Author: G B R
Вечното ривалство меѓу мачката и глушецот го одбележа детството на многу луѓе, а токму денеска Том и Џери го слават својот 77-ми роденден.Вилијем Хан и Џозеф Барбера, беа првите сценаристи и директори на овој анимиран филм чија прва серија беше емитувана во периодот меѓу 1940 и 1952 година, а овој популарен цртан се прикажува и ден денес. Анимираниот цртан филм „Том и Џери“ е награден дури со седум оскари, а магазинот Тајм го вметна меѓу најдобрите телевизиски емисии на сите времиња. Авторите на овој цртан филм често знаеле да им замерат за „политичката некоректност и агресивност на ликовите“, но овие…
https://youtu.be/_QkZpgwbYj4 [iframe-popup id=”3″]
Ѕидовите и вратите во јавните тоалети често се „табла“ за секаков вид на пораки напишани со перманентен маркер или издлабени потписи. Ви ги пренесуваме љубовните пораки, поезија… од тоалетите на скопските кафичи.
Затемнувањето на Месечината во Лав, во ноќта помеѓу петок 10 февруари и сабота 11 февруари 2017 години ќе ни донесе голем број позитивни аспекти. Ја нарекуваат и „Снежна Месечина“ затоа што ја дочекуваме во месецот во кој традиционално има најмногу снег. Доколку на вистински начин ја искористите убавата симетрија со Сатурн, можете своите таленти да ги претворите во вистинска магија. Сонцето во опозиција со месечината внесува силна динамика,, но и потенцијал за конфликт во односите помеѓу партнерите, на работа како и дома, помеѓу пријателите, но и членовите на семејството. За почеток, подгответе се за ерупција на чувства, засилени инстинкти, емотивна…
Иницијативата „Сите против ЕВН“ на 24 февруари во 13 часот најави протест во Скопје, кој ќе започне од „Чаирачанка“. Бараат да им се приклучат Чаир, Шутка, Серава, Гази Баба, Дижонска, Топанско Поле, Визбегово, како и сите други населени места во Скопје. Меѓу дел од барањата на „Сите против ЕВН“ е да не се пресметуваат на граѓаните 33,33% за ангажирана моќност. Потоа, броилата да бидат бесплатни – граѓаните да не плаќат за промена на броилата без разлика по кој основ истите се менуваат туку, велат тие, трошокот по истите да биде на товар на ЕВН Македонија. „Да се простат долговите или…
Кривична пријава против Б.И.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,тешка кражба” и ,,лажно пријавување” поднесе СВР Охрид. Б.И. во декември минатата година отишла пред ресторанскиот дел од кабарето „Астор“, лоцирано во населбата Бејбунар во Охрид, сопственост на А.Ф. од Охрид и со клучот, кој само таа го поседувала, ја отклучила вратата од ресторанскиот дел, влегла внатре и одзела два звучника, појачало, ледомат, затоа што не била исплатена за сработеното. Одземените предметите ги продала на непознато лице. Б.И. делото го пријавила во полиција, иако знаела дека тоа не е извршено од страна на непознати лица.…
Возило пред Штип се запали во движење, а уште две завршија во него. Место на незгодата е 8-миот километар на патот Штип Радовиш. Се тргнало на лошо, кога возачот од првото возило кое горело, застанал и со сопругата се обидел да излезе надвор. Обидот завршил лошо, зашто друго возило удрило во запалениот автомобил, а третото во второто возило. Голема среќа е што сопружниците не завршиле прегазени на патот, но сепак, има сериозно повредени. Едниот е префрлен во Штипската клиничка болница, а другиот во нешто подобра состојба е однесен во Струмичката. [iframe-popup id=”3″]
Шеесет и деветгодишната скопјанка С.В. од Скопје доживеала хорор на скопската Клиника за Дигестивна хирургија откако пред два месеци за време на операција на жолчка и избил пожар во стомакот. Целиот настан се случил при средината на декември кога пациентката била примена на клиниката да оперира жолчка преку познатата лапароскопска хирургија, која се разликува многу од класичната операција и е поповолна за пациентот, затоа што го скратува времето на заздравување и го задржува естетскиот лик на делот од телото, врз кој се интервенира. Операцијата е позната по тоа што хирургот не прави вообичаен рез, туку преку два мали отвори влегува…
Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со појава на слаба магла по одделни котлини и по речните долини, а на некои повисоки места и на планините ќе има сончеви периоди. Локално се уште е можно слабо проврнување на дожд особено во јужните и во западните делови на земјава, а на планините ќе има слабо провејување на снег. На повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од пет до девет степени. Во Македонска Каменица времето ќе биде претежно облачно и тивко. Утринската…
ЈП „Камена Река“ од Македонска Каменица од месец март ќе започне со дигитализација на водомерите по домаќинствата што треба да донесе и порационално користење на водата од граѓаните. Ова денеска го изјави Влатко Димитровски, технички директор на ЈП „Камена Река“ при што потенцираше дека досега водата се наплаќала паушално. – Ова ќе значи рационално користење на водата, досега беше паушално наплаќање и тоа се наплаќаше по пет кубика вода од член на домаќинство во колективните згради, а по шест кубика од член во индивидуалните објкети за домување. Ние веруваме дека со дигитализацијата на водомерите ќе се зголеми рационалното користење и…
