Author: G B R

27 јануари 2017 (МИА) – Светски ден на холокаустот 1814.- Во Берлин умрел Јохан Готлиб Фихте, германски филозоф, еден од водечките претставници на германскиот класичен идеализам. Од делата познати му се „Наука на знаењето“, „Основа на целокупната теорија на науката“ и „Основа на природното право“. Роден бил на 19 мај 1762 година. 1822.- На собранието во Епидаур грчките востаници ја прогласиле независноста на Грција која Османлиското царство ја признало дури во 1829 година, по жестоките борби и интервенции на европските сили. 1832.- Роден е германскиот филозоф Фридрих Вилхелм Шелинг кој заедно со Кант, Фихте и Хегел се творци на германскиот идеализам. Дела: „Идеи за…

ПОВЕЌЕ ...

Весникот “South China Morning Post” објави дека научниците од Институтот за керамика во Шангај произвеле хартија отпорна на оган и вода. Научниците во структурата на хартијата додале посебен вид на калциум, изолиран од животински коски и забна глеѓ – хидроксиапатит. Новата хартија е отпорна на топлина и до 200 степени, како и на различни видови течности. Лидерот на истражувачкиот тим Џу Јинџи, вели дека и порано постоела хартија која е отпорна на оган или вода, но оваа хартија е прва која е отпорна на сите фактори. “Овој вид на хартија ќе биде погодна и за важни документи кои лесно ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Тројца планинари на ПСД Москито и ПСД Осогово направија зимско искачување на врвот Руен. Руен кај планинарите е познат како еден од најнепредвидливите врвови, кој во триаголникот меѓу планините Рила, Пирин и Осогово е со најлоши метеоролошки услови. Тројцата искусни планинари го совладаа врвот висок 2252 метри на температура од минус 12 степени и при ветар кој варирал од 30 до 50 км/с. Ветрот, од друга страна, обезбедил ведро време, кое им обезбедило безбедно искачување на тројцата авантуристи. [iframe-popup id=”3″]

ПОВЕЌЕ ...

26 јануари 2017 (МИА) 1500.- Шпанскиот морепловец Висенте Ханес Пинсон го открил Бразил. 1531.- Португалија ја зафатил катастрофален земјотрес. Главниот град Лисабон бил целосно разурнат, а загинале околу 30.000 луѓе. 1788.- Британски бродови со првите доселеници од Велика Британија, вклучувајќи и група затвореници впловиле во заливот Ботани Беј (Сиднеј), Австралија, каде што формирале колонија. 1827.- Перу прогласило независност. 1841.- Прогласен бил британски суверенитет над Хонгконг. По шест дена Кина била принудена да го отстапи Хонгконг на Велика Британија. 1880.- Роден е американскиот генерал Даглас Макартур. Во Втората светска војна беше командант на американските трупи на Далечниот Исток и во име на САД во септември 1945 година…

ПОВЕЌЕ ...

Кожарците и текстилците и понатаму на просјачки стап. Платите им се на половина од просечните. На крајот од месецот, овие работници дома си одат со одвај 11.800, односно 13.000 денари, што е за двапати помалку од статистички пресметаната плата во Државата, која изнесува  22.300 денари: Платите се катастрофа, не ми се ни зборе за нив. Работеш цел месец, а дома однесеш плата за пет дена, вели вработена во кожарска фабрика. Платата е за двапати помала од просечната, но дури за три пати  пониска од просечната потрошувачка кошница, која за потребите на семејство од четири члена е пресметана на 32.000 денари:…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за економија од годинава воведува субвенционирање на домаќинствата за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци.  Оттаму објаснуваат дека за овие субвенции огласот ќе биде објавен до крајот на месецов, и ќе трае до крајот на август. „Ќе се надоместува дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2017-та година, и за таа намена се обезбедени дури 20 милиони денари, при што се надоместуваат до 50% од направените трошоци, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство“- информираат од Министерството за економија. Надоместокот на дел од средствата за купени и вградени ПВЦ…

ПОВЕЌЕ ...

Претежно облачно и малку потопло утро во однос на вчерашното, а сосема слаби врнежи од снег има локално во западните и југозападните предели. МАКЕДОНИЈА – Во среда во текот на денот се очекува претежно облачно време кое ќе биде проследено со засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч и студено време. Во југозападните, јужните и југоисточните предели со услови за провејување на слаб снег и слаби врнежи од дожд, додека пак во останатите предели попладне и со услови за повремени сончеви периоди. Утринските температури од -8 до 1 степен, додека пак максималните дневни ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Скопје, 24 јануари 2017 Министерствата за труд и социјална политика, за здравство, образование и наука и за правда, преку меѓусебна соработка и вклучување на останатите засегнати страни, да заземат координиран пристап кон потребите на децата и младите во ризик во Македонија кој ќе резултира со сеопфатни услуги и отчетност за спроведувањето на зацртаните политики. Ова го истакнаа од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје кои денеска ги презентираа наодите од истражувањето „Децата и младите во ризик во Република Македонија – рамноправни членови на социјалната држава или категорија за креирање фиктивни политики?“. Министерството за здравство, посочуваат од Здружението, во…

ПОВЕЌЕ ...

Белград, 24 јануари 2017 (МИА) – Мерцедесот, кој му припаѓал на некогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, а во кој се возеле лидери на многу држави и нивните сопруги, се продава за три милиони евра. Познато е дека Тито бил голем љубител на автомобили и имал цела колекција. Најдобриот примерок во таа колекција бил мерцедесот 600 полукабриолет со шест врати, од кој се произведени само девет такви возила. Мерцедесот, кој е произведен во 1971 година, го користел Тито се до неговата смрт во 1980 година. Некое време подоцна се користел за превоз на важни странски гости од аеродромот во…

ПОВЕЌЕ ...

Во петок на 27 јануари истекува рокот за обнова документацијата за остварување на правата од областа на социјалната заштита. Од Министерството за труд и социјална политика апелираат сите кои досега тоа не го направиле да се обратат најблиските центри за социјална заштита и да се пријават. Тие со себе треба да носат само лична карта и да дадат изјава за согласност за користење на нивните лични податоци во постапката за остварување на овие права. Сите други документи институциите ќе ги прибават по службена должност од УЈП, Фондот на ПИОМ, Катастарот, од Агенцијата за вработување, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството…

ПОВЕЌЕ ...