Author: G B R
Дека само еден ден во годината не треба да се сеќаваме на хуманоста, потврдуваат од рударска Каменица. Во оваа општина лани за помош на граѓани се исплатени околу 630 илјади денари. Највесело Новата година во општините од крајниот исток ја дочекаа жтелите на Македонска Каменица. Околу 1.000 луѓе беа на градскиот плоштад, каде еуфоријата ја подгреа, огнометот, музиката од локалниот бенд, но и пијалок кој со точеше на штандовите. Оваа формула за дочек на Новата на отворено, рударска Каменца ја практикува со години и се покажа како одлична за каменичани. Во партнерство со РОЦ Саса, Општината одговори на барањата на…
03.01.2017 – (www.kamenica.mk) Калифорнија и беровско Русиново ги врзува приодното светско чудо од ендемичен вид- зимзеленото дрво севкоја кое живее во дворот на беровското училиште „Никола Петров- Русински“. Пензионираниот наставник по биологија Благој, се сеќава дека дрвото е засадено пред три децении. Изјава Благој Чукарски, пензиониран наставник по биологија-ова дрво е засадено 1984 година, во рамките на наставата за земјоделско образование, јас и учениците го засадивме, но не знаевме тогаш дека станува збор за севкоја Потеклото на дрвото е од Калифорнија, раскажува наставникот, кој добро го проучил овој ендемичен вид – Татковината на дрвото е во Калифорнија, каде ова дрво…
Нема некој што не запалил најмалку една петарда во периодот околу новогодишните празници. Но, замислете како би било кога би запалиле, ни помалку, ни повеќе, десет илјади петарди одеднаш. Тоа што може да се добие како резултат од тој експеримент делува и прилично опасно, особено ако се решите да го направите во затворена просторија. Сепак, за да се избегне опасноста, експериментот е направен на отворено, но целата подготовка се одвиваше неколку дена. Петардите, една по една беа наредени една врз друга, така што на крај се доби експлозивна композиција долга над пет метри. Исклучително е досетлив начинот за нивно палење,…
Атина, 3 јануари 2017 – Ветеринарните служби на Грција се во зголемен степен на тревога за да се спречи преносот на вирусот Х5Н6 на птичјиот грип од диви птици на живина, откако тој бил откриен кај лебед во делтата на реката Марица во североисточниот дел на Грција. Испитувањето на немиот лебед пронајден на 14 декември во близина на делтата на реката Марица покажало дека птицата починала од птичјиот грип Х5Н8, стои во извештајот на Светската организација за здравје на животните. Во соопштението за печат објавено вчера, префектурата Атика ги потсети атињаните дека е нелегално да се држи живина во незатворени простории…
Исланѓанката Катрин Гудјонсдотир доби син, со кој не само што ќе дели ист роденден, туку и титулата на првородено бебе во годината. Катрин била првото бебе родено во Исланд во 1980 година, а се породи на 3 минути после полноќ – раѓајќи го првото бебе во Исланд годинава. Првородените бебиња на Исланд не добиваат никакви посебни подароци, но необичната коинциденција на случајот не можеше а да не предизвика големо медиумско внимание. „Се шегувавме вчера (со сопругот) дека нашиот син може да биде првото дете што ќе се роди во 2017-та, но не верувавме дека навистина ќе се случи. Делуваше претерано нереално“, вели мајката.
Од почетокот на оваа година, одбрана група од 2.000 невработени во Финска ќе прима по 560 евра, плата со која не се поврзани никакви услови – не мораат да работат и не мораат да бараат работа, ако не сакаат. Со тоа Финска е првата земја која се впушти во експериментот на безусловен приход за граѓаните, за кој многу земји само размислуваат. Целта е во првата фаза да се види како безусловната плата ќе влијае врз однесувањето на граѓаните. Парите ќе ги дели финската служба за социјална помош, таму позната како Кела. Треба да се додаде-овој износ никако не значи можност за…
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 7 јануари, сабота, Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед. [iframe-popup id=”3″]
3 јануари 2017 1875.- Умрел францускиот лексикограф и енциклопедист Пјер Атанас Ларус, издавач на „Големиот светски речник на XIX век“ во 17 тома. Издавачката куча „Ларус“ по неговата смрт продолжи со издавање на енциклопедиски и лексикографски дела. 1892.- Роден е англискиот писател Џон Роналд Руел Толкин, професор на англосаксонскиот (староанглиски) и англиски јазик и литература на Оксфордскиот универзитет. Дела: „Господар на прстените“, „Хобитот“, „Силмарион“. 1923.- Умрел Јарослав Хашек, чешки писател. Најпознат е по неговиот популарен хумористично-сатиричен роман „Доживувањата на добриот војник Швејк за време на светската војна“ во која ја разотркива сета бесмисленост и лудост на милитаризмот. Роден е на 30 јануари 1883 година.…
Сторителот, преку необезбедена гаражна врата, влегол во дворот, а потоа со употреба на алат ја отворил влезната врата од куќата, се качил на катот од куќата, украл околу 5.000 евра, и побегнал Пет илјади евра се украдени од куќа во Виница на новогодишната ноќ, информира денеска Министерството за внатрешни работи. Според МВР, З.М. (42) во Полициската станица Виница телефонски пријавил дека во периодот од 22 часот на 31 декември до 00:15 часот на 1 јануари непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа. – Сторителот, преку необезбедена гаражна врата, влегол во дворот, а потоа со употреба на алат ја отворил…
Најниска температура од минус 12 степени Целзиусови во осум часот утринава во Македонија е измерена во Берово, додека во Македонска Каменица живата падна до -11°С. Во Демир Капија се регистрирани минус десет степени, а минус девет во Куманово, Струмица, Штип и Тетово, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минус осум степени се измерени во Скопје Зајчев рид, Крива Паланка, Битола и Прилеп, минус седум во Пожаране, минус шест во Маврово, Гевгелија, Виница и Лазарополе, минус четири Дојран, Охрид и Претор, минус три во Тополчани и Крушево, а минус два во Ѓуриште. Највисока снежна покривка од девет сантиметри има во Лазарополе,…
