Author: G B R
Денес е среда, 15 февруари 2017 година, 46-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:24, а ќе зајде во 17:11 часот. Денот ќе трае 10 часа и 47 минути. Ова утро во Македонија имаме ведро и студено утро со ниски утрински температури кои условуваат појава на слаб мраз. По котлините имам и појава на слаба магла. МАКЕДОНИЈА – По студеното утро и утрински температури кои се движат од -10 до -1 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево, ветровито и потопло време во однос на вчерашните температури со максимални температури кои ќе го надминат просекот за овој период…
Плочата од штипското училиште Ванчо Прке да се тргне, бараат од Здружението за Македонско-Бугарско пријателство. Споменикот од НОБ кој 33 години сведочи за бугарската окупација на овој дел од државата за време на Втората светска војна, сега за претседателот на ова здружение Петар Колев, е показател на „идеолошки предрасуди“ и „недостиг на елементарно цивилизациско однесување“. На плочата која на зградата на сегашното училиште, а некогашен затвор, поставена во 1983 година од страна на Здружението на борци пишува: „На ова место во злогласниот бугарски фашистички затвор масово се затварани борци-комунисти од 1941 до 1944 година. Во него се измачувани, убивани и…
Нервозен маж, револтиран од однесувањето на медицинскиот персонал кон неговата сопруга која била пациент, испокршил сè што му дошло до рака на Одделението за неврологија при Клиничката болница во Штип. Најпрвин почнал да се расправа со дежурната медицинска сестра која од страв да не биде нападната ја заклучила вратата на Одделението. Но, мажот уште повеќе револтиран од ова, ја скршил влезната врата, а потоа сè што му дошло до рака во ординацијата. Штипската полиција го потврдува инцидентот кој се случил на 11 февруари околу 16:40 часот и соопштува дека се работи за Т.С. (55) од Штип кој по првата расправија…
Во селото Драмче, во источна Македонија, теренската екипа со која раководеше д-р Душко Алексовски, откри и документираше праисториски цртеж кој претставува зооморф, животинска фигура, слична на остатоците на прастари животни, чии остатоци порано на овој простор беа откриени од страна на Природно научниот музеј на Македонија. (На фотографијата се праисториски цртежи на животински фигури откриени кај село Драмче, чија старост се проценива на шест милиони години)Староста на овие животински фигури се проценува на околу шест милиони години. Фотографијата е од огромно значење, не само за македонската наука, туку и за светската научна мисла. Досега никаде во светот не е откриен…
Дизајнерката Саманта Камерон е на удар на британските медиуми бидејќи во Македонија користи евтина работна сила за производство на нејзината најнова линија на луксузна облека Фабрика во Македонија шие облека за сопругата на поранешниот премиер на Велика Британија, Дејвид Камерон, објави британскиот магазин „Дејли мејл“. Дизајнерката, Саманта Камерон, ја одбрала токму Македонија како земја каде ќе се произведува нејзината најнова модна линија „Цефин“ (Ceffin). „Дејли мејл“ пишува дека само една блуза со етикета од овој бренд на британскиот пазар ќе се продава по цена од 110 фунти. Новинарите немаат информации колку се платени македонските работнички, но потсетуваат дека во август…
Ако компирите кои ги чувате дома проникнат, подобро е веднаш да ги фрлите. Проникнатите компири можат да предизвикаат силна реакција опасна по здравјето. Компирите оставени на дневна светлина не само што проникнуваат, туку и позеленуваат. Во нив се насобира многу силен отров познат како соланин. Во големи дози соланинот ги разградува црвените крвни клетки и делува лошо на централниот нервен систем. Кога во човечкиот организам ќе се најде соланин, предизвикува дехидрација, треска, мачнина и грчеви. Кај организми со послаб имунитет може да се стигне и до фатален крај. Многу луѓе мислат дека ако ги сварат или испечат компирите, тоа ќе…
14 февруари 2017 ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 февруари. Денеска е Св. маченик Трифун. Се родил околу 225 година во селото Комсада, во римската малоазиска провинција Фригија. Родителите му биле христијани, а така и го воспитале, така што уште од мал имал голема љубов кон Бога. Кога во 249 година на римскиот престол дошол Декиј Трајан, за христијаните почнал еден од најлутите прогони во последните три века. Славата за доблесниот живот и чудата што ги правел свети Трифун дошла и до тогашниот управник на источните римски земји Аквилијан. Тој под стража го…
Водителите на Утринската програма на ТВ Пинк Срѓан и Јована и адвокатот кој беше гостин останале зачудени кога им се јави гледачка која во раното детство била жртва на инцест. -Братот ми силуваше кога бев малечка, имав само 6 години. Денеска имам 36 години и уште живеам со тоа. Тоа ми го упропасти животот, раскажа таа во емисијата во живо. Гледачката обелодени уште еден неверојатен факт, а тоа е дека родителите знаеле за чинот цело време. -Тие знаеја се, но молчеа. Сакаа да го заштитат. Јас бев дете и не знаев што да правам. Родителите денеска ми се починати, а…
