Author: G B R

По репрезентативната пауза од две недели, фудбалските фанови се подготвени да се вратат на оној повозбудливиот, клупски фудбал. Оваа сабота и недела ќе се одиграат дури седум дерби средби, а викенд лудилото ќе започне со дербито помеѓу Ливерпул и Евертон в сабота со почеток од 13.30 часот. Два часа подоцна се игра дербито на Рур, во кое Борусија Дортмунд ќе се соочи со Шалке 04. Вечерниот термин е резервиран за финалето на францускиот Лига Куп и борбата за титулата во која ПСЖ ќе игра против Монако на Леонардо Жардим. Во 21.30 часот е закажано португалското „О Класико“ во кое Бенфика ќе го пречека…

ПОВЕЌЕ ...

Откако вчера излезе со соопштение дека наставник вршел обљуба врз тринаесет годишна ученичка во Кавадарци, во повеќе наврати, во рок од цели три месеци, СВР Велес денес се демантираше со ново соопштение. Според последните податоци кои што ги доставија до медиумите, силувачот не бил наставник, туку тренер по стрелаштво на ученичката. Б.П. (67) во повеќе наврати вршел обљуба врз ученичката, а последен пат делото го сторил пред два дена, околу 18 часот, по што родителите на девојчето го пријавиле во полиција. Телефонски го контактиравме Верољуб Додевски, портпарол на Сектор за внатрешни работи Велес, со цел да појаснат како тренерот во…

ПОВЕЌЕ ...

Нов предводник на „црвено-жолтите“ ќе биде шпанскиот стратег на македонскиот ракометен шампион, Руал Гонзалез, кој од комисијата при РФМ е предложен како најповолен кандидат. Овој предлог го соопшти директорот на репрезентација, Милчо Чакаревски, а беше едногласно потврден од сите членови на Управниот одбор. Шпанецот потпиша договор со РФМ до 2020 година и ќе го преземе циклусот од Червар. Раул Гонзалез напоредно ќе ја извршува функцијата селектор и тренер на Вардар, а ќе дебитира следниот месец на двомечот со Исланд. Раул Гонзалез со Вардар самостојно ја почна својата тренерска кариера, а претходно беше помошник на Талант Душебаев во Сиудад Реал и…

ПОВЕЌЕ ...

31.Март 2017 Македонска Каменица (www.kamenica.mk) Фото: Драган Костовски Им соопштуваме на сите православни Христијани од општина Македонска Каменица дека на 2 Април 2017 година во недела, ќе се одржи Света Архиерејска Литургија во храмот Св. Успение на Пресвета Богородица во која ќе чиноначалствува Митрополитот Брегалнички г-дин Отец Иларион. По тој повод Ве повикуваме достојно и во духот на христијанството да го пречекаме нашиот владика и по молитвите негови Бог да не помилува, а сите што постеле и се исповедале да примат благослов од Отецот. Сите православни верници можат да ги донесат и своите деца до седум години да бидат причестени…

ПОВЕЌЕ ...

Реномираната технолошка компанија Tesla Motors на 1 април ќе започне со доставата на соларни покриви за домаќинства. Точната цена на покривите е се’ уште непозната, а за неа, како што јавуваат од компанијата, ќе дознаеме откако ќе се исплатат првите депозити за соларните покриви. Соларните покриви се релативно нова иновација, а станува збор за стакло со фина текстура коешто покрај основната функција на кров, обезбедува и генерирање на соларна енергија. Од компанијата најавуваат дека првите инсталации ќе бидат направени во текот на оваа година. Покривите ги изработуваат 2 компании. Едната е Tesla Motors која што е задолжена за инсталацијата, а…

ПОВЕЌЕ ...

Синоќа во Полициската станица во Кавадарци родители на тринаесет годишно девојче пријавиле дека истото било нападнато од наставник во нејзиното училиште. Според СВР Велес, наставникот во последните три месеци во повеќе наврати го обљубил девојчето. ,,Настанот е документиран и доставен до Основно јавно обвинителство во Кавадарци. Девојчето било нападнато вчера, најверојатно по часовите, а кога се вратило дома им признало на родителите, и тие го пријавиле наставникот во полиција. Повеќе детали ќе имаме утре’’ – ни изјави Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

ПОВЕЌЕ ...

Модерниот начин на живот и суровоста на сиромаштијата не поштедува никој, па таков е и случајот со многу наши сограѓани. Судбината ги довела до момент кога нивните големи срца и труд не се доволни за да се борат против самата сиромаштија. Затоа, ајде да им покажеме дека сеуште има сограѓани кои се волни за помош. Вашите добри намери можете да им ги покажете преку донирање на следниве работи: • ЖЕНСКА ОБЛЕКА (за личности на возраст од 1 месец, 2 години и околу 60 години); • МАШКА ОБЛЕКА (50-60 години); • ПРЕКРИВКИ; • БЕБЕШКА ХРАНА; • КОЛИЧКА ЗА БЕБЕ; • МАШИНА…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера во 09.40 часот на локалниот пат с.Липец до крстосницата со Р-1304 во Виница се случила сообраќајна незгода во која М.П. (51) од с.Липец, управувајќи трактор „ИМТ 533“ со кочански регистарски ознаки, излетал од патот. Во незгодата возачот М.П од здобиените повреди починал на местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од ПС Виница. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на семејството за погреб.

ПОВЕЌЕ ...

29.Март 2017 (www.kamenica.mk) Во Крива Паланка по повеќегодишно молчење на протестен марш излегоа текстилните работнички од фабриката Кадоро Ото каде за недостоинствена плата за живот работат и по 12 часа на ден. После протестот во понеделник каде си ги бараа со мака заработените пари, од страна на менаџментот на компанијата беше ветено дека платите ќе бидат исплатени, што не беше случај. Разочарани од новата лага на управата, денеска неколку стотици вработени маршираа низ улиците на Крива Паланка под името “Нема Плата Нема Мир”. За време на маршот извукуваа дека и тие како сите луѓе имаат право на достоинствен живот и…

ПОВЕЌЕ ...

Викендов младинците на ФК Каменица-САСА одиграа три натпревари според возрасни категории против екипата на ФК Кочани. Во сите три натпревари каменичани иако на гостински терен извојуваа три убедливи победи со одлична игра во одбраната и уште поубедлива во нападот. Победите против фудбалските екипи од Кочани во било која категорија на натпреварување се редовна пракса, а кочанските екипи се редовни “муштерии” на каменичките млади мајстори на фудбалот. Така и викендов веќе традиционално каменичките млади фудбалери на трите одиграни натпревари успеаа да постигнат дури 10, а не дозволија да примат ниту еден гол. Еве ги и резултатите по категории: 2007/8 Кочани –…

ПОВЕЌЕ ...