Author: G B R
https://youtu.be/ai7w4X4C1y8 [iframe-popup id=”3″]
https://youtu.be/akCjeYP6FKQ [iframe-popup id=”3″]
Сурова ечеше од рано наутро во делчевски Ѕвегор. Суроваскарите со зурли и тапани им посакаа на ѕвегорци сурова, зелена и здрава Стара нова година. Ова е прослава на новата година, денеска по старо треба да е 1 јануари, а сурова значи здрава нова година, изјави Стефан Манасиев, жител на с. Ѕвегор. Ѕвегорските суроваскари и оваа година преку вековното живо наследство, сурова, со свадбарската поворка и тетатарот на отворено под маски го посетија секој дом во селото. Ова е стара традиција, јас сум стар дедо и ги бркам лошите духови, изјавија дел од маскираните суровари. Секоја година се преправам, а оваа…
Еден од најпопуларните пејачи во поранешна Југославија, Мики Јевремовиќ, почина денеска во болница во Белград. Јевремовиќ, кој на 27 декември имаше тежок мозочен удар неколку дена беше во кома. Милорад Мики Јевремовиќ е роден во Белград на 27 март 1941 година. Беше најпопуларен во текот на 60-те и 70-те години на минатиот век. Почетокот на кариерата го обележа со хитовите „Мама“ и „Осумнаесет жолти дуњи“. Подоцна публиката ја освои со песната „Ако некогаш ја видиш Марија“. [iframe-popup id=”3″]
14 јануари 2017 1742.- Во Лондон умрел Едмунд Халеј, англиски астроном и геофизичар. Меѓу другото, прв открил дека ѕвездите се движат. Најмногу набљудувана и најпозната е според него наречената Халеова комета. Роден бил во 1659 година. 1784.- САД го ратификувале мировниот договор со Велика Британија, со што и формално завршила Американската војна за независност. 1809.- Британија и Шпанија склучиле сојуз против францускиот цар Наполеон I. 1839.- Во Штип е роден Јосиф Ковачев, учител, педагог, основоположник на современото школство во Македонија, еден од најобразованите луѓе во Македонија во тоа време. Умрел во Софија, на 31 декември 1898 година. 1875.- Во Кајзерберг, Франција, е роден Алберт Швајцер,…
14 јануари 2017 ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 јануари. Денеска е Обрезание Господово и Св. Василиј Велики. Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Обрезанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква. Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството. Денес се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четрвтиот…
Пожар избувнал во четвртокот вечер во семејната куќа на Г.Б. (64) од село Илиово, делчевско, при што била зафатена една соба во која престојувале и изгорела покуќнината и дел од таванската конструкција. Известена била ТППЕ-Делчево, кои поради непристапниот терен и временските неприлики (големите наноси од снег), не можеле да излезат на местото на настанот. Пожарот за кратко време бил локализиран од страна на пријавителот, неговиот татко и Ј.Р. од Илиово. Истиот настанал најверојатно поради палење на саѓите во оџакот, меѓутоа точните причини ќе бидат утврдени по извршениот увид на самото место. [iframe-popup id=”3″]
Скопје, 11 јанууари 2017 (МИА) – Иако изминаа само 10-тина дена од новата 2017 година, на интернет веќе се појави трик кој го претскажува Вашиот живот во наредните 365 дена. Сакате да знаете каква ќе ви биде претстојната година? Само отворете ја првата книга што ќе Ви дојде при рака на 117-та страница. Ретки се оние кои ќе одолеат на предизвикот. Едноставноста на трикот е доволна за тој да ги опседне „зависниците од интернет“. Социјалните мрежи се полнат со објави и фотографии од страниците број 117. [iframe-popup id=”3″]
13 јануари 2017 1559.- Елизабета I е крунисана за англиска кралица. 1806.- Во Вршац е роден Јован Стерија Поповиќ, српски писател, комедиограф и еден од првите големи поети на поновата српска литература. Познати се неговите комедии „Лажење и надлажување“, „Покондирена тиква“, „Злобна жена“, „Кир Јања“ и „Родољубци“, романот „Роман без роман“ и збирката поезија „Даворје“. Умрел во Вршац, на 10 март 1856 година. 1854.- По Биртанско-кинеската војна, која на Европјаните им овозможила продор на Далечниот Исток, американски и руски бродови впловиле во пристаништето Урага кај Еда (денешен Токио), каде бил потпишан договор со кој Јапонија ја отворила вратата за американската трговија. 1874.- Воведена бил…
13 јануари 2017 ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 декември. Денеска е Преподобна Меланија Римјанка. Оваа Меланија беше вдовица на окружниот римски управник. Живееше во четвртиот век, кога во Рим многумина беа восхитени од подвижничкиот живот на Истокот, за што се дозна од неколкуте подвижници што во тоа време дојдоа од Исток во Рим. Таа се учеше на подвизите од блажениот Ероним. Подоцна замина за Ерусалим, каде ги продолжи подвизите до својата длабока старост. Целиот свој имот го беше раздала служејќи им на бедните. При крајот на животот го посети Рим за да…
