Author: G B R
Над половина од возниот парк во Македонија нема да помине на технички преглед ако се користи европскиот систем за контрола. Новата метода која наскоро ќе стартува со примена и кај нас ќе го оневозможи регистрирањето на автомобилите преку врски. Примената на читач на историјата на возилото ќе биде и драстично побрз и поевтин, па наместо сегашните инвестиции вложувањата во центри за технички прегледи ќе бидат и помали а тоа ќе придонесе и кон зголемување на конкуренцијата но и пад на цените за регистрација, објавува телевизијата. Проблем во Македонија според европските експертите е големиот увоз на автомобили кои не ги исполнуваат…
На годишната технолошка конференција, компанијата Бош соопшти дека имаат решение со кое ќе се стави крај на измамите со поминатите километри при продажбата на половни автомобили. Некогаш само со одвртка и внимателно рачно враќање на бројот на изминати километри наназад, а денес со помош на лаптоп поврзан со ОБД приклучок, се манипулира со реалната помината километража на автомобил кој се нуди на продажба. Намалувањето на поминатите километри е најчеста пракса на нечесните трговци со половни автомобили, но сега од Бош, компанија која произведува делови и компоненти за автомобилската индустрија, најавуваат дека конечно имаат решение за овој проблем. Тие на конференцијата…
Фото: German Aerospace Center Германските научници во четвртокот го ставија во погон најголемото вештачко сонце, чија намена е за истражување на производство на гориво кое нема да му штети на климата. Уредот наречен „Synlight“ е составен од 149 ксенонски ламби кои обично се користат за симулација на дневна светлина во филмските студија, чија сила е 350 киловати. Една од главните цели на истражувањето ќе биде производството на водород со цел да се создаде еко-пријателско гориво за авионите. Водородот најчесто се произведува со електролиза на вода, односно со нејзино разложување на водород и кислород, што е скапа постапка и бара висока…
Денес започнува летното сметање на времето (26-ти март), а со тоа додаваме по еден час плус, односно сказалките на часовникот ги поместуваме за 1 час понапред. Еве што тоа може да значи за вашето здравје. Според голем број на истражувачи, луѓето имаат поголеми проблеми за прилагодување во пролет отколку во есен. Тоа е така поради тоа што во пролет губиме еден час од сонот. Тоа е слично како да патувате со авион, колку поисточно одите – толку повеќе време сте изгубиле. Обратно, доколку патуваме на запад, тоа значи дека полесно ќе спиеме, но потешко ќе се пробудиме. За луѓето кои…
Момците од категоријата М-18 на КК Баскет-Кам од Македонска Каменица вчера на гостински терен пред преполна сала во Кочани одиграа натпревар за паметење. Тие на чело со својот одличен тренерски двоец Горан Даниловски и Јордан Цветановски буквално “го растурија” КК Пиколо во секој сегмент од играта. Тензичниот и “добар за око” натпревар заврши со високи 80:70 за гостите од Каменица. Кочанчани беа надиграни во текот на целиот натпревар и “останаа на колена” против одлично поставената одбрана и ефикасната и тимска игра во нападот на екипата од Каменица. Најефикасни за гостинската екипа беа Александар Тодоров со 16 поени, пред Кире Блажевски…
Пеплосана борова шума на 40 хектари површина остави зад себе големиот шумски пожар кој синоќа беснееше во Делчевско. Пожарот започнал во 14 часот, а екипите на ТППЕ од Делчево, на ЈП Македонски шуми и локално население, со натчовечки напори успеале да го локализираат по полноќ и не дозволиле да го зафати граничниот појас со соседна Бугарија. Овде конфигурацијата на теренот е многу лоша, брзината на ветерот беше со голем интенизтет и гасењето на пожарот беше со голем ризик. Има зафатено борова и дабова шума, но боровата е најтешка за гаснење, истакна Јонче Атанасовски, командир на ТППЕ Делчево. Штетите кои се…
Бугарската полиција во еден опожарен камион од типот „Сканија“ во близина на бугарско-турската граница во реонот на Бургас, откри 28 илегални мигранти. Како што јави БТА, камионот што превезувал чакал, се запалил на еден шумски пат во близина на пограничното село Резово.Пожарот избувнал во возчката кабина на камионот и делумно ја оштетил каросеријата на возилото. По гаснењето на пожарот, полициските тимови под подот на каминот откриле специјално изработен бункер во кој биле сокриени мигрантите. Полицијата соопшти дека мигрантите илегално влегле на територијата на Бугарија. По избувнувањето на пожарот возачот на камионот побегнал од местот на настанот и полицијата трага по…
Во македонските маркети и продавници многу често може да се сретнат прехранбени производи за кои се тврди дека можат да излекуваат болни лица или да ја подобрат нивната состојба или да излекуваат одредена дисфункционалност или малформацијата иако нема научни докази за таквите перформанси, велат од Агенција за храна и ветеринарство. Дополнително, на амбалажата на производите ноншалатно се впишуваат ознаки со кои потрошувачите се доведуваат до заблуда. На производот стои податок: „содржи дозволени адитиви“, а не се наведени адитивите содржани во производот. Постојат случаи каде производот е деклариран како овошен сок, а податокот за содржина на овошје покажува дека не содржи…
Премиерата на долго најавуваниот мјузикл во чест на Тоше Проески, ,,Тајно моја’’ ќе се случи на дваесетичетврти март, а ќе следат уште две претстави на дваесетишести и дваесетиосми март. И покрај тоа што интересот на публиката е голем, сепак не изостануваат и критиките околу цената на влезниците. На социјалните мрежи најчесто се коментира дека 1.200 денари за билет е нешто кое што не може да си го дозволи секое семејство, и се добива впечаток дека претставата е правена само за оние со подлабок џеб. ,,За едно четиричлено семејство потребно е да се одвојат 4.800 денари. Има луѓе и од…
Најмалку 12 луѓе се повредни во пукање во близина на британскиот парламент во Лондон. Според изјави од лекарите од болницата Сент Томас една жена им подлегнала на повредите, додека има и уште неколку кои се борат за живот. Од Скотланд Јард се огласија со кратко соопштение во кое што се наведува дека нападот се третира како терористички акт се додека не се пронајдат докази кон упатуваат кон нешто друго. Полицијата со огнено оружје го застрелала напаѓачот пред биртанскиот парламент во центарот на Лондон, а според очевидци, пред да ги нападне полицајците напаѓачот со автомобил прегазил пет пешаци и се забил…
