Author: G B R
Две ѕвона изработени од месинг тешки по 70 килограми се украдени од манастирот „Св. Пантелејмон“ во кочанското село Пантелеј. Непознатиот сторител кражбата ја извршил во периодот од 20-ти до 21-ви јануари, а од црквата случајот во полиција бил пријавен во текот на вчерашниот ден. Од МВР информираат дека се преземаат сите мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на тешката кражба. [iframe-popup id=”3″]
24 јануари 2017 (МИА) 41.- Убиен бил римскиот цар Гај Јулиј Калигула. Тој во текот на владеењето од 37 до 41 година искажа бруталност, самоволие и нечуено расипништво. Кога вовел неподносливо високи даноци и се свртел против Сенатот и војската, дури и против командантите на сопствената преторијска гарда, бил убиен. Сенатот потоа за цар го прогласил неговиот чичко Клавдиј Тибериј Друз. 76.- Роден е римскиот цар Публиј Елиј Хадријан, кој во текот на владеењето од 117 до смртта во 138 година, увидувајќи дека Римското царство слабее, ги утврдил границите во југозападна Германија и Британија. На северната граница на провинциите во Британија, помеѓу заливите Клид и…
23 јануари 2017 (МИА) 1516.- Умрел шпанскиот крал Фердинанд Втори и Петти Католички (како Фердинанд Втори владеел со Арагонија, а како Фердинанд Петти со Кастиља и Леон). Неговото доаѓање на престолот на Арагонија во 1479 година го означило почетокот на историјата на обединувањето на Шпанија. 1556.- Се случил најкатастрофалниот земјотрес во историјата на светот во густонаселената покраина Шенси во Кина, во кој се проценува дека загинале околу 830.000 луѓе. Огромниот број жртви се должел на тоа што населението живеело во вештачки пештери тнр. јаодунг), ископани во растресита глина. 1719.- Со обединување на Вадуц и Шеленберг создадено било кнежеството Лихтенштајн. 1783.- Во Гренобл е роден Мари Анри Бејл, познат под псевдонимот…
Од утре почнува второто полугодие од учебната 2016/2017 година. Повеќе од 270 илјади ученици, 188 илјади основци и 80 илјади средношколци, се враќаат во училиште. Распустот беше продолжен за два работни дена за да се избегне опасноста од ширење на грип. [iframe-popup id=”3″]
22 јануари 2017 (МИА) 1440.- Роден е големиот московски кнез Иван Трети Васиљевич, наречен Иван Велики, кој ја направил Русија многу моќна. По неговото доаѓање на власт, кон Русија припоил повеќе кнежества, вклучувајќи ги Твер, Ростов и Новгород, а во 1480 година ги ослободил од монголската власт. Настојувал да ја зајакне централната власт и во 1497 година го издал единствениот „Судбеник“ за цела Русија. Започнал со ѕидањето на московските кремљски палати кои и денес постојат. 1517.- Војската на турскиот султан Селим Први во битката кај Рајдани во близината на Каиро ги победила мемелучките сили и седум дена потоа влегла во Каиро, приклучувајќи го Египт кон Османлиското царство.…
https://youtu.be/9mo2SF5X0fg [iframe-popup id=”3″]
Ова утро во насекаде во Македонија имаме претежно облачно и студено време, а во одделни котлини има и појава на слаба магла. МАКЕДОНИЈА – Во текот на денот ќе биде претежно облачно време со услови за повремени сончеви периоди и тоа на повисоките места како и во крајните југоисточни предели. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање и ќе бидат под просекот за овој период од годината, минималните од -6 до 1 степен, додека пак максималните ќе достигнат до -3 односно од 5 степени. Во вечерните часови и во текот на ноќта појава на…
20 јануари 2017 Хина – Загреб Американскиот претседател Барак Обама ја напушта должноста денеска, на 20 јануари, а следат девет работи по кои ќе биде запомнето неговото претседавање. 1. Создавање на историја Кога историчарите би напишале само една работа за Барак Обама, тоа најверојатно би бил фактот дека тој млад сенатор од Илионоис стана прв црнец претстедател на САД, по 143 години од укинувањето на ропството. Обама, тогаш 47-годишен, на својата инаугурација во 2009 година покажа голем говорнички талент, промовирајќи ја својата порака за „надеж и помирување”. Но, во текот на своите два мандати понекогаш тешко ги претвораше своите поетични…
20 јануари 2017 (МИА) 1265.- Првпат е свикан англискиот Парламент со што била ограничена власта на монархијата. 1327.- Англискиот крал Едвард Втори го принудил високото племство да абдицира во корист на синот Едвард Трети. 1649.- Заробениот крал Чарлс Први на крајот на граѓанската војна меѓу монархистите и следбениците на парламентот во Англија бил изведен пред суд и обвинет за предавство, односно за тајни преговори со Шкотите. Наброзо бил осуден на смрт и погубен 10 дена подоцна. 1667.- По 13-годишните борби Русија ја поразила Полска во војната која избила во 1654 година. По мирен пат во Андрусова, Полска се одрекла од Киев, Смоленск и од делови на Украина на левиот брег од реката…
20 јануари 2017 Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јануари. Денеска е Собор на св. Јован Крстител. Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Боголавление. Тоа е затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓање¬то на Помазаникот Исус. Така, иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т. е. главен празник е на денешен ден. [iframe-popup id=”3″]
