Author: G B R
Како последица на намалувањето на цената на нафтата на светските берзи, поевтинија и горивата кај нас – процентот не е пропорционален и во просек изнесува 5,40% на рафинериските и 3,78% на малопродажните цени, но затоа апсолутниот износ е ист – 2 денари за литар помалку. До овој износ регулаторите од комисијата за енергетика на Република Македонија на денешната седница дојдоа откако според формулата наречена „Методологијата пропишана со Анекс Д од Договорот за купопродажба на акции и за концесија на Рафинерија АД Окта – Скопје, потпишан меѓу владата на Република Македонија и акционерското друштво ЕЛ.П.Е.Т. – Балканике како стратешки инвеститор“ ги…
Конечни резултати од 19 коло на Трета фудбалска лига: Пласман по завршувањето на 19 коло: ФК Каменица-САСА во наредните две кола е слободна на распоредот од Третатта Фудбалска лига.
ФК Каменица-САСА продолжува со добрата игра. Денес на гостински терен против ФК “Здравје-Радово” од Струмица каменичани извојуваа висока победа од 1:4. Стрелци на головите за ФК Каменица-САСА беа Жан Манов и Зоран Златковски со по еден постигнат гол, а Ангел Атанасовски беше стрелец на два гола во текот на второто полувреме. ФК Каменица-САСА останува на третто место од табелата после секое одиграно коло е чекор поблиску до влез во Втората фудбалска лига.
Виничанец е дел од најпопуларното новинарско шоу во соседна Бугарија „Господари на етерот“. Станува збор за шоу кое се емитува веќе 14 сезони и е карактеристично по тоа што ги лови најголењмите новинарски гафови, но и раскажува приказни од реалниот живот: Во Бугарија новинарите станаа само репортери, се случило нешто и го пренесуваат, додека новинарската работа е да бараш, да најдеш некој проблем и да го кажеш. Нашата емисија точно тоа го прави, работи на сигнали од луѓето и ги прикажува на телевизија. И луѓето веруваат во тоа. Тоа се проблеми кои државата не може или не сака да ги…
Ова е сет од краткометражниот филм „Коливо“ кој го отсликува секојдневието на Дана чиј живот одеднаш се разоткрива, кога на традиционалното коливо ќе се појави нејзиниот поранешен љубовник Марко. Филмот се снимаше во делчевското село Град по сценарио и режија на Андреј Илиевски-Волкашин кој е по потеко од Град. Пред една година кога требаше да одам за Шпанија, баба ми рече дека мора детето да го испратиме со коливо, да заколиме свинче, таков е адетот, и тогаш се собираат сите и е еден вид празник. Па тоа го искористив за заднина за филмот каде се обработува тема од секојдневието, изјави…
У воз. Возат се у исто купе една убава млада невеста, стара баба, Македонец и еден Грк. Возат се и штама. Никој со никој не прави муабет…само се мрко гледаа. Улази возо у првио тунел, темно у купето и ка си е тишина одеднаш се слуша силен шамар (шплаааас)…и па штама у купето. Поминуваа тунело, погледнуваа се еден-друг и гледаа оти на Грко образо му жар црвен. Бабата го гледа и си вика: Грко у темното е фанал по таа невеста за газо у темното и она го е плеснала. Невестата и она го гледа и си рекла: Овај Грко…
https://youtu.be/mOr8WNwnvYc
15 тони луцерка изгореа во пожар кој до темел пеплоса плавна во делчевски Град. Огнените јазици се појавиле пред два часот по полноќ по што е пријавено во делчевската ТППЕ. Борбата со огнот на пожарникарите била тешка, бидејќи во плевната бил сместен лесно запалив материјал, па пожарот е локализиран во 3, 30 мин, но плевната изгорела до темел. Од СВР Штип информираат дека причините за пожарот ќе ги утврди истрагата. Сепак, нашите информации зборуваат дека пожарот е подметнат, бидејќи ова било втор обид да се запали оваа плевна. Првиот обид за потпалување на плевната пред неколку месеци не бил успешен.
Според објавените прелиминарни резултати од денес одржаните општински натпревари по предметот Природни науки, Лука Стаменковски ученик во IV одделение при ООУ “Кирил и Методиј” – Македонска Каменица има освоено најмногу поени на истиот. Со овој најдобар резултат на сите општински натпревари во цела држава, Лука е неофицијален државен првак во областа на Природните науки после општинските натпревари. Линк до прелиминарните резултати од Општинските училишни натпревари по предметот Природни науки: https://drive.google.com/file/d/0Bwg3L02u9U2oYkI2QzhFeEJod1E/view На Стаменковски и неговите ментори од училиштето им претстои регионален натпревар веќе на почетокот од месец Април, а потоа и учество на државен натпревар на кој пак очекуваме да го повтори…
Јавна тајна е дека има корупција на универзитетите во државата. Голем дел од студентите, знаат дека барање и земање мито има, но никој за тоа не зборува јавно и конкретно. Универзитетите најчесто таквите сознанија ги добиваат преку самоевулација, преку анкетирање на студентите, со полиња каде што тие можат да посочат некои видови на корупција. Пријава на корупција од страна на студент, досега до битолскиот универзитет немало. Доколку има тие би постапиле во рамки на нивните надлежности. – Конкретни случаи не сме имале до нас , но верувајте анкетите во тие извештаи се како факти посочени, за состојбите на нашиот универзитет,…
