Author: G B R
Истрагата пронашла траги на насилство врз телото на 26-годишното момче од Кочани. За какви повреди се работи и од што истите се нанесени, се уште се утврдува. Официјални и конкретни податоци нема ниту од полицијата ниту од јавното обвинителство. Обвинителството се огласи само со штуро соопштение во кое стои: „… На телото беа најдени видливи траги на насилство. Обвинителството за вршењето на увидот повика форензичка екипа од Министерството за внатрешни работи од Скопје. Во насока на утврдување на причините за смртта кај момчето, Основното јавно обвинителство Кочани издаде Наредба за вршење на обдукција на телото на починатиот, наредби за прибирање…
Одговара Магдалена Лембовска од граѓанската организација Аналитика:
Дванаесетегодишен ученик вчера се повредил при обид да влезе преку прозорец, на висина од два метра, во училница на првиот кат на ОУ „Петар Здравковски-Пенко“ во Скопје, соопшти полицијата. Во ОУ „Петар Здравковски-Пенко“, вчера околу 12:20 часот, по завршување на часовите, дванаесетгодишен ученик се обидел преку прозорец, на висина од два метри, да влезе во училница на првиот кат. Тој се фатил за завесата на прозорецот, која се скинала, и паднал на плочникот. Ученикот со возило на Итната медицинска помош било пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани телесни повреди и било задржано на понатамошно следење на…
Денеска во кругот на Јавното претпријатие ,,Камена Река”, во 12:00 часот, беа извлечени среќните добитници во наградната игра за сите оние корисници кои редовно си ја плаќаат комуналната такса. Најсреќни овој пат беа следниве корисници: Прва награда -ТЕЛЕВИЗОР, добитник ДИМИТРОВСКИ ГРОЗДАН Втора награда – ШЕСТМЕСЕЧНА ПРЕТПЛАТА, добитник МИТЕВСКИ ГОРАН Трета награда- ВОДОМЕР добитник ПЕТРОВ МАЛИШ
Овој викенд се игра вториот турнир во Лигата на Академијата Металург, најсилното детско ракометно натпреварување во Македонија, низ кое во изминатите години минаа најголемиот број на сегашни пионерски, кадетски, младински, па и дел од сениорски репрезентативци на нашата земја, во машка и во женска конкуренција. Оваа сезона децата се натпреваруваат во три старосни категории, во машка и во женска конкуренција: 2002/3, 2004/5 и 2006 и помали. По првиот турнир, што го организираше Делчево, в недела се игра вториот, во организација на нашата школа во Македонска Каменица. На турнирот ќе учествуваат екипи од нашите школи во Македонска Каменица, Делчево, Виница, Кочани,…
Мехмед Четврти до запорошките Козаци: Јас, султанот, синот Мехмедов, брат на сонцето, внук и пратеник на Бога, владетел на Македонија (sic!), Вавилон, Горен и Долен Египет, цар на царевите, владетел над владетелите, непобедливиот витез, чувар на гробот на Исус Христос, повереник одбран лично од Бога, надеж и утеха на муслиманите, заштитник и бранител на христијанството – ви наредувам, Козаци од Запорожје, да се предадете доброволно и без отпор и немојте веќе да ми досаѓате со вашите напади. Козаците од Запорожје до Мехмед Четврти: Турска сатано, брату и другар на црниот ѓавол, помагачу на самиот Луцифер, поздрав. Кој ѓавол си ти…
Студентите по медицина на штипскиот универзитет Даниела и Севда во здравственото советувалиште во просториите на НВО КХАМ ја пречекаа 78-годишната Малика која дојде прв пат во советувалиштето за да направи превентивен преглед. Ми земаа крв, ми го измерија притисокот, да видат како е. Имам здравствени проблеми, не можам ни да зборувам, изјави Малика Зекирова. Даниел е од Куманово и е 5-та година на Факултетот по медицина, додека Севда која е од Делчево, студира во прва година. Во советовалиштето тие ќе вршат превентивни прегледи и ќе даваат совети под надзор на искусен лекар. За мене ова е огромно искуство затоа што…
Сите знаеме дека витаминот Ц е добар за здравјето и метаболизмот. Но, ако сакате кожата да ви блеска и изгледа помладо, немојте да заборавите да го вклучите во својот секојдневен третман за убавина. Многу козметички кучи веќе со години лансираат производи за нега на кожата со овој витамин, и тоа со целосно право, бидејќи токму тој неверојатно влијае на кожата. Креми и серуми со витамин Ц делуваат како антиоксиданси, а покрај тоа: -Штитат од временските влијанија -ги осветлуваат темните дамки на кожата -го смируваат црвенилото -тие се одлично оружје во борба против мозолчиња. Внимание: Витамин Ц не одговара на сите,…
Европскиот парламент ја усвои резолуцијата за Албанија во која се потврдуваат правата на бугарското население во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора. Оваа резолуција е донесена по предлог на бугарските европратеници, Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски. Во текстот на резолуцијата се потврдуваат правата на бугарското население во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора и се препорачува тие да бидат вклучени во законодавството на земјата и да бидат гарантирани во практика, јави бугарската новинска агенција Фокус. „ЕП забележува дека се потребни дополнителни напори за заштита на правата на сите малцинства во Албанија, преку целосна имплементација на релевантното законодавство и препорачува заштита…
Трагедија денес го потресува Кочани и регионот. Момче на возраст помеѓу 25 и 30 години е пронајдено мртво во зграда во Кочани, во блиизна на Градскиот трговски центар. Според првичните информации, телото е најдено во подрумските простории, рано утринава. На местото има невообичаено голем број на полиција и обезбедување. На новинарските екипи не им се дозволува пристап, а детални информации за трагедијата, засега нема ниту од СВР- Штип.
