Author: G B R
Во текот на ноќта и утре нашето подрачје ќе биде под влијание на влажен и постуден бран кој ќе предизвика врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во северозападните делови (15л/м2). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, а во текот на денот ќе го смени правецот во северен. Дневната температура ќе опадне и ќе се движи во интервал од 8 до 14 степени. Во Скопје утре ќе биде облачно и посвежо, со повремени од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура…
Според истражувањата кои деновиве беа објавени во бугарските медиуми, властите во земјата им дале бугарско државјанство на 114 лица кои се барани од страна на Интерпол. Истрагата на телевизијата БНТ ги следи каналите по кои лицата кои се декларираат како Бугари добиваат документи и на тој начин ја избегнуваат правдата во своите земји. Уште во 2014-та година проверките на бугарското врховно административно обвинителство утврдиле нарушувања во Државната агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ), од каде биле издавани документи за бугарско државјанство без сертификати, а преку кои се докажува дека тие се Бугари. За време на истрагата биле пронајдени фалсификувани документи,…
Некои институции не се доволно запознаени со улогата на науката, физиката и физичарите во општеството. Други ги игнорираат поради погрешни перцепции, лични фрустрации, прилична апстрактност и комплексност на содржините и предметот на изучување или истражување во физиката. Затоа, подршката подразбира прво запознавање со физичарите и нивната работа Како се третира физиката како наука во севкупното македонско општество? Што се случува во основно и средното образование, каков е односот кон восокообразовните институции, може ли подобро? Кои се основните проблеми со кои се соочуваат физичарите во Македонија? На оваа тема зборуваме со доц. д-р Боце Митревски, претседател на Друштвото на физичари на…
Сигурно сте се нашле во ситуација кога не сте ја отвориле пораката на Фејсбук само за тој што ви ја пишал да не забележи дека сте ја прочитале. За среќа, постои решение и за овој „проблем“. Програмерите создадоа додаток за Chrome кој се нарекува „Facebook Unseen“ и кој можете да го преземите и да го решите проблемот во само неколку чекори. 1. Преземете го додатокот „Facebook Unseen“. 2. Вклучете го. 3. Наместете ја опцијата онака како што ви одговара. После ова можете слободно да ги читате пораките без чувство на непријатност што не сте одговориле истиот момент.
Наркозависник од Штип, преку полициски мегафон барал дрога. Станува збор за мегафон инсталиран во просторијата за задржување на приведени лица во Штип. Преку него, наркозависникот на возраст од 20 години, се јавил во дежурната служба и пријавил дека поради потреба за наркотични средства ќе го искрши стаклото од прозорот за осветлување во просторијата, по што за кратко заканата и ја исполнил. Поголеми последици спречиле полицајците кои приведениот го смириле. Инаку, во полиција, наркозависникот завршил, откако е идентификуван како одговорен за 13 кражби направени во Штип: Од куќи, викандици и дуќани, со разбивање на вратите и прозорците украдени се многу предмети,…
Четриест и деветгодишен гостиварец е повреден откако експлодирала плинска боца на балконот од станот во кој живеел. Повредениот со изгореници е прфрлен на скопските клиники на лекување. Според првичните сознанија од увидот , во стан на улицата „Илинденска“ во Гостивар, од сé уште не познати причини, дошло до ескплозија на плинска боца. При тоа гостиварецот В.И. (49) се здобил со повреди и бил пренесен во гостиварската болница од каде е препретане на скопските клиники. Експлозијата опожарила и дел од станот, а огнот со интервенција на противпожарната екипа набрзо бил локализиран и било спречено опожарување на внатрешноста.
Веруваме дека една од „најболните“ точки на жителите на градот Скопје се таканаречените провинцијалци што живеат и работат во нашата метропола. Телеграф.мк направи анкета во центарот на градот и на случајните минувачи им го постави прашањето: Дали ви пречат провинцијалците во нашата метропола? https://youtu.be/s_UhumZJWr8
Пред само месец ЧЕЗ ја загуби лиценцата и во Албанија. Во денешната изјава премиерот Борисов посочи дека не планира да даде оставка, но ја остави отворена можноста за предвремени избори ако продолжат протестите. Истовремено тој најави и поевтинување на струјата за 8%. Оваа фотографија ја споделуваат бугарските корисници на фејсбук на која се гледаат два опожарени автомобили на компанијата за струја. Според информациите возилата биле опожарени вчера во Пловдив.
Натпреварот меѓу Шалке 04 и ПАОК, повторно во центарот на вниманието. Откако навивачите на ПАОК на првиот натпревар кој се играше во Солун извадија транспарент на кој пишуваше: „Македонија е една и таа е тука“, браќата на „Комити“ возвратија на политичката провокација. На реваншот натпреварот кој вечерва се игра во Гелзенкирхен, може да се забележи големо македонско знаме во првиот ред, како и голем број помали знамиња низ трибината. На првиот натпревар германскиот тим славеше со 0-3, а вториот дуел заврши 1-1, резултатот кој го носи Шалке 04 во осминафиналето.
Фризер од Кочани е новиот милионер на Истокот. Него, на игрите на среќа „го удрија“ речиси 30.000 евра, односно точно 1,7 милиони денари. За среќата, кочанецот не сакаше јавно да зборува, но сепак откри дека добивката, најверојатно ќе ја инвестира за нов стан или за исполнување на неговата дамнешна желба, да почне нешто да работи и да живее во Италија покрај море. Инаку, станува збор за редовен играч на игри на среќа, но ненадејниото богатство го изненадило и него. Од почетокот на годинава, ова е трет милион кој се паѓа во источниот регион. Претходно на него се радуваа виничанец и…
