Унапредување на водоснабдувањето во село Тодоровци и уредување на јавни површини во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 27. Јануари 2025 година – Јавното претпријатие “Камена Река” од Македонска Каменица започна со реализација на инфраструктурен проект во село Тодоровци, – изјави градоначалникот Димчо Атанасовски за проектот кој опфаќа поставување на секундарна водоводна мрежа и инсталирање на нови водомерни единици за корисниците во оваа рурална средина.

Дополнително, ќе биде поставена и нова водоводна линија која ќе овозможи приклучување на нови корисници. Градоначалникот Атанасовски истакнува дека овие активности се очекува да доведат до значително подобрување на водоснабдувањето во Тодоровци, што директно ќе влијае на квалитетот на живот во оваа рурална средина. Со тоа, општина Македонска Каменица продолжува со своите активности за унапредување на комуналната инфраструктура на целата територија од општината.

Паралелно со активностите во Тодоровци, активности се спроведуваат и во градската средина на Македонска Каменица, додава градоначалникот Димчо Атанасовски. “Во тек се активности за уредување на повеќе јавни површини, меѓу кои и просторот околу новоизградениот паркинг на улица Илинденска. Овие активности имаат за цел дополнително да го подобрат урбаниот изглед на градот и да ја зголемат функционалноста на јавните простори” – стои во изјавата на градоначалникот, кој додава дека со овие проекти се продолжува со посветеното работење за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот како во руралните, така и во урбаните делови на општина Македонска Каменица.


