Author: G B R

10 јануари 2017 49 г.п.н.е.- Гај Јулиј Цезар (римски војсководец, државник, диктатор) ја изговорил познатата реченица “Коцката е фрлена”, по што ја минал реката Рубикон (денешен Вар), со што почнала граѓанската војна со приврзаниците на Помпеја која завршила со воведување негова лична диктатура. Во 44 г.п.н.е. Цезар бил убиен од припадниците на републиканската опозиција. 1778.- Умрел Карл фон Лине, шведски ботаничар-систематичар, прв претседател на Шведската академија на науките, еден од најголемите дескриптивни ботаничари на сите времиња. Прв ги дефинирал родовите и ја вовел двојната номенклатура за означување на растенијата и животните. Роден бил во 1707 година. 1862.- Умрел американскиот пронаоѓач Семјуел Колт. По…

ПОВЕЌЕ ...

Студот убива. 80-годишна старица од Пехчевско, премрзна дома. Таа најмалку шест часа лежела неподвижна во ходникот од семејната куќа, каде поради немоќ паднала. Таму е пронајдена дури околу седум часот утринава по што е повикана итна медицинска помош. Бидејќи се работи за гранично место, наместо во  пехчевската, повикот завршил во делчевската итна помош, од каде веднаш тргнале за спас на жената, но за помош веќе било доцна: Стануваше збор за четврт степен на премрзување, немаше периферна циркулација, отежнато дишење, работата на срцето беше исцрпувачка, изјава м-р д-р Гоце Стојменовски, началник на Итна медицинска служба – Делчево. Дека шанси за живот…

ПОВЕЌЕ ...

09 јануари 2017  Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег на коловозите, по интервенција на екипите од „Македонија пат“. На планинските премини, повисоките и осојничави места поради ниски температури можна е појава на голомразица. Врнежи од слаб снег во раните утрински часови се бележат во Крива Паланка. Од 08:30 часот укината е забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар. Забрана за движење на тешки товарни возила има на крак Маврово – Дебар, како и на патниот правец Прилеп – Витолиште. На патниот правец Прилеп – Витолиште сообраќајот…

ПОВЕЌЕ ...

Владината Комисија за оперативно справување на активностите за заштита на населението од студеното време денеска објави нови препораки до граѓаните. Во нивните препораки се препорачува навремено вакцинирање против сезонски грип (особено важи за лица над 60 години, и хронично болни лица). Исто така се препорачува: „Редовно земајте ја пропишаната терапија и консултирајте го вашиот матичен лекар. Пијте топли напитоци. Јадете доволно бидејќи тоа ја одржува температурата на телото. Избегнувајте алкохол бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија. Во случај на настинка и потешкотии на дишењето, обратете се кај вашиот матичен лекар. Проверете го времето и временската прогноза и одберете соодветна облека. Избегнувајте физичка активност на отворено.…

ПОВЕЌЕ ...

Забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец од Кочани преку Македонска Каменица до граничен превој Делчево од 08:00 часот утрово е укината. Останува забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар, како и на патниот правец Маврово – Дебар. [iframe-popup id=”3″]

ПОВЕЌЕ ...

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ -28 Берово, -25 Битола, -24 Маврово и Делчево, -23 Лазарополе, – 23 Македонска Каменица, -22 Тетово, Крушево, -21 Скопје Петровец, Штип, Прилеп, -20 Виница, -19 Куманово, Ѓуриште, Тополчани, -18 Струмица, -17 Д. Капија, -16 Охрид, Претор, -15 Дебар, -12 Дојран, -10 Гевгелија, 17 Скопје. ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (8 часот). 8 Претор, Д. Капија, 9 Струмица, Скопје, 10 Скопје Петровец, 11 Виница, 14 Штип, Прилеп, 15 Охрид, 17 Битола, 20 Куманово, Ѓуриште, 21 Кр. Паланка, 23 Крушево, 27 Берово, 30 Дебар, Тетово, 35 Тополчани, 49 Лазарополе, 56 Пожаране, 78 Маврово. ВРЕМЕТО ВО КАМЕНИЦА ДЕНЕС Променливо облачно и…

ПОВЕЌЕ ...

Христос се роди! Христос се роди и за оние кои палеа огнови, но и за оние кои не палеа. И за оние што возат џипови, и за оние кои одат пешки. И за оние кои традицијата ја издигаат над верата, но и за оние кои опоменуваат дека во верата нема компромис. И за оние кои ги напуштиле своите огништа, но и за оние кои останале во нив и по цена на животни закани. Христос се роди и стана човек за човекот да се обожи. Христос се роди за да го измири Небото со земјата. Христос се роди и за да…

ПОВЕЌЕ ...

 Православните верници низ светот кои се водат по јулијанскиот калeндар денеска го прославуваат најголемиот христијански празник Рождеството Христово – Божик. Во соседна Србија најрадосниот христијански празник започна со свечени полноќни литургии во сите цркви, а главната церемонија се одржа во храмот на Свети Сава во Белград каде во приуство на претседателот Томислав Николиќ, служеше поглаварот на Српската православна црква патријархот Иринеј. Српските верници го прославуваат Божик и во Република Српска во Босна и Херцеговина како и во српските општини на Косово а за првпат после 18 години божикна литургија се служеше и во храмот на Христос спасителот во Приштина. И…

ПОВЕЌЕ ...

Ниските температури и силниот ветер го заледија Јадранското Море кај областа Ивињ, но и Вранското Езеро. Студениот бран донесе температури и до -20 степени целзиусови, а тоа беше доволно да замрзнат делови од морето. [iframe-popup id=”3″]

ПОВЕЌЕ ...

Премзнат човек најден во месноста Брежјето во Делчево е спасен благодарение на брзата интеревенција на Итната медицинка служба. Според информацијата од делчевската Итна медицинска служба станува збор за 57-годишен жител на Делчево кој пред неколку часа отишол да ја нахрани стоката и не се вратил дома, а најблиските го нашле паднат во вода, целиот воден и премрзнат и во бесознание, во близина на шталата. Д-р Гоце Стојменовски, раководител на Итната медицинска служба во Делчево информира дека екипата на Итната медицинска служба во Делчево реагирала брзо, на лицето му е дадена терапија за реанимација и на инсистирање на семејството лицето не…

ПОВЕЌЕ ...