Author: G B R

Петстотини жители од приградската населба Ѕвегорска Река, зимно време се дават во кал, а летно во прашина, но хронично, немаат тротоари и се чуствуваат небезбедни, кога го користат коловозот од регионалниот пат Берво-Делчево за да стигнат до градот. Населбата е заборавена од сите. Децата се срамувата кога ќе излезат одовде зашто се целите со кал, велат овдешни жители. Ова се само дел од проблемите на жителите од оваа населба градена пред 30 години, а урбанизирана во 2007 година.Нивниот револт е голем, бидејќи се чувствуваат излажани од локалната власт, која уште пред две години најави асфалтирање на улиците со пари од…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 21 март 2017 (www.kamenica.mk) – За децата да бидат среќни доволни им се пет позитивни настани во текот на денот, кои ќе избришат се што било негативно. Европските детски психолози сметаат дека тоа е рецепт за здравје и среќни односи во семејството. И тоа на постарите не би требало да им биде тешко, а експертите предлагаат да го напрвите следново: – Кога читате весници или сте на Интернет, покажате им на децата смешни видео прилози и слики, прочитајте им интересен текст, многу им значи кога родителите ќе ги вклучат во нивните активности. – Испратете им од време на…

ПОВЕЌЕ ...

Пном Пен, 22 март 2017 (www.kamenica.mk) УНИЦЕФ денеска ја осуди компанијата, која им продава млеко на Американците, од „ранливи и сиромашни мајки“ од Камбоџа. Проблемот стана актуелен оваа недела, откако Камбоџа соопшти дека го спречила извозот на компанијата „Амброзија Лабс“ со седиште во Јута, која тврди дека е прва компанија од таков вид, која „конзервира човечко млеко“’ и го извезува во САД. – Банките за млеко од мајки не би требало да работат на експлоатација на ранливите и сиромашните мајки заради профит и комерцијални цели. Млекото од мајките може да се смета за човечко ткиво, исто како и крвта и…

ПОВЕЌЕ ...

22. Март – Македонска Каменица (www.kamenica.mk) Нашиот сограѓанин Никола Ќурчиски, докторанд на Руската Претседателска Академија во Москва говори за успехот како член на Клубот на лидери на Македонија 2025 да обезбеди шест целосни стипендии за студирање на додипломски и постдипломски студии на Академијата (Russian Presidential Academy) во Москва. Претходната година имаше 2 целосни стипендии преку кои дојдоа двајца извонредни студенти Ивона Мартиновска и Никола Серафимов. Како резултат на тоа, оваа година Руската Претседателска Академија одлучи да продлабочи соработката помеѓу Macedonia 2025 и Академијата – вели Никола Ќурчиски, кој деновиве го посети главниот град на Македонија како главен претставник и презентер…

ПОВЕЌЕ ...

Источниот регион на државата има најмалку шуми во цела Европа, покажуваат најновите податоци на Светска Банка. Според нив, само 39 % од територијата на Македонија е под шуми додека тој процент во источниот регион не е поголем од 30. Вкупно во Источниот регион под шуми се 148.000 хектари. Најмногу шуми има во Делчево 35.000 хектари, Кочани 30.000 хектари,  Берово 28.000 и Штип одвај 17.000 хектари. Какви шуми, погледнете околу Штип само голи ридови има, велат анкетирани штипјани. И додека од една страна шуми немаме, од друга и она малку што го поседуваме како шумско богатство безмилосно го сечеме. Така лани …

ПОВЕЌЕ ...

21. Март 2017 – Македонска Каменица (www.kamenica.mk) Велешанецот Роланд А. (29) доби 18 месеци затворска казна за 10 украдени тегли со ајвар. Роланд А., кому му се судеше во отсуство затоа што е во бегство, беше прогласен за виновен за кривичното дело тешка кражба. Обвинетиот делото го сторил ноќта помеѓу 29 и 30 ноември 2015 година кога насилно влегол во подрум на станбена зграда во Велес. Од просторијата украл десет тегли со ајвар и алат за работа, во вкупна вредност од три илјади денари.  Оваа штета Роланд А. треба да му ја надомести на оштетениот. Поради тоа што обвинетиот има…

ПОВЕЌЕ ...

21. Март 2017 – Македонска Каменица (www.kamenica.mk) Фото: Драган Костовски Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 1 до 8 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 14 до 24 степени. Во Македонска Каменица и околината слично време со утринска температура околу 4 и дневна до 22 степена. До крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на топла воздушна маса, и ќе предизвика сончево и топло…

ПОВЕЌЕ ...

21. Март 2017 – Македонска Каменица (www.kamenica.mk) Македонска Каменица – Околу 600 ученици при ООУ “Кирил и Методиј” во Македонска Каменица денес заедно со своите наставници во школскиот двор на училиштето организираа екохепенинг со што го одбележаа Денот на пролетта и екологијата. Помалите ученици покрај чистењето на зелените површини, денес на Денот на пролетта засадуваа и цвеќиња се со цел разубавување на школскиот двор во училиштето, додека пак повозрасните ученици Денот на пролетта го одбележаа со засадување на млади садници. Активностите околу хортикултурното уредување на дворот од училиштето ќе продолжат и во следните сончеви денови.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 21 март 2017  Македонскиот ПЕН Центар и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска во просториите на НУБ ќе го одбележат Светскиот ден на поезијата. Послание ќе упати поетесата Гордана Михаилова-Бошнакоска, а на настанот ќе настапат поети-членови на Македонскиот ПЕН центар. Во музичкиот дел од чествувањето на поезијата ќе настапи камерниот хор „Херувими“.

ПОВЕЌЕ ...

Chongqing е голем град во Кина на Yangtze реката и има статус на покраина. Населението се проценува на околу 50 милиони жители и архитектите се обидуваат да го искористат секој можен простор. Еден таков пример доаѓа од планинскиот дел на градот каде се наоѓа  железничката пруга па  возовите мора да одат преку – станбени згради?!

ПОВЕЌЕ ...