Author: G B R
После двете слободни кола по распоред од Третата фудбалска лига за ФК Каменица-САСА, каменичани се вратија со победа. Драматичен натпревар во кој публиката проследи вкупно дури 8 погодоци. Првото полувреме заврши мирно со 3:1 во корист на домашните, но второто полувреме донесе вистинска драма на теренот. Гостите иако во првото полувреме не успеаа од пенал да го надмудрат голманот на домашните Бобан Атанасовски, во текот на продолжението беа поуспешни во два наврати и стигнаа до нерешени 3:3. Сепак Каменица-САСА успеа да стигне до победа и нови три бода со два гола од пенал кои ги реализираше Зоран Златковски. Тој беше…
Кога Кире Блажевски ќе постигне 29, а одличните Никола Орлов и Дамјан Тодосиев ќе надополнат со 14 односно 12 поени на гостинските кошаркари не им преостанува друго освен да се задоволат со “минимален” двоцифрен пораз. Таква судбина вчера ја снајде и екипата на КК Вардар во М-16 категорија. Тие пружија достоен, но недоволен отпор против секогаш разиграните момчиња од Македонска Каменица. Натпреварот заврши со резултат 73:61 со што КК Баскет-Кам само уште еднаш ја потврди својата доминација во младински
Песната „Dance Alone“, со која Јана Бурческа ќе ги брани боите на нашата земја на претстојното, 62. по ред издание на „Евровизија“, стана инстант хит за евровизиските фанови, а што е уште поважно, одлично е прифатена и од домашната публика, но и од колегите на Јана. Сепак, се чини дека песната најмногу ѝ се допаднала на Наташа Малинкова, која одлучи да направи одлична акустична преработка. Во придружба на Столе Аврамов на гитара, пејачката ѝ даде една поинаква димензија на евровизискиот хит, а како звучи сето тоа можете да слушнете горе. Имајќи го предвид сè поголемиот успех на „Dance Alonе“, која…
Јагнешкото е само за богатите. За обичниот народ – тоа е недостижно. Пред Велигден, еден од неговите симболи, се продава по цена од 330 денари за килограм: Скапо е, ако се спореди со платите и пензиите кои се многу мали, тогаш е ептен скапо, велат анкетирани граѓани. Овие цени за повеќето граѓани се недостижни, па прашање е колку јагнешко годинава месарниците ќе продадат, односно колкумина него ќе можат да го купат: Никој нема да може да купи. Секаде за празник цените се намалуваат, само кај нас се качуваат, срамота, вели жителка на Штип. Годинава, екстремно високите цени на јагнешкото за…
Денес во Делчево се одржаа регионалните натпревари по географија за учениците од основните и средните училишта. Каменичките основци и средношколци чиј ментор беше проф. Снежа Велкова остварија одличен успех како за себе, така и за своите училишта со обезбедувањето пласман на државниот натпревар по географија. За ООУ “Кирил и Методиј” од Македонска Каменица на регионалниот натпревар учествуваа и пласман на “државно” обезбедија: – Даме Стоиловски -Анастасија Арсовска – Ана Николовска Додека за СОУ “Миле Јаневски – Џингар” на државен натпревар по Географија ќе го претставуваат следниве ученици: – Климентина Соколовска – Мартина Спасевска – Симона Мицовска
За песната “Мојот вечен град” во изведба на Емилија Сарафска од Битола, автор на музиката е нашиот сограѓанин Ацо Мазна Николов. Тој е автор на повеќе музички нумери, а на дел од нив се појавува и како исполнител. Нумерата ја изведоа во 1992 година на тогаш реномираниот фестивал Интерфест – Битола. Проследете ја нумерата и нивната прекрасна изведба на истата: https://m.youtube.com/watch?v=CrMKC7VLeDE&feature=share
Македонска Каменица, 1.Април 2017 (www.kamenica.mk) Денес во организација на ООУ “Кирил и Методиј” од Македонска Каменица на Градскиот плоштад се одржува традиционалното одбележување на Денот на шегата и смеата. Целиот плоштад во Македонска Каменица и градот воопшто блескаат од детската смеа. Шарените маски и балони на дечињата од I до V одделение при ООУ “Кирил и Методиј” го прават денот вистински празник на градот. Маскираните принцови и принцези, кловновите и самовилите, и сите други дечиња под маските на нивните херои и ликови од цртаните филмови заедно со своите одделенски наставници и во присуство на голем број родители му се радуваат…
Циркускиот дресер на лавови Олексеј Пинко заврши на итна операција откако во една прилика за време на шоу во украинскиот град Лавов го нападнаа два лава. На видеото кое што е снимено од посетител од САД се гледаат две разбеснети ѕверки како го напаѓаат својот дресер, а тој и неговата партнерка се обидуваат да ги смират. Гледачите почнаа да бегат од своите места, а некои останаа запрепастени од овој инцендент. Лавовите ги прскале со млаз вода за да може да ги смират, па Пинко истрчал на безбедно. На крајот сепак завршил на итна операција поради здобиените повреди. Откако видеото беше…
Македонска Каменица, 1 април 2017 (www.kamenica.mk) Времето во Македонија ќе биде сончево, а во текот на денот во планинските подрачја ќе има појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 18 до 24 степени. Во Македонска Каменица периодов ќд имаме претежно сончево време со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 23 степени. Без позначителни промени ќе биде времето и во недела кога утринската температура ќе се движи од…
Со натчовечки сили , синоќа спасена шумата на Голак. Пожарот кој вивна во подножјето на Голак во атарот на селото Чифлик, вчера околу пладне ,бил локализиран околу полноќ. Причина за пожарот е човечки фактор, а запаленото пасиште зафатило 14 хектари површина, а изгореле 4,5 хектари шума. Пожарот беше многу опасен до дрвата од прв ризик и ако не реагиравме соодветно и навреме, последиците ќе беа катастраофални, зашто огнот се ширеше и со брзина од 30 километри на час, кажа Јонче Атанасовски, командир на ТППЕ Делчево. Делчевските пожарникари повторно испраќаат апел до граѓаните да не палат стрништа Аплеираме повторно да не…
