Author: G B R
Во Македонија освен што се памети по св.Трифун и Денот на вљубените, овој месец се памети и по манифестацијата на која речиси сите би сакале да присуствуваат, макар еднаш – некои за да видат како е, некои за да ги видат другите, други пак, за да бидат видени, за престиж, а некои за да се насмеат. Не е случајна и онаа на Сашко Коцев: „Глеј си туѓа работа“. Посебно се очекуваше оваа, 20-тата, поради одбележувањето на јубилејот, а помина повторно во знакот на актуелните случувања изминатата година во нашето општество, но и во знакот на музиката, носталгијата, емоциите и мотото:…
Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Во светот денес се зборуваат околу шест илјади јазици, а на половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот. Околу 200 земји се наоѓаат пред предизвикот да ги сочуваат „малите” јазици и да се погрижат тие да се употребуваат заедно со светските јазици, Според статистиката, во последните три века има изумирање или драматично намалување на бројот на јазици, особено…
На Истокот се одигра вториот турнир во Лигата на Металург. Домаќин на турнирот беше Астра Спорт од Македонска Каменица, а учествуваа 13 екипи од Делчево, Македонска Каменица, Кочани, Виница, Кратово, Кавадарци и Берово. Машките се натпреваруваа во генерации 2002/3 и 2004/5, а женските во генерација 2002/3. Турнирот се одржа во салата на ООУ “Кирил и Методиј“, а видовме шест возбудливи и воглавно рамноправни средби, после кои беа задоволни и победниците и поразените. “Организиравме одличен турнир и навистина сум задоволна што се беше во најдобар ред, иако не не послужи времето. Натпреварувањето во системот на Металург е мошне значајно за нашиот…
Со недостаток на специјалисти, но и технички кадар, се соочува кочанската Општа болница. Најалармантна е состојбата на нервно, интерно и анестезиологија. Во моментот на специјализација се испратени неколку лекари, кои за три до четири години треба се вратат како стручен кадар. – Во меѓувреме, следејќи ја старосната граница на постоечкиот персонал, добар дел од специјалистите ќе заминат во пензија, со што повторно ќе се јави недостаток од високо-стручен медицински кадар – објасни Оливера Цимбалевиќ – директор на Општа Болница – Кочани. Недостатокот од специјалисти е хроничен проблем со кој се соочуват сите здравствени институции во државата. Во штипската болница дел…
Вчера во 07.30 часот во СВР Штип, полициски службеник од СВР Штип пријавил кривично дело ,,спречување службено лице во вршење службено дејствие“ сторено од страна на петнаесетгодишен малолетник од Штип. Имено, истиот појаснил дека околу 03.30 часот заедно со друг полициски службеник И.А. биле на службена задача и во еден момент го забележале пријавеното лице со уште едно лице во обид да сторат кривично дело. Кога им се доближиле, малолетикот го турнал полицискиот службеник, кој изгубил рамнотежа, паднал и удрил со главата во металната ограда. Во тој момент двте лица успеале да побегнат. Полицискиот службеник бил однесен во Клиничка болница…
Без некои поголеми промени на цената на горивата во малопродажба се очекува утрешниот состанок на Регулаторната комисија за енергетика. Според состојбата на светските пазари, вистинско изненадување ќе биде ако горивата се придвижат за половина денар во нагорна или надолна линија. Просечната цена на нафтата врз основа на која реулаторот ги формираше цените пред две недели е идентична со она која во петокот беше актуелна на светските берзи. Во моментов ЕУРОСУПЕР БС 95 се точи за 66,5 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 за 68,5 денари по литар, а дизелот еден литар чини 53 денари.
Консумирајте ги почесто и полесно ќе изгубите вишок килограми Не е тешка задача да придвижиме нашиот метаболизам – но не е и голема обврска. На пример, додавање на било која од овие шест храни во вашата дневна исхрана. Толку едноставен начин да се придвижите вашиот организам. Лути пиперчиња Состојката капсаицин, која им го дава вкусот на лутите пиперчиња веќе подолго време се поврзува со забрзувањето на метаболизмот и намалување на желба за јадење. Интегрални житарки Тие ви нудат еден куп на диетални влакна и сложени јаглени хидрати, кои помагаат во забрзување на метаболизмот. Бидете сигурни тие да бидат вистински интегрални…
Фото: Драган Костовски Денес е понеделник, 20 февруари 2017 година, 51-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:17, а ќе зајде во 17:17 часот. Денот ќе трае 11 часа и 00 минути. Во утринските часови имаме умерено облачно време, а во регионите источно од текот на Вардар се до крајните источни предели претежно сончево и постудено време. Во крајните источни и крајните западни предели како и на планинските превои има појава на погуста магла. МАКЕДОНИЈА – Во Македонија по посвежото и понекаде магловито утро, во претпладневните часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а во источните и југоисточните предели…
Домашната РК “АСТРА-СПОРТ” – Македонска Каменица на денешниот мини-лига турнир во организација на РК Металург ги постигна следниве резултати по категории: Во женска категорија АСТРА СПОРТ ја совлада екипата на РК Младинец-Кочани со високи 14:3 Против екипата на РК Тиквеш во категорија на 2003/4 РК Астра-Спорт (машки) одигра со конечни 18:22. А екипата на РК Астра-Спорт (машки) беше поуспешна во вториот дуел против РК Тиквеш, но овојпат во категоријата 2004/5 и тоа со резултат 12:8 Целокупниот-детален извештај од турнирот кој помина во одлична организација на РК “Астра-Спорт” и РК Металург во спортската сала во Македонска Каменица е во изработка и…
Градски стадион – Македонска Каменица 19. Февруари 2017г. Со убедливи 5:1 за домаќините заврши последниот контролен натпревар помеѓу екипите на ФК Каменица – САСА и ФК Слога од Виница. На влажен и тежок терен за игра домаќините не ја испуштија можноста да доминираат во текот на целиот натпевар, како резултатски така и со прикажаното на теренот. Резултатот го отворија виничани, но со гол во сопствената мрежа, па така со голот на Оли Христов во триесетата минута ФК Каменица – САСА веќе имаше водство 2:0. Со истиот резултат се замина на полувреме, а во средината на второто полувреме гостите преку пенал…
