Author: G B R
Не е лесно да се биде жена, но уште потешко е да се биде независна, борбена и амбициозна жена што знае што сака во животот и како истото да го добие. Таа нема потреба да се потпре на никој бидејќи верува во своите способности и знае дека може да успее и самата. Ова се добри карактеристики што секој би ги посакал, се согласувате? Тогаш што е тоа што ги прави независните жени посебни и на кој начин оваа карактеристика им носи лоша репутација кај луѓето околу нив? 1. Тие не бараат дозвола. Вие едноставно не сте им потребни за да…
Во меѓусебна пресметка со гимназијалките од Свети Николе, женскиот тим на СОУ “Миле Јаневски – Џингар” обезбеди учество на државно првенство. Во израмнета борба на крајот со шест бодови разлика беа поуспешни од домаќините на турнирот со 74:68. На државното првенство силите ќе ги вкрастат со своите врснички од гимназиите во Битола, Кавадарци, Пробиштип и Скопје.
-Мамо те молам не си оди, поседи со мене уште малку – биле зборовите на шест годишната Моника, кои што при секоја средба во домот за деца ,,11Октомври’’ во Скопје и ги кажувала на својата мајка Драгица. Освен Моника, во домот е сместен и Христијан, нејзниот четиринаесет годишнен син, но тој сакајќи да покаже дека е силен и доволно возрасен, ги криел солзите и емоциите при разделбите. До Драгица Јованова, четириестидве годишна мајка од Кратово дојдовме лесно. Нејзиниот оглас кој што веќе со месеци се објавува секојдневно во еден дневен весник е тешко да не се забележи. ,,Самохрана мајка…
Борбата на векот e се поблиску до остварување. Фло комбат известува дека нивните извори потврдиле дека Т-Мобиле арена во Лас Вегас е резервирани за 10 јуни за потенцијалниот бокс меч помеѓу Флојд Мејведер Јуниор и Конор Мек Грегор. Ова никако не значи дека супер-борбата на двата спорта официјално е потврдена и дека навистина ќе ја гледаме, но дефинитивно е чекор напред во тој правец. Веста дојде откако Мејведер изјави дека поради Мек Грегор и официјално повеќе не е во пензија.
Денес е вторник, 14 март 2017 година, 73-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:43, а ќе зајде во 17:42 часот. Денот ќе трае 11 часа и 59 минути. Во утринските часови имаме претежно облачно и малку потопло време во однос на вчерашните температури. Во крајните западни како и понекаде во источните предели имаме и повремени сончеви периоди. МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес не очекува умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од -3 до 6 степени, додека пак максималните…
Сѐ повеќе разводи во Делчево. Само во првите два месеци од годинава, осум брачни парови судски ставиле крај на брачната заедница, додека во последниве три години, според информацијата од Основниот суд во Делчево, официјално се раскинати 120 бракови. Во перидот од 2014 до денеска, само во еден случај е спасен бракот, односно тужбата е повлечена. Најчесто развод побаруваат мажите и тоа во 67 случаи, а жените поднеле тужба во 61 случај и најчесто с е разведуваат млади брачни парови на возраст од 30 години. Зад оваа статистика се кријат нарушени меѓучовечки односи во брачната заедница, напуштање на брачната заедница повеќе…
Македонската репрезентација во футсал од 24. до 26. март во Велес ќе биде домаќин на силен интернационален турнир, во рамките на подготовките за квалификацискиот турнир кој од 4. април не очекува во Казахстан. На турнирот во Велес, покрај Македонија ќе партиципираат и селекциите на Хрватска, Азербејџан и Унгарија, од која се уште се очекува дефинитивната потврда. Селекторот на Македонија, Иван Божовиќ до 21. март се очекува да го соопшти списокот на репрезентативци за престојниот турнир, а собирот на националниот тим е закажан за 23. март. Македонија од 4. до 12. април ја очекуваат квалификациите за ЕП во Казахстан. Во Групата…
До редакцијата на повеќето медиуми во државава пристигна мејл во кој се вели дека поради дефект на амбулантно возило денес две лица починале на пат за скопскиот ургентен центар. “Два пациенти од Крива Паланка, денес се пратени со возило на брза помош од Крива Паланка за Скопје. По пат комбето останало дефект, додека се чекало да се отстрани дефектот на скопската патарина и двајцата пациенти умираат и не успеваат да стасаат до Ургентен центар во Скопје. Жално, ама тоа е реалноста за македонското здравство”, се вели во мејлот.
На 86-годишна возраст во Скопје, почина доајенката на македонската народна музика Вања Лазарова – Димитрова. Лазарова беше родена на 27 април 1930 во с. Страцин, Кратовско. Извесно време работеше во Операта при МНТ, а била членка и на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“. Има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ. Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета II и премиерот Винстон Черчил. Посебен придонес има во соработката со групата „Анастасија“ при создавањето на музиката за…
Унгарската нискобуџетна авиокомпанија Wizz Air најави нова линија од Софија до Братислава. Летовите ќе се спроведуваат четири пати неделно, првиот ќе биде спроведен на 30 јуни оваа година. Компанијата најави цена од 2.99 евра за најновата линија, како и за други од најпопуларните правци за да го стимулира воздушниот сообраќај и да отвори повеќе можности од Бугарија. Цената на билетот е во еден правец со вклучени сите даноци и задолжителни такси. „Тоа не е печатна грешка и оваа цена нема да важи само за линијата до Братислава, а ќе се применува до неколку линии од Софија“, објави Тамара Валонија, директор…
