Author: G B R

8 теракотни икони од Виница, ќе го презентираат македонското културно наследство во Англија. Годинава, тие ќе бидат дел од изложбените поставки на музеј во познатиот англиски универзитетски центар  Оксфорд: Четири теракотни икони од нашиот музеј и четири од Археолошкиот музеј на Македонија ќе гостуваат на изложбата „Религиите на цивилизациите“ во Оксфорд, Англија, изјави Јулијана Иванова, дир. на Музеј “Теракота“ – Виница. Теракотните икони најдени на виничкото кале претставуваат светски раритет во областа на ранохристијанската археологијата. Во периодот од 1985 до 2002 година, на Виничко Кале се откопани 60-тина цели и стотина фрагменти керамички икони.  Дел од нив, сега ќе бидат…

ПОВЕЌЕ ...

Делчево в сабота ја одбележува 145 годишнината од раѓањето на својот патрон, еден од најголемите македонски револуционери, војводата Гоце Делчев. Со одлука на президиумот на собранието на НР Македонија по ослободувањето во 1950 година тогашното Царево село било преименувано во Делчево. На тој момент се сеќава делчевецот Слободан Димитровски кој се сеќава и на аманетот кој го оставил Делчев. -Ние го живееме неговиот сон, но дали ќе го оствариме, вели Димитровски за Канал Плус Телевизија, кој додаде декаа Гоце се борел за слободна Македонија со цел таа да биде обединета. За револуционерот Делчев имаат што да кажат и помладите: -Тој дал голем…

ПОВЕЌЕ ...

Државата ќе дава субвенции за домаќинставата кои селските куќи ќе ги претворат во туристички апартмани. Аплицирањето за мерката ќе почне месецов и ќе биде по принципот прв дојден прв услужен. Газдите ќе добијат назад 60% од трошоците за оваа намена, под услов тоа да не е повеќе од 3 000 евра по домаќинство. Објектот мора да биде уреден согласно традицијата  на крајот во кој што се наоѓа, како и да се служи храна вообичаена за тоа подрачје. Целта на мерката е да се подобри туристичката понуда и да се  развие руралниот туризам. Оние кои аплицираат ќе треба да докажат дека…

ПОВЕЌЕ ...

Нова мапа на Европа создадена од чешкиот картограф, лингвист и математичар Јакуб Мариан открива во кои европски земји голем број луѓе одлучиле да се преселат и да живеат во странство, пишува Јутарњи, а пренесува Дневни Аваз. На врвот на листата е Босна и Херцеговина, а веднаш по неа се Албанија, Македонија, Португалија, Црна Гора и Молдавија, па Хрватска. Од овие земји, според податоците од 2015 година, емигрирало речиси една петтина од населението родено таму. Најголем број население од Балканот се иселиле од Босна и Херцеговина. Околу 1,6 милиони луѓе родени во земјата живеат во странство, што е околу 43,3 отсто…

ПОВЕЌЕ ...

Џамбо Агушев нашиот светски познат трубач кој со својот оркестар на најдобар начин ја претставува Струмица и Македонија преку своите музички настапи на неговиот фејсбук профил ги извести сите негови фанови дека наскоро тој и неговиот оркестар ќе настапуваат во една од најгледаните телевизии во светот BBC TV во Лондон. Како што објави Џамбо, уште еден негов сон е остварен! [iframe-popup id=”3″]

ПОВЕЌЕ ...

Штипјанец и делчевец, стари 33 односно 21 година, од денес се со кривичлна пријава од беровската полиција . Двајцата , на различна локација и во различно време се фатени како продават дрога. Штипјанецот, во неколку наврати, на млад беровец му продал џоинт. Секое парче, беровецот го платил по 500 денари. Делчевецот, пак, полицијата го фатила на дело, како на друг беровец за време на концерт исто така му продава џоинт. [iframe-popup id=”3″]

ПОВЕЌЕ ...

Доколку планирате патување во странство со автомобил, нема да ви бидат доволни пасошите и финансиските средства со резервациите. За тоа ќе бидат потребни повеќе документи, опрема и дозволи, во зависност од земјата. Кога станува збор за балканските земји и останатите популарни дестинации за Македонците, речиси секаде важат генералните правила: забранета употреба на мобилен телефон при возење, минимално дозволено количество алкохол и соодветна опрема за возилото, стои на официјалната страница на АМСМ. Доколку се патува со дете, имајте предвид дека во повеќето земји е потребно детско седиште за мали деца. Потоа, за македонските државјани кои патуваат во странство се потребни и…

ПОВЕЌЕ ...

Многумина кои популарно “биле во војска“ и ден денес носталгично раскажуваат за своите војнички денови, некои позитивни некои негативни, ама да се биде војник не само што те тера да се удираш во гради туку и имаш секогаш да ја кажеш онаа реченица: Ти не си видел тешко ако не си бил во војска. Па колку расплакани девојки, па колку изневерени љубови… Па колку… Ќе го чекам да се врати од Војска…Постарите знаат да кажат дека младите сега се разгалени, ниту им се работи нити почитуваат авторитети… Се знаело дека у војска се учиш на: РЕД, РАБОТА и ДИСЦИПЛИНА. Кога…

ПОВЕЌЕ ...

Среќата удри и во Пехчево. 500 денари влог му донесоа 1,7 милиони добивка на 21-годишниот Атанаско Стефановски, најновиот милионер џек пот: Јас 500 денари ставив, а добив 1.759.000. Не очекував, бев многу среќен, изјави Атанаско Стефановски, добитник на премија од милион ден. Стефановски е повремен и ситен играч, во обложувалниците и местата каде се одржувата игри на среќа, не е постојан гост, па затоа премијата не ја ни очекувал: Порано играв ама не бев некој редовен играч, уплаќав ситни пари некои, ама ова сега беше голема среќа, изјави Атанаско Стефановски, добитник на премија од милион денари. Сега Атанаско има убава…

ПОВЕЌЕ ...

По леб во Делчево, скоро секој втор ден доаѓа пешки од делчевски Чифлик, 81-годишниот Томислав. Опремен со зимска облека, стап и ранец, тој поминува по 5 километри, за да стигне во делчевската чаршија. Доаѓам за селото за 1 час и половина, а оттаму за саат оти е удолно. Сите така ми велат ти поарно се да си одиш. Ми велат дека имам 50 години и се да пешачам, изјави Томислав Нацевски. За него одењето пешки е здравје, но болка му е самотијата. Синот веќе одамна му е во Швајцарија, а ќерката живее во едно делчевско село. Не можам да одам…

ПОВЕЌЕ ...