Author: G B R

Ако проблемот може да се реши, тогаш нема потреба да се грижиме за него. Ако не може да се реши, грижата е бескорисна. Одважете се да дејствувате откако добро ќе размислите. Кога ќе почнете да делувате, престанете да мислите за тоа. Не го задржувај она што си оди; не го бркај она што доаѓа. Да се оди брзо значи да се оди споро без застанување. Подобро е да си непријател на добар, отколку пријател на лош човек. Односот меѓу мажот и жената треба да биде како оној меѓу рацете и очите: кога рацете болат, очите плачат; а кога очите плачат,…

ПОВЕЌЕ ...

Јоцо Стоиловски е наш сограѓанин кој повеќе години живее и работи како пелачбар во Италија. Но тој од својата љубов кон музиката не се откажува и продолжува и понатаму да твори и да гради меѓународна кариера. Почетоците во музичките води ги бележи тука во Македонија уште во девеесетите години, но по неговата преселба тој ја продолжува својата кариера и во Италија. Твори на македонски и на италијански јазик истовремено. Погледнете го неговото последното музичко остварување со кое тој има намера да се претстави на реномиран фестивал во Верона. https://youtu.be/hoQbNfo0ipY

ПОВЕЌЕ ...

Утре со почеток во 14 часот на градскиот стадион во Македонска Каменица, ФК “Каменица – САСА” ќе го одигра својот последен контролен натпревар против екипата на ФК Слога од Виница. Пред почетокот на пролетниот дел каменичани полни со елан, остануваат на курсот за влез во Втората фудбалска лига. Тоа го покажуваат и со неколкуте силни засилувања на тимот со врвни првотимци и тоа Роберто Стајев кој доаѓа од ФК Металург, Оли Христов и Бране Глигоров од ФК Василево и Жан Манев кој доаѓа од редовите ФК Брегалница Делево. Како најсилно засилување на тимот од Македонска Каменица за претстојната полусезонава го…

ПОВЕЌЕ ...

18 февруари 2017 Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 февруари. Денеска е Св. маченица Агатија. Агатија потекнуваше од градот Палермо, на островот Сицилија, од видни и богати родители. За време на цар Декиј (249-251) почнал страшен прогон на христијаните. Штом веста за тоа стигнала до Сицилија, Агатија почнала да се подготвува за мачеништво. Управникот на областа Квинтијан испратил војници, кои ја спровеле Агатија до градот Катанија. Таму ја сместил кај една распусна жена со намера оваа да повлијае на света Агатија. Кога тој обид пропаднал попусто, Агатија била изведена на суд, затворена и мачена. Во затворот го…

ПОВЕЌЕ ...

Штипјанец (33) кој работи на брод, вчера загинал во водите Тихиот Океан, во близина на брегот на Шри Ланка. Информацијата за смртта на штипјанецот Ангел, доцна попладне ја потврдија и од МВР. Портпаролот на Министерството – Боро Мирчевски, за Ирис во телефонски разговор потврди дека Министерството добило информација за починат македонски граѓанин, но детали за смртта ќе објават во текот на денешниот или утрешниот ден. Ангел извесен период работел за корејската компанија ХГС, а претходно во Македонија бил вработен во АРМ. Според неофицијални информации, младиот штипјанец починал вчера навечер, а бил вработен како обезбедување на карго танкер, кој пловел на…

ПОВЕЌЕ ...

„Во текот на изминатите четири години, работевме заедно со нашите партнери во Македонија на идентификување и ефективно управување со ризиците поврзани со промените на климата. Меѓу најопасните од овие ризици се оние поврзани со екстремни временски настани, вклучувајќи суши, топлотни бранови и силното невреме.Овде, во Делчево, во партнерство со УСАИД, работевте сите заедно да се ублажат овие ризици и да се зголеми отпорноста на вашата заедница“ изјави Џејмс Стајн  директор на мисијата на УСАИД во Македонија. Инаку проектот за изградба на канализацијата се реализираше преку проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени што го спроведува „Милиеуконтакт Македонија“. Овој проект…

ПОВЕЌЕ ...

Денес во просториите на ООУ “Кирил и Методиј” во Македонска Каменица се одржа училишен натпревар по англиски јазик за учениците од IX-то одделение. Двајца ученици кои ќе имаат најголем број на поени ќе го претставуваат училиштето на меѓу-општинскиот натпревар кој годинава ќе се одржи во Кочани.

ПОВЕЌЕ ...

Двеста денари се украдени од црквата „Св.Наум“ лоцирана во охридското село Лескоец. Крадецот, тврди МВР, со подесен алат ја отворил влезната врата од црквата, влегол внатре и по краткото пребарување ги зел парите и избегал.

ПОВЕЌЕ ...

Геолози востановија дека ноовооткриеното копно што се наоѓа во Тихиот Океан, близу Австралија, може да се нарече континент и го именуваа како Зеландија, јави „Дејли Мејл“. Во научен труд под наслов „Зеландија: Скриениот континент на Земјата“, 11 геолози од Нов Зеленд, Нова Каледонија и Австралија тврдат дека копното „ги задоволува сите четири услови да биде наречено континент“, иако 94 отсто од внатрешноста на самата површина е под вода. Доколку ова биде и формално усвоено, ова ќе биде најмалиот континент на Земјината топка, со површина од 4,9 квадратни километри. Се верува и дека тука има големи наоѓалишта на фосилни горива. Називот…

ПОВЕЌЕ ...

Вистинска трагедија се случила вчера во Скопје кога средношколка се онесвестила на среде час и починала. Трагедијата, како што информираат од полицијата, се случила во 18 часот и 30  минути, во ГУЦ „Здравко Цветковски“, на час по Историја. Се работи за 18-годишната А.А.од Скопје на која во еден момент и се слошило, по што паднала од столчето. По неуспешниот обид од професорите да ја освестат била повикана  Итна медицинска помош. Тие се обиделе да ја реанимираат, но не успеале. Истата била пренесена во Ургентен центар каде од страна на лекар била констатирана смрт.

ПОВЕЌЕ ...