Author: G B R
Расветлен е случајот со украдените црковни ѕвона од манастирскиот комплекс „Свети Пантелејмон“ во селото Пантелеј Кочанско, тешки од по 70 килограми и стари околу 150 години. Полицијата ги фати крадците. Станува збор за три лица од Кочани од кои двајца се малолетни. -По преземените оперативни мерки, добиени се сознанија дека можни извршители на ова кривично дело се три лица од кои две малолетни на возраст од 13 и 16 години и едно лице на возраст од 25 години, сите од Кочани. Истите, предметите кои што ги украле, искршени во парчиња во два наврати ги однеле во отпад во Кочани и…
1 февруари 2017 Времето утрово е сончево со мала до умерена облачност, во североисточните и југозападните делови, а во останатите делови е облачно. По одделни котлини има ниска облачност и магла, а на некои повисоки места има ниска облачност со намалена видливост од 50 до 200 м. Минималната температура утрово се движеше од -8 во Тетово, -7 Битола, -6 Крива Паланка, -5 Пожаране, -4 Прилеп, Претор и Крушево, -3 Тополчани, Маврово, Ѓуриште и Лазарополе, -2 Демир Капија, Охрид, Куманово и Дебар, -1 Штип, Македонска Каменица, Виница, Берово и Скопје, 0 Струмица и Скопје Петровец, до 2 во Дојран и Гевгелија.…
Новост ли е ако кажам дека Христос е долготрпелив и многумилостив? Не верувам. Сте го сретнале тоа негде низ книги или интернет! Новост ли е ако кажам дека немаме влада? Не верувам. Сте го сретнале тоа по медиуми. Хумор ли е ако кажам дека е опасен период за живеење? Не верувам. На своја душа тоа го чувствувате. Жално ли е ако кажам дека и хуморот е заложник на преосетливата политика? Верувам. Оти и душата моја тагата ја чувствува. Политичари, не ни давајте леб и игри туку перспектива! Боже дај ни трпение, разум и смеа оти полесно се преживуваат вакви времиња.…
Утврдено е присуство на високозаразна болест Авијарна инфлуенца, односно птичји грип тип АХ5Н8 кај живина во струшкото село Мороишта, информираше вчера директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски. Тој посочи дека вирусот е високо патоген кај живината, но не претставува зооноза и не се пренесува кај луѓето и во ниту еден случај не може да претставува закана по јавното здравје кај луѓето. – Првиот случај е детектиран на 27 јануари по активен надзор на живината спроведен на терен и е констатиран во лабораториските анализи на Факултетот за ветеринарна медицина. Веднаш пристапивме кон протоколот за справување со птичји грип…
Доцна синоќа нов анонимен телефонски повик во Министерството за Внатрешни Работи ја крена полицијата на нозе, откако било пријавено дека е подметната бомба која ќе го крене Собранието на РМ во воздух. Непознато лице се јавило синоќа во 23 часот и 2 минути во полиција и пријавило дека има бомба во Собранието, по што веднаш Единиците за антитероризам излегле на терен. Сепак, дојавата била лажна и дошла од говорница од затворот Идризово. Ова е втор ваков обид за неколку денови откако викендов пијан маж се закани дека има поставено бомби во Владата на РМ. Полицијата веднаш превземала мерки по што утврдила…
31 јануари 2017 ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 јануари. Денеска е Св. Атанасиј Велики и Кирил Александриски. Свети Атанасиј се роди во Александрија. Во младоста стекна солидно образование. Уште како млад, неговата ревност ја забележа архиепископот Александар, па кога потпорасна го зеде за свој личен секретар. Кога Александар се упокои на александриската катедра беше избран Атанасиј. Свети Атанасиј неколку пати беше прогонуван оттаму од еретиците и неколку пати се враќаше на катедрата. Крајот на животот сепак го помина во својата црква во Александрија. Се упокои во 373 година. Денес се слави заедно…
https://youtu.be/J12WO2WYJlU [iframe-popup id=”3″]
Автобус на компанија од Македонија, кој сообраќал од Струга кон Германија се запали рано утрово односно во 05:20 и изгоре во близина на Граничниот премин Walserberg. Нема повредени патници, навреме го напиштиле автобусот и сите се згрижени во прифатен центар од каде ќе го продолжат патувањето до саканата дестинација. [iframe-popup id=”3″]
Од пред неколку денови речиси во сите угостителски објекти се забранува пушење и на терасите каде што до скоро беше дозволено пушењето. Според информациите засилени активности на инспекторите на терен се причина угостителските објекти деновиве да бидат посериозни и повнимателни при спроведување на законот за пушење. А, главната причина е селективност и непочитување на законот кај дел од угостителските објекти. Законот превидува глоба од 2000 до 4500 евра за правното лице кое го прекршува законот и казна од 500 до 1000 евра за одговорното лице во правното лице. Според информациите засилените контроли на терен имаат за цел целосно и рамномерно…
https://youtu.be/EfRbAL5sUrQ Фото: Драган Костовски [iframe-popup id=”3″]
