Author: G B R

Од утрово повторно мироточи иконата на „Св. Богородица“ во с.Трубарево Повторно солзи на иконата на Пресвета Богородица во Трубарево. Утрово по завршување на неделната литургија, верниците забележале мироточење на иконата. Веднаш го известиле попот и надлежните од МПЦ-ОА. Очекуваат во секој момент како што велат чудото кое се случува во црквата Свети Ѓорѓија во скопско Трубарево да биде потврдено од официјални лица. Според верувањата мироточењето на икона е предзнак, предупредување за нешто што ќе се случи во иднина. За овој случај верниците велат дека не очекува добра вест или случка бидејќи солзите се бистри и чисти. Во случај кога истите…

ПОВЕЌЕ ...

Канабисот е растение кое му е познато на човекот околу 28.000 години и може да се користи за многу цели – во исхраната, медицината, градежништвото, како гориво и сл. Од канабисот може да се добијат над 50.000 различни производи. „Global media planet“ пишува за некои факти поврзани за употребата и целите на канабисот. Имено, канабисот се користел од многу одамна. Во Чешка република бил пронајден сад со украс од канабис кој е стар 26.000 години. Кинезите го користеле растението за производство на хартија, а во медицината го користеле 2.800 години пред нашата ера. Од канабисот се произведувале облека, книги. Американската…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска е недела, 1 јануари 2017 година, 1-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 364 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минута,  а ќе зајде во 16 часот и 12 минути. Денов трае 9 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 8 часот и 55 минути, а ќе зајде во 19 часот и 32 минути. [iframe-popup id=”3″]

ПОВЕЌЕ ...

Нападот бил извршен во популарниот ноќен  клуб „Рејна“ во квартот Ортакој, откако едно лице кое било облечено како Дедо Мраз влегло во клубот и отворило оган кон присутните кои таму ја прославувале новата година. Нападот почнал во 1:15 часот по полноќ по локално време, кога напаѓачот застрелал полицаец и цивил на влезот, по што влегол внатре и почнал да стрела кон луѓето, Турските власти соопштија вчера дека распоредиле 17 илјади полицајци во Истанбул за обезбедување на празнувањето на Нова година, при што некои од нив биле облечени како Дедо Мраз, а некои како улични продавачи. Напаѓачот се уште е на…

ПОВЕЌЕ ...

Од 1 јануари 2017 година стапува во сила нов Закон за извршување со кој ваквите шокови на кои цела една деценија беа изложени должниците, заминуваат во историјата. Извршителите велат дека се е подготвено од првиот работен ден во 2017 година да почнат со новините: известување на граѓаните пред да им се блокира сметката, вонсудска наплата на комуналните долгови, но и наплата по нова тарифа за неколку комунални услуги, со која драстично ќе се намали цехот што го плаќа должникот при извршувањето. Граѓаните кои имаат долгови за струја, вода, парно и други комунални услуги, по новогодишната прослава полесно ќе дишат. Воздухот…

ПОВЕЌЕ ...

1 јануари 2017 – Денеска е Светски ден на мирот 45.п.н.е.- Воведен бил во употреба новиот календар, наречен „јулијански“, со кој римскиот државник Гај Јулиј Цезар, според советите на грчките астрономи го реформирал сметањето на времето така што за почеток на годината го определил 1 јануари. Јулијанскиот календар е заснован на Сончева година од 365 дена и шест часа, но во него годината е подолга од Сончевата за 11 минути и 14 секнудни, па поради тоа секоја четврта година е престапна, а на секои 128 години се појавува „вишок“ ден. За да се елиминира тој „вишок“, папата Гргур Тринаесетти, според советите на астрономите,…

ПОВЕЌЕ ...

По повод претстојните новогодишни празници, финансискиот директор од Рудник „Саса“, г-дин Дејан Спасевски градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски беа во посета на ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Градоначалникот им ги честиташе претстојните празници со новогодишни пакетчиња, а дечињата со пригодна новогодишна програма се заблагодарија за подароците. Пакетчиња исто така добија и дечињата од Детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица. Подароците за дечињата се обезбедени благодарение на успешниот партнерски однос помеѓу општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“. [iframe-popup id=”3″]

ПОВЕЌЕ ...

Беровско Русиново во Новата година ќе влезе со најмногу ергени. Старите кои редовно го набљудуваат животот во нивното село од клупата во центарот на Русиново, избројале над 200 ергени кои имаат просечна возраст од 40 години. Има, има многу неженети. Ергени има, но девојки нема, и од каде да им најдеме, изјавија анкетирани граѓани. Според жителите во Русиново нема моми, а овде не доаѓаат ниту девојките од Албанија. –        Имаше една жена од Албанија, но таа не можеше да издржи во Русиново и си замина за Битола, каде се премажи, изјавија анкетирани граѓани. Проблемот со женењето, жителите го лоцираат во…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица (28.12.2016) Возете внимателно! И покрај напорите на службите во градот за расчистување на градските улици тие сепак утрово останаа влажни, а на поедини места беа под мраз и снег. Врнежите од снег поради ниските утрински температури останаа на улиците и коловозите што беа причина и за помала сообраќајна незгода во центарот на градот помеѓу две патнички возила кои се движеле по магистралниот пат Кочани – Делчево. Причинета е помала материјална штета, полицијата изврши увид на настанот, го регулираше сообраќајот кој беше запрен во двата правци за тешки товарни возила кои транзитираат низ Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Перспективно рударството може да стане носечка стопанска гранка во регионот. Ова е резултат на доделените концесии и најавата за отворање на нови рудници, постапка која е во завршна фаза: Ние во септември добивме концесија за експлоатација за Боров Дол. Ги вршиме другите подготовки за почеток за изработката на рударскиот проект за експлоатација на тоа рудно тело. За Кадиица концесијата исто така ја имаме, вршиме дополнителни истражувања со цел да се направи нова студија за оправданост на инвестицијата, вели Николајчо Николов, прет. на Асоцијација за рударство на РМ. Во моментов, на територијата на Источниот регион, веќе работат четири рудници: Саса во…

ПОВЕЌЕ ...