Author: G B R
Водици или Богојавление, денот на кој според христијанското предание Св.Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Се прославува на 19 јануари кај црквите што го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и македонската. Тоа отприлика е кусото објаснување за значењето на овој значаен датум во православието. Секоја чест на исклучоците, но, се чини дека за Балканот дефиницијата на тој ден треба да биде надополнета и со: „Денот кога се покажува сета ‘глупоштија’ што можат да ја направат верниците во трката за крстот“. Така, после многу снимки кои дојдоа од нашите села и градови, а во кои се изнагледавме разни…
Вчера во полициската станица во Виница дежурен лекар од Брзата помош телефонски пријавил дека во куќата на К.П. во селото Истибања починало бебе. Во куќата како потстанари живееле С.Ц. и Ц.Ј., а нивното бебе било родено на 13 јануари. Лекарите констатирале смрт без траги на насилство. Таткото, вчера наутро, прв забележал дека бебето не дава знаци на живот и било помодрено по телото. Јавното обвинителство издаде наредба да се изврши обдукција. [iframe-popup id=”3″]
Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот…
19 јануари 2017 (МИА) – Македонската православна црква денеска го слави Богојавление – Водици, голем христијански празник во спомен на денот кога Јован Крстител на реката Јордан го крстил Исус Христос. Додека Христос излегувал од водата небото се отворило и на него, во облик на гулаб, се спуштил Светиот дух, при што се слушнал гласот Божји: „Мои љубени, ова е Синот на мојата волја“. 1419.- Во Стогодишната војна меѓу Франција и Англија, бранителите на францускиот град Руан и се предале на војската на англискиот крал Хенри Петти, по што тој го заврши освојувањето на Нормандија. 1736.- Во Гринок, Шкотска, е роден Џејмс Ват, англиски…
Снежна лавина се сруши на хотел во планинска област во италијанската регија Абруцо. Исчезнаа најмалку 30 луѓе, гости и вработени во хотелот. Лавината се случи неколку часови по серијата земјотреси кои ја погодија Италија, затрупувајќи го хотелот „Ригопјано“ кај Пескара. Официјални извештаи за жртви нема. Само час-два пред лавината, хотелот на својата Фејсбук страница ги предупреди гостите дека телефонските линии се во прекин поради лошите временски услови. Прекинот на телефонските врски и натаму е во тек, затоа што обидите на спасувачите со гостите да стапат во контакт преку мобилната телефонија не вродиле со плод. На местото на настанот стасале служба…
Невработен од Виница од синоќа е милионер. Среќата на 21-годишниот Лазе Димитровски му ја најавило бадниковото лепче L На Бадник ми се падна паричката и веројатно навистина носи среќа, кажа Лазе Димитровски, добитник на милион. Бидејќи на лото добиваат само тие што играат, стаж со игрите на среќа има и Димитровски : ретко играм на апарати, почесто уплажам спортска, кажа Лазе Димитровски. Oткако еуфоријата веќе минува, сега Димитровски е пред слатки дилеми што со парите : Засега немам некои планови, ќе видиме понатаму како же ги трошиме, рече среќниот добитник. И неминовното прашање во вакви ситуации е дали ќе продолжи…
Продолжува снежното и студено време во Македонија. Денес ќе имаме значително зголемување на снежната покривка на повеќе места и за 20 до 30 сантиметри, најавува УХМР врнежите ќе бидат пообилни кон крајот на денот и во текот на ноќта. Најмногу врнежи ќе има на југот од земјава каде на места се очекуваат и над 40 cантимтери нов снег. Како што информира УХМР, најмногу снег утрово има во Маврово, 69 сантиметри, а најмалку во Штип, еден сантиметар. Наврнати се четири сантиметри снег во Виница, пет во Претор и Прилеп, седум во Демир Капија, 10 во Крива Паланка, 13 во Струмица, 14 во…
Наближува еден од поголемите христијански празници, Богојавление или Водици, денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Со одбележување на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Tрадиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода – река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени…
Вонсудската наплата на долговите важи за сметки вредни до 6.000 денари, а за поголемите суми постапка нема да почне пред извршителот да го информира должникот Вонсудската наплата што се воведе со новиот закон за извршување значи можност граѓаните да ги намират своите долгови во фазата кога тие не се оптоварени со други трошоци. Тоа значи дека компаниите што нудат комунални услуги пред да почнат со постапка за тужење на сметките што ги водат пред нотар или пред суд, ќе треба да се обидат да ги наплатат преку извршител уште во таа рана фаза. Целата постапка пред извршителот би била со…
Фудбалскиот клуб Јувентус го претстави новиот грб на клубот кој многу се разликува од досегашниот. Претседателот на клубот Андреа Ањели на свеченоста во Торино рече дека клубот на новото решение за грбот на спорткиот колектив работел една година. „Претходната година се обидувавме да дознаеме што сака новиот пазар … нов грб, симбол и нов начин на живот“, истакна Ањели. На претставувањето на новото лого на Јувентус присуствуваа челниците на клубот и играчите на шампионот на Италија. Сеуште е неизвесно кога и дали новиот грб ќе се најде на дресовите на Јувентус. [iframe-popup id=”3″]
