Author: G B R

Ако извршите замена на старите прозори со ПВЦ прозори и ја подобрите енергетската ефикасност на куќата може да добиете 50% од трошоците, но не повеќе од 500 евра. Од 1 февруари почна трката за субвенции за вградување на ПВЦ или Алуминиумски прозори во домаќинствата. Ако извршите замена на старите прозори со ПВЦ прозори и ја подобрите енергетската ефикасност на куќата може да добиете 50% од трошоците, но не повеќе од 500 евра. Најважно е пред да почнете со работа да направите фотографии од старите прозори. Ова се деталите од надлежните во министерството за економија. [iframe-popup id=”3″]

ПОВЕЌЕ ...

31 јануари 2017 Ратевските бамбурци , по танцот кој традиционално се одржува на денот посветен на Свети Јован Крстител, ги симнаа маските задоволни што и оваа година почитувајќи ја традицијата стара од дамнина, успеаја да го одржат локалниот обичај под маски со единствена порака, да го избркаат злото од Малешевијата. Само една недела претходно, на Василица, ѕвегорските суроваскари ја дочуваа невестата да не биде предвреме откриена и ги благословија домовите на ѕвегорци со „Сурова и здрава нова година“. Живото наследство под маски во регионот на Пијанец и Малеш , олицетворено преку Ратевските бамбурци и ѕвегорската Сурова, не е единствено во…

ПОВЕЌЕ ...

Планирањето на оброкот и меѓуоброкот однапред и секојдневното појадување може да го намали ризикот од заболување од кардиоваскуларните болести, соопшти Американското здружение за здравјето на срцето (AHA). Консумирањето на обилен оброк со повеќе калории наутро, а помалку храна навечер, исто така, може да ја намали опасноста од срцев или мозочен удар, како и други кардиоваскуларни болести, сметаат американките лекари. „Важно е да се размисли за тоа што јадеме, но, исто така, важно е и во кој период од денот јадеме“,смета др Мари-Пјер Сен-Онж, нутриционист и научничка на њујоршкиот универзитет Колумбија, и раководител на групата која ги напишала насоките за правилната…

ПОВЕЌЕ ...

Лондон, 3 февруари 2017 (МИА) – Тезите дека на луѓето дека непосредно пред смртта пред очите им се појавува целиот живот доби научна поддршка. Истражувачите од Универзитетот Хадаш во Ерусалим велат дека тој феномен, или барем нешто многу слично, е исклучително честа појава. Феноменот кој се нарекува LRE (life review experience, т.е. искуство од прегледаниот живот) сепак не изгледа како во холивудските филмови и сликите кои ги гледаат луѓето на смртна постела не се наредени хронолошки. Се работи за „бомбардирање” на мозокот со низа искривени сеќавања, набиени емоции. „Во прашање е супер-концентрат на менталните процеси кои се одвиваат секој ден”…

ПОВЕЌЕ ...

Разделбите кои се неминовни можат да растажат сечие срце а особено детското. Дека е тоа така покажаа учениците од VII – 2 одделение при ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево на кои разделбата од својот соученик Андреј Стоиловски кој ќе го продолжи своето образование во Швајцарија тешко им падна, па во негова чест подготвија театарска претстава на тема другарство, претстава во која тој ја имаше главната улога. Од дружењето со Андреј, како што велат самите ученици ќе остане запаметена целата забава која ја имале во текот на училишните денови, а самиот Андреј пак никогаш нема да ја заборави она што го доживеал…

ПОВЕЌЕ ...

Скопје, 4 февруари 2017 (МИА) – СВР-Скопје поднесе кривична пријава против лицата Е.Н.Р. (27) и С.З.Ј. (46) и двете од Република Бугарија, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „кражба“, при што се здобиле со противправна имотна корист од околу 182.000 денари. Од страна на судија на претходна постапка изречена им е казна затвор во траење од три години, со услов една година да не извршат кривично дело и се протерани и имаат 10 години забрана на влез во Република Македонија. Како што информира МВР, Е.Н.Р. и С.З.Ј. лани на 6 декември околу 12 часот во автобус број 5 на…

ПОВЕЌЕ ...

Секоја година, на 4-ти февруари, со низа активности низ различни делови од светот, се обележува светскиот ден на заболените од рак. Движењето на активистите е со цел да се подигне свесноста и знаењето за оваа болест, која што секој ден зема поголем замав, носејќи со себе милиони човечки животи годишно. Според официјалната веб-страница на движењето – www.worldcancerday.org, годишно умираат над 8 милиони луѓе од рак, од кои што 4 милиони се на возраст меѓу 30 и 69 години. Ова движење има многу поддржувачи, меѓу кои и големи компании и слични фондации. Во моментов, во различни делови од светот, во земјите…

ПОВЕЌЕ ...

4 февруари 2017 211.- Умрел римскиот цар Лук Септими Север Пертинакс, основач на династијата Север, кој ја ограничил власта на Сенатот, а наместо него „царскиот совет“ почнал да ги донесува законите. 1746.- Роден е полскиот национален јунак Тадеуш Анжеј Бонавентура Кошчушко, американски генерал и учесник во Американската војна за независност и аѓутант на Џорџ Вашингтон, подоцна првиот претседател на САД. По враќањето во Полска се кренал на востание против Русите, но неговата војска била поразена во октомври 1794 година, во битката кај Мацјејовиц, при што бил ранет и заробен. На слобода бил пуштен во 1796 година, под услов да се откаже од акциите против Русија,…

ПОВЕЌЕ ...