Author: G B R

Со завршувањето на зимата и изминување на рокот од 15 март, до кога е задолжително да имате зимска опрема, или зимски гуми, и подготовката за летниот период, треба да се сменат и гумите на возилото (доколку имате зимски гуми). Но, што да се прави со нив? Една од можностите е да ги оставите кај некој од продавачите што имаа складишта за чување. Многумина возачи незнаат како вистински треба да се чуваат заменетите пневматици. До следната есен, тие треба да отседат во гаража или подрум, а потоа повторно да бидат монтирани. Но, како навистина треба да се складираат и одржуваат гумите,…

ПОВЕЌЕ ...

КМФ Рудник-САСА со вчерашната убедлива победа од 10:2 против трето пласираната СЕЕУ-Тетово полека но сигурно го обезбедува опстанокот на прволигашката табела. Пред полна сала во Македонска Каменица, со ефективна игра во нападот и сигурна и цврста игра во одбраната каменичани покажаа дека заслужуваат да бидат дел од прволигашката футсал сцена. Ова е нивна втора убедлива победа по ред, бидејќи во претходното коло од пролетниот дел на првенството на гостински терен беа поуспешни од екипата на Цико од Стојаково со високи 2:8

ПОВЕЌЕ ...

Секогаш те само една утакмица “заебува” (најчесто последната). Знаеш на памет колку е 1,75х2,25х1,90 Мислиш се дали да јадеш барем една баничка или да уплатиш уште едно лифче на триесе. Кога фанеш лифче сите по чаршијата те разберат ( дури и тие што им дужиш). Кога веќе месец дена не можеш да фанеш лифче почнуваш цело време у муабето да повтараш “ногу ги местат бе, како у лифчето да ми гледаа мме”. Парите што ги имаш у тебе ги рачунаш у лифчиња, како пензионерите у леб. Ако те “заебе” првата трчиш одма да направиш поправно лифче. У кладилницата уплаќаш само кај…

ПОВЕЌЕ ...

Жените и децата во Јужен Судан наводно ги колат војници кои користат ножеви за да ги заштедат куршумите, пренесува Индипендент. Бруталниот конфилкт кој ОН го нарекува етничко чистење предизвика и глад која им се заканува на милиони жители. Една жена, која успеала да избега од земјата, ја раскажала својата приказна на организацијата за правата на децата „Да ги спасиме децата“ (Save the Children). Таа гледала како војници ѝ ја убиваат најдобрата пријателка и нејзините деца, вклучувајќи и тримесечно бебе. „Ве грабнуваат од дома и ви го сечат грлото. Малите деца ги прободуваат и тие умираат подоцна. Гледав како врзуваат мали…

ПОВЕЌЕ ...

Секој петти Македонец е во голем ризик од сиромаштија. Ова се поразителните податоци кои денес ги објави агенцијата Евростат, анализирајќи ги процентот на сиромаштија и нееднаквост на приходите. Според нив, 21,5 % од населението речиси и да немаат ни за леб. Овој процент на Истокот е многу поголем, каде водечка стопанска гранка се кожарската и текстилната индустрија , кои се со најмали просечни плати од одвај 12.000 денари. Дополнително, околу 20 % од населението се невработени, а околу три отсто се корисници на социјална помош. Ова во пракса  се рефлактира во сé поголемите редови пред народните кујни, односно во се…

ПОВЕЌЕ ...

Според голем број на испитувања, постои силна поврзаност помеѓу физичката активност и зголемениот ризик од некои заболувања. Резултатите покажуваат дека мора да се движиме многу повеќе во однос на сегашните препораки. Не е изненадување дека активниот животен стил може да обезбеди заштита од различни здравствени проблеми. Но, колку и каков тип на физичка активност е најдобра е сеуште предмет на несогласување. Анализата на резултатите од 174 истражувања кои ја обработувале поврзаноста на физичката активност со барем едно хронично заболување (рак на дојка, дијабет, срцеви заболувања и мозочен удар), покажала дека луѓето кои имале најмногу физичка активност во текот на…

ПОВЕЌЕ ...

Некои училишта носат правилници за користење на мобилните, но правилата лесно се кршат, покажува искуството Им требаат ли мобилни телефони на децата во основните училишта? Во ред ли е дете од второ одделение во едната рака да држи ужинка, а со другата да го мавта телефонот? Училиштата се тие што треба да ги постават правилата на игра, но колку се доследни? Овие и други прашања се обидува да одговори малото истражување на fakulteti.mk низ неколку основни и средни училишта во земјава, но и да направи споредба како оваа проблематика е решена во други земји. Телефоните се неопходност на денешницата, но…

ПОВЕЌЕ ...

47-годишен кочанец ќе одговара за насилство, откако, нервите му попуштиле па најнапред вербално, а потоа и физички нападнал адвокат. Инцидентот се случил во адвокатската канцеларија на оштетениот, а сведоци на настанот се четворица други странки.

ПОВЕЌЕ ...

Трагедија ќе се случила викендов на Клиниката за детски болести, доколку семејството на време не ги донело три годишното и петгодишното дете кои биле под дејство на големо количество на седативи. Според разговорите со полицијата и социјалните работници труењето го направила нивната мајка, пренесува Канал 5. Горчливиот вкус на течноста од чашата предизвикало плачење кај пет годишното дете и почнало да се жали на болки во стомакот, додека три годишното дете било поспано. По овие симптоми кај двете деца семејството веднаш  ги однеле на Клиниката за детски болести. По направените крвни анализи било констатирано дека децата имаат седативи и други…

ПОВЕЌЕ ...

Да се биде самохран родител, значи да се соочувате со многу предизвици. Самохраните мајки од секој мрак прават светлина, од секоја солза насмевка. Овој пат, солзите на четиринаесет годишниот Христијан и шест годишната Моника во насмевка ги претвори популарниот некогашен шоумен Бојан Јовановски познат како Боки 13. По сторијата на Фокус, за самохраната мајка Драгица од Кратово, познатиот водител и шоумен Бојан Јовановски на својот профил на фејсбук вети дека тој лично уште утре ќе ја контактира Драгица  и ќе ја превземе одговорноста за живеалиште и обезбедување на услови за живот за неа и нејзините деца, што подразбира и…

ПОВЕЌЕ ...