Author: G B R

Возљубени мои, Денес на Прочка потребно е просто и едноставно да научиме да го употребуваме зборот “Прости”. Најпрвин формално само со јазик, но подоцна ќе забележите дека и вашите срца вистински ќе го прифатат овој збор преку чувството на покајание. Преку неговата честа употреба ќе почне да се менуваат нашите животи, бидејќи со смелост и без осуда ќе можеме да се молиме на Отецот наш небесен преку молитвата “Оче наш” каде што бараме прошка на нашите гревови како што и ние им проштеваме на оние кои што ни згрешиле нам. А ако не даваме прошка, ќе ја добиеме ли од…

ПОВЕЌЕ ...

Одбележување на 13-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски Во Македонија денеска ќе бидат одбележани 13 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар. Во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани. Годишнината од смртта на претседателот Трајковски ќе биде одбележана и пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Во авионска несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски…

ПОВЕЌЕ ...

26 февруари 2017 ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 февруари. Денеска е Преподобен Мартинијан (Велики Поклади – Прочка). Мартинијан бил родум од Палестинска Кесарија (Цезареја). На 18-годишна возраст го оставил светот и се повлекол на една планина во Кападокија, каде се подвизувал цели 25 години. После тоа тргнал да ги обиколува населените места, проповедајќи го Христа и поучувајќи го народот, но без да се задржува долго во нив. За две години тој обиколил 164 места, а најпосле стигнал во Атина, каде што се упокоил во 422 година.

ПОВЕЌЕ ...

Музичарите од Истоков ќе се соберат на традиционалната музичка вечер која годинава за првпат, ќе се одржи во Делчево. Домаќините, Национал бенд , велат дека се е подготвено за 6-то издание и дружбата на музичарите која ќе се случи на 28 февруари.Во Делчево се очекуваат над 150 музичари. Да се видиме, да се подружиме, да размениме заедничко искуство, а очекуваме колеги од Струмица, Штип, Берово, Македонска Каменица и др, кажа Злате Јовановски од Национал бенд. Национал бенд постои 6 години и е најмлада музичка група во Делчево.За овие момчиња е предизвик да се одржат во професијата, каде печат оставиле многу…

ПОВЕЌЕ ...

Ветеранот од Втората светска војна, 99-годишниот Орвил Роџерс, го победи на USATF Master Indoor неколку години помладиот тркач, 92-годишниот Диксон Хемфил. Роџерс изјави дека победата на Диксон успеал да ја обезбеди така што за време на трката постојано си ја визуелизирал победата во својата глава. Објасни дека тоа е неговата техника на стимулација. „Тренирав напорно и ја визуелизирав победата. Тоа е доста корисно, бидејќи ме насочува да ја остварам целта кон која сум се насочил“, вели тој. Хемфил исто така е оптимист и вели дека смета оти може да го победи Роџерс доколку вежба доволно. „Знам дека можам подобро. Постојат…

ПОВЕЌЕ ...

Алармантни податоци. Загрижувачки се намалува старосната граница на пушачи. Меѓу зависниците од никотин има и деца од 10 години, покажуваат анкетите на СВР – Штип: Анкетите покажаа дека децата активно пушат уште во седмо одделение, додека деца од дисфункционални семејства , се активни пушачи уште од петто одделение, изјави Ангелчо Стојановски, началник на Отсек за превенција при СВР – Штип. Токму поради ова, полицијата влезе во училиштата за на децата да им помогне да се држат настрана од цигарите: Целта е да им укажеме на децата од штетноста од овие појави и да ја превенираме нивната употреба, кажа Стојановски. Во…

ПОВЕЌЕ ...

Ракот веќе одамна не е само болест, но се претвори во една од најпрофитабилните бизнис индустрии – тоа сите го знаеме! Фармацевтските корпорации, болниците, трговците, докторите ширум светот, прават милијарди од чуматаa на 21 век. И се додека до средината на 20 век, ракот беше исклучок, сега стана едвај не правило. Пред 20-тина години, со многу тенок буџет, но со огромен ентузијазам, неколку кубански доктори и микробиолози почнуваат истражувања во оваа област, целта е не да се прават пари, а да се најде ефикасно решение против страшната дијагноза. Резултатот е првата во светот вакцина против рак на белите дробови –…

ПОВЕЌЕ ...

Утре, недела започнува пролетниот дел од првенството во Третата Фудбалска Лига – Исток. На програмата е 16-тото коло во кое “Каменица-САСА” ја пречекува екипата на “Василево”. Каменичани очекуваат рутинска победа во овој натпревар, добра игра во континуитет и нови бодови погребни за влаз во повисокиот ранг на натпреварување – Втора македонска фудбалска лига. Во екипата на ФК “Каменица-САСА” добрата организациска поставеност, новите засилувања во тимот и високата мотивираност на играчите се основата врз која стручниот штаб и тимот веруваат во својата зацртана цел уште од пред почетокот на есенскиот дел, а тоа е настап во повисок ранг на натпреварување во…

ПОВЕЌЕ ...

24-годишно момче, утринава, дома, пронајдено избодено со нож. Со сериозни рани во пределот на стомакот и обилно крварење, момчето во несвесна состојба , итно е пренесено на клиниките во Скопје на понатамошно лекување, а неговата состојба се оценува како загрижувачка. Полицијата го потврдува случајот, но не дава поконкретни податоци за причините за повредите, односно дали тие се направени од туѓа или од своја рака. Според информации на ТВ Стар, најверојатно, се работи з алице кое е наркозависник, па не е исклучено во прашање да е самоповредување поради апстиненцијална криза. Сепак, ова допрва треба да го утврди полициската истрага , каде…

ПОВЕЌЕ ...