Author: G B R
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, црковниот клир при храмот ,, Успение на Пресвета Богородица” од М. Каменица, организира хуманитарна акција- Донирање на стара облека и обувки, кои ќе бидат наменети за граѓани од општината и од нејзината околина, кои ѝм припаѓаат на социјално ранливите категоријии на граѓани. Се замолуваат сите граѓани кои се заинтересирани да помогнат, облеката што ќе ја донираат да биде исперена и да биде во состојба да може да се користи (да не биде скината). Да бидеме хумани и со нашата скромна помош да се обидеме да внесеме барем малку радост во животот…
Претставниците на иницијативата „Калегзит“, кои се залагаат за отцепување на Калифорнија од САД, добија дозвола да почнат да собираат 600.000 потписи. Толкав број потписи се неопходни за иницијативата во ноември 2018 година да се даде на гласање. Калифорнискиот државен секретар Алекс Падила им даде дозвола на предлагачите на иницијативата „Калифорнија држава“, исто така познато и како „калегзит“, по моделот на брегзит, да почнат да собираат 600.000 потписи потребни за да поднесе формален предлог. Тоа би било малку повеќе од осум проценти од запишаните избирачи во Калифорнија, која е најнаселената американска држава, со речиси 40 милиони жители. Ако иницијативата е успешна,…
Кревет маса и шпорет на дрва, толку дозволува просторот во овие девет квадрати во кои живее Дејан Костовски со својот неподвижен татко. Животот на ова 22 годишно момче од корен му се менува по отказот на татко му. „Кога го доби отказот на работа, и прв мозочен удар доби на работа. Од тогаш почнаа сите мозочни удари. Мајка ми почина пред три години. Лани со поќарот го допревме дното. Кога го скрши колкот на 1-ви јануари беше крај на се за што имаше надеж,“ вели Дејан Костовски. Неговото семејство живеело скромен живот во оваа трошна куќичка, но пожарот од дотраената…
Се повеќе млади посегнуваат по наркотици. Најмладиот корисник на дрога во Македонија, според невладината организација „ХОПС“ е осумгодишно дете кое користи дрога со инјектирање. Во текот на изминатата година, теренските тимови на организацијата откриле 33 малолетни зависници, од кои седум нови случаи, но никој од нив не започнал третман на лекување. Според психологот, Соња Алексиевска, проблемот е доста комплексен, а младите по дрога најчесто посегнуваат од љубопитство, но и под влијание на средината во која што живее. КМ: Од психолошки аспект кои се причините кои доведуваат до се поголем број на млади кои се одлучуваат за употреба на наркотици. Еве ќе…
Репрезентацијата на Словенија е освојувач на бронзениот медал на Мундијалот во Франција, откако во мечот за третото место славеше над селекцијата на Хрватска со 30:31. По вчерашниот пораз од Норвешка во тежок и исцрпувачки натпревар, избраниците на Бабиќ не собраа сили да одиграат на ниво и да ја добијат битката на некогашните ју-држави. На стартот на натпреварот се играше гол за гол до 3:3, пред Хрватска да направи серија за предност од 5:3, Разликата на три ја зголеми трагичарот од мечот со Норвешка, Хорват, кој погоди за 7:4. Предноста од два до три голови, „каубоите“ ја одржуваа до 20 минута, кога младиот…
Двете нематеријални културни добра запишани во УНЕСКО, орото Копачка од Драмче и „Гласоечкото пеење“ од Горни Подлог, годинава заедно ќе настапуваат во Словачка и Бугарија на културни настани каде ќе се промовираат светските нематеријални културни добра. Заедничката соработка на триото Гавровски од Тетово и Здружението Копачка од Драмче доби поддршка од Министерството за култура. Учество во Словачка на Јаношикови денови во Терхова каде ќе уествуваат впишани во УНЕСКО нематријални културни добра. Потоа како резултат на билатералната соработка на Македонија и Бугарија ќе настапиме во МКЦ во Софија.Овие два проекти ги работиме со Триото Гавровки од Тетово, кажа Перса Стојановска, Здружение…
“Ако ти се смачил некој човек кога ќе ти дојде дома, за да стане побргу, треба да му се стави малце сол во чевлите и веднаш ќе си станел да си оди од куќата” “Глувци кога ќе излезат по куќите мошне многу, а најповеќе во полето, чекајте голема сиромаштија” “Чевли да обуеш на сон, значело дека ќе се жениш” “Ако оди некој од град надвор и да го пресретне поп или зајак, тоа за црна штета ќе му излезе; а ако го пресретне волк, на многу арно ќе му излезе” Народно творештво собрано од Марко Цепенков во XIX…
Попладнево во 17,40 часот на телефонскиот број 192 од мобилен телефон се јавил маж и без да се претстави рекол дека „за 16 минути две ракети ќе бидат испалени кон зградата на Владата на Република Македонија за да ја уништат“, дознава „Фокус“ од извори во МВР во врска со попладневниот инцидент што предизвика и Амбасадата на САД да испрати предупредување до своите вработени да не се движат по Илинденска и во реонот околу Владата. Нашите извори велат дека е пронајден мажот кој се јавил на 192 и веднаш бил однесен во полициска станица, каде објаснил дека неговото јавување било мотивирано…
Баба им се заканувала на наставниците зашто го преместиле нејзиниот внук од едно во друго одделение во основно училиште во Берово, соопшти МВР. Полицијата поднесе кривична пријава против Д.Б. (51) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Според полицијата, на 24 јануари годинава, таа преку телефонски пораки им се заканувала на претпоставени во училиштето каде што учи нејзиниот внук поради тоа што одделенскиот и наставничкиот совет во училиштето одлучил детето да биде преместено од едно во друго одделение. [iframe-popup id=”3″]
Ако се покаже дека има доволно резерви јаглен во Пехчевскиот Регион, ЕЛЕМ најавува изградба на термоцентрала со моќност од 150 мегавати, што е околу една четвртина од капацитетот на РЕК „Битола“. Се најавуваaт и три централи на гас, но експертите предупредуваат за зависноста на Македонија од гасот од Русија. Нова термоцентрала меѓу Пехчево и Делчево и три нови централи што ќе работат на гас, во Скопскиот, Штипскиот и во Тетовскиот Регион, се спомнуваат во документи што ги прават консултантски куќи за државната компанија Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Од ЕЛЕМ велат дека дефинитивна одлуката за градба сè уште не е донесена,…
