Author: G B R
Мнозинство од граѓаните на Србија сметаат дека не е оправдано да се влезе во вооружен конфликт со цел Косово „да остане“ во составот на Србија, покажа истражувањето на белградскиот Центар за политика во областа на безбедноста. 73 % од анкетираните сметаат дека не треба да се влегува во војна со Косово, десет отсто сметаат дека треба да се војува со Косово, а 17 отсто одговориле дека „не знаат“.Според истражувањето дури и мнозинството од десничарските партии, како Српската радикална партија и Двери не се подготвени да фатат оружје в рака поради поранешната српска покраина. Највоинствени се младите меѓу 15 и 29…
Берн, 10 февруари 2017 Компанијата „Монделез“, која ги произведува чоколадите „Милка“, бара професионален дегустатор на чоколади. Работните обврски, според огласот, е да се пробува од чоколадите и да се даваат професионални оценки за вкусот. Работното време трае 7,5 часови дневно, три дена во седмицата. Нововработениот ќе има и 11 колеги соработници. – Кандидатите мора да бидат страствени љубители на слатки и да имаат истенчен вкус. Дегустаторот ќе ја има клучната улога во намерата на компанијата да создаде нов производ кој ќе се пласира на светскиот пазар, пишува во огласот. Работно искуство не е потребно (МИА)
Пред неколку милиони години подрачјето на градот Делчево било долина исполнета со вода и под влијание на тропска клима. Денес, под дејството на тектонските поместувања на тлото, релјефот е потполно променет. (фото – 1, глинест седимент)Теренската работа почнува со скицирање на локалитетот и почеток на ископувањата. Искусниот тим составен од палеонтолог и инженери внимателно го пребаруваат земјиштето и локациите забележани на нивните мапи. (Фото2, Работи на терен)Сите евентуално пронајдени експонати соодветно се пакуваат и се проследуваат во палеонтолошката лабораторија во Природонаучниот музеј во Скопје. „Материјалот кога ќе се извади на теренот е влажен и свеж. Тогаш може со мала…
Голак е средно висока планина (Чавка, 1538 m) во источниот дел на Република Македонија, која се протега помеѓу Делчевска Котлина и Разловечка Клисура на исток, Калиманско Поле и Кочанска Котлина на запад и долината на Осојница на југ. Како типичен хорст, во наведените граници зафаќа површина од 220 km кв. На север и исток, падините се спуштаат до реката Брегалница, која прави голем (тектонски условен) лак околу оваа планина. Спрема југ, од Голак постепено продолжува огранокот Обозна, но морфолошка граница помеѓу нив не е јасно изразена. Планината генерално има меридијански правец на протегање, со должина на билото од 20 km,…
Крадци ја испразнија поштата во Облешево. Откако тие излегле оттаму, во поштенската зграда, остананале буквално само голи ѕидови. Целата техничка и компјутерска опрема, неколку панели за греење и радиоприемник, се украдени, а направената материјална штета е голема и таа грубо се проценува на неколку десетици илјади евра. Во поштата, крадците влегле, кршејчи ги решетките на прозорците, а потоа и самите прозорци. Кражбата е откриена околу 05.00 часот утринава, откако поштарот дошол на работа, по што е повикана и полицијата, која направиле увид и работи на пронаоѓање на сторителите. Ова е четврта кражба во поштата во Облешево. Во претходните три крадците…
Тате, тате…ај да си купиме ние едно маченце бе тате. – Не може сине, еле после ќе сере насекаде по дома! Епа, тате…ај тогаш ние да си купиме еден тигар а? Е сине, тигар ама тогаш ние ќе сереме низ дома!
Фото: Драган Костовски Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од пет до 11 степени. Во Македонска Каменица променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до десет степени. До понеделник ќе се задржи променливо облачно време со благо опаѓање на дневните температури, додека утринските во повеќе места ќе се спуштат под нулата. Пониски утрински температури се очекуваат и во понеделник, а од вторник времето ќе биде сончево со умерена…
