Author: G B R

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките места и планините, претежно во јужниот дел од земјава, дожд и снег. Ќе дува умерен северен ветер. Како  резултат на поминувањето на ладниот фронтален систем преку нашето подрачје, денеска  дневната температура на воздухот ќе опадне за 8 до 10 степени во споредба со вчерашната. Минималната температура ќе се движи од нула до пет степени, а дневната од 8 до 14 степени. Потоа се очекува постепено стабилизирање и затоплување.

ПОВЕЌЕ ...

26, Март 2017 – Македонска Каменица (www.kamenica.mk) Фото: Драган Костовски ФК Каменица-САСА го искористи слободниот термин од третолигашкото првенство и пред домашна публика одигра пријателски натпревар со ФК Кежовица од Штип. Головите за Каменица-САСА ги постигнаа Зоран Златковски за водатво во првиот дел од натпреварот и Ален Миленковски од пенал во второ полувреме за конечни 2:1. На денешната средба за ФК Каменица-САСА акцентот беше ставен на помладите играчи од екипата. Во текот на вториот дел од натпреварот им беше дадена шанса, а со тоа и потребна минутажа за докажување и уигрување со стандардните првотимци од екипата. Добро се носеа и…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера во Скопје фаворизираниот МЗТ – Скопје не покажа доволен отпор на домашен терен против одличните момци од Македонска Каменица. КК Баскет-Кам го совлада “големиот” МЗТ во натпревар од Б-1 групата во категорија до 16 години (М-16) со 74:78. За каменичани најпрецизен беше Никола Орлов со 26 поени, редовниот виновник за победите и столбот на играда на Баскет-Кам Кире Блажевски постигна 23 поени, а миленикот на публиката Александар Лазаревски постигна 12 поени.

ПОВЕЌЕ ...

Денес во преполна сала во Македонска Каменица, КК “Баскет-Кам” одигра кошаркарски натпревар од Б-2 лигата во категорија до 18 години (М-18) . Гости на денешниот натпревар беа КК “Пантери” од Куманово кои се задоволија со пораз од “само” 19 кошеви (65-46), во натпревар во кој што потполно доминираа домашните кошаркари. Најпрецизни повторно беа Кире Блажевски со 17 поени исто како и Александар Тодоровски, а Борјан Панов постигна 12 поени. И во следниот натпревар КК Баскет Кам што го игра во Скопје против екипата на КК Плејмејкер очекува сигурна победа.

ПОВЕЌЕ ...

Вкупно 57.627 Македонци успеале да докажат бугарско потекло и да добијат државјанство и пасош како „работна виза“ за иселување, покажуваат податоците од Министерството за правосудство во Софија. Освен јазична подготвеност, морало да ги  изговорат напамет и најзначајните национални бугарски празници, да покажат познавање на бугарската историја и на хартија да докажуваат крвни врски со подалечни роднини од Бугарија. Меѓутоа, освен бугарски пасоши, податоците на статистичкото биро на Европската унија, Евростат, покажуваат дека уште 48.589 Македонци од 2005 до 2016 година добиле државјанство од некоја друга европска земја од Унијата или Шенген зоната. Со тоа, од 2005 година од…

ПОВЕЌЕ ...

Секој си има свое мислење и толкување зошто и како се случиле некои работи. Но денес, во време кога секој може да седне и да го напише своето мислење на интернет, тоа може да добие и многу следбеници што ќе поверуваат во секаква луда теорија. Еве неколку теории на заговор што во одреден период земале свој замав и место во онлајн светот: Теоријата за “Ајс Бакет” предизвикот Во периодот кога предизвикот со полевање со ледена вода беше доста популарен со цел да се подигне свеста кај луѓето за постоењето на болеста што ви прави да се чувствувате како сите мускули…

ПОВЕЌЕ ...

(Фото: Thinkstock) Грешка во гените, неотпорност кон стрес, пушење или лоша среќа? Сепак, работите се многу подлабоки од тоа… На светско ниво, најмногу средства кои се насочуваат кон медицинските студии, се користат за истражувања на ракот, како третата најчеста причина за смрт. Сепак, генерален е ставот дека подобро е да се умре од срцев или мозочен удар, отколку од рак. Која е разликата? Традиционалните терапии кои се користат при ова заболување, ја продолжуваат агонијата на оваа болест во просек за две години, години исполнети со надеж и идеја дека смртта може и би требало да може да се спречи. Но,…

ПОВЕЌЕ ...

Дали некогаш сме се запрашале која е цената на едно срце? Милион долари, а можеби и повеќе на црниот пазар. А колку чини еден бубрег? Или пак рака или нога? Погледнете го видеото и дознајте колку се вредни нашите органи – и легално и нелегално.

ПОВЕЌЕ ...

Над 8.000 Македонци, можат да одлучат за победникот на бугарските парламентарните избори во Благоевград и Ќустендил, пренесуваат бугарските медиуми. Според нив, на избирачкиот список само во овие погранични области има запишано вкупно 18.361 Македонец. Најголемиот број на Македонци на списокот во Ќустендил се од Источниот и Севериоисточниот регион. Овде главно се жители на Пробиштип, Кочани, Кратово и Крива Паланка, додека оние со двојно државјанство од останатите општини, повеќе гравитираат кон Благоевград. Според тамошните власти, големата бројка на „странци“ со изваден бугарски пасош во оваа област не изнанадува, имајќи ја предвид територијалната блискост на Ќустендилската и Благоевградската Област со Македонија. Освен…

ПОВЕЌЕ ...

Во Македонија веќе неколку години има иницијатива од синдикалците, но и од дел од граѓаните за промена на работното време, но досега таа не наиде на никаков слух од Владата. Вработените во министерствата, агенциите, дирекциите и другите државни институции во Црна Гора од следниот понеделник ќе одат на работа од 7 до 15 часот, наместо од 9 до 17 часот како досега. Црногорската Влада официјално донесе одлука од 27 март да го врати старото работно време на државната администрација, три години откако тогашниот министер за внатрешни работи Рашко Коњевиќ поднесе таква иницијатива. Министерот ја поднел иницијативата поттикнат од внатрешна анкета…

ПОВЕЌЕ ...