Author: G B R
Сиромашните пари од пратениците нема да видат. Наместо да ја донираат, новоизбраните платата си ја ставија во џеб, а 49 нивни бивши колеги од државата побараа апанажа, односно уште една година ќе живеат на грбот на граѓаните. Никој од 120-те пратеници не покажа хуман аспект, иако веќе еден месец ниту еден ден не биле на работа. Неработењето, ќе им се плати по најмалку 60.000 денари плус трошоци за придонеси. Професијата пратеник е една од најплатените во државата. На нив, основната плата им е 60.000 денари, 30.000 им се плаќаат за придонеси. Секое учество на комисија им се плаќа дополнително, па…
Скопје, 9 февруари 2017 (МИА) – Поради сообраќајна незгода од 08:15 часот изутрина сообраќајот на автопатот Велес – Скопје, пред тунелот во близина на Катланово, се одвива во една коловозна лента, информира Автомото сојузот на Македонија. [iframe-popup id=”3″]
20 годишен штипјанец е крадецот кој минатат недела од куќа на улицата Сутјесна украде 20 златни лири, 5 .000 евра и техника, во вкупна вредност од 500.000 денари. Крадецот, полицијата го фати експресно, но парите и златото- никаде ги нема: Пронајдени се дел од техничките предмети, како телевизор, музички систем, ресивер и истите се вратени на сопственичката, кажа Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип. Кражбата на Сутјеска, е една од шесте тешки кражби кои полицијата ги расветли денес, а за кои одговорни се три лица на возраст од 10-25 години. Останатите пет се однесувата на кражби од викендици на…
Работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утвредни со закон и колективен договор и тоа: – надомест на трошоците за користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го корисити автомобилот за секој изминат километар; – со колективен договор на ниво на дејност се утврдува висината на регресот за годишен одмор и новогодишниот надоместок; – во случај на смрт на член на семејното домаќинство на работникот му се исплатува надоместок во висина од 2 основици; – за јубилејна награда во висина на основицата – за најмалку 10 години работа кај…
Газда на текстилна фабрика од Кочани го прекршил законот, откако работниците ги натерал да работат за време на државен празник, но за работата им платил обична, а не празнична дневница. „…Споменатиот работодавач навремено го известил Државниот инспекторат дека одлучил неработниот ден и воедно државен празник да биде работен ден. На тој ден 63 работнички го евидентирале своето присуство на работното место. Работодавчот извршил пресметка и уплата на надоместок на плата за поминати работни часови во ден на неделен одмор, но не извршил пресметка и уплата на надоместок на плата за работа во денови на празници и неработни денови, што е…
Три гласа “ЗА” од жирито беа доволни за понатамошно учество на Дамјан Стоименовски во детското шоу “Некои Нови Клинци”. Со воодушевување сите го проследија настапот на петнаесет годишниот Дамјан Стоименовски од Македонска Каменица кој се претстави со песна од Жељко Јоксимовиќ ,,Није љубав ствар”. Но и покрај малите интонативни грешки и проблемите со матрицата кои ги слушнавме во рефренот сепак Дамјан успеа да го воодушеви жирито со неговата харизма, енергија, убавина и стајлинг. И покрај тоа што успеа да обезбеди пласман до баражот, за жал не успеа да помине во вториот круг. Но сепак ќе му држиме среќа да добие повик…
800 грама марихуана заплени штипската полиција во домот на 27 – годишник: Покрај марихуаната пронајдени се ваги и алатки за пакување на марихуаната и нејзина припрема за продажба, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип. Според цените за парче џоинт на нарко пазарот, запленетата количина на дрога, би можела на штипјанецот да му донесе приход од околу 50.000 денари. Пронајдената дрога, веројатно, е само дел од она, што тој претходно го имал кај себе, но колку точно, засега не е познато: Дрогата е набавена од Скопје, но во непознати количини, кажа Панајотова. Нарко дилерот, веројатно, е со добро организирана…
Денеска попладне и во текот на ноќта Македонија ќе биде зафатена од краткотраен, но интензивен влажен бран и ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта во останатите делови. На високите планини врнежите ќе бидат од снег. На места во крајните источни и западни делови ќе наврнат околу 20 литри на метар квадратен, а во останатите делови најчесто околу 10 литри. Локално врнежите ќе бидат поројни и ќе има и услови за појава на грмежи, особено во јужните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени. Утре ќе има повремени…
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 53,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува 68,50 ден/лит. За еден денар поскапува Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 42,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 0,680 денари и килограм ќе чини 27,845 денари. [iframe-popup id=”3″]
Тим од дипломирани логопеди и дефектолози, од 4 февруари до 4 март, ќе вршат бесплатни прегледи и индивидуални логопедски вежби според најнови светски стандарди и методи. Целта е да им се помогне на сите деца кои имаат говорни нарушувања и да не остане непрегледано ни едно дете на кое може да му се помогне. На оваа тема, во информативниот преглед во 9 часот зборуваше логопедот Ана Петреска. [iframe-popup id=”3″]
