестиција, која е финансирана со сопствени средства, има за цел да ја зголеми безбедноста во објектот, да ја подобри енергетската ефикасност и да овозможи поквалитетна средина за најмладите.
Директорката на градинката, Тодорка Велиновска, истакна дека ова е значаен чекор за установата: „По повеќе од три децении, успеавме да реализираме проект кој директно ќе придонесе за зголемување на сигурноста и подобрување на условите во градинката. Оваа инвестиција е од суштинско значење за нас, бидејќи секој ден во оваа установа поминуваат десетици деца, чие здравје и безбедност се наш врвен приоритет.“

Со завршувањето на овој проект, градинката „Бамби“ поставува нови стандарди во грижата за најмладите, овозможувајќи модерни и безбедни услови за нивниот престој и развој.


