Author: G B R

Мето Јовановски, македонски раскажувач и романсиер и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, почина вчера на 88-годишна возраст. Тој е автор на збирки песни, романи, песни за деца. Негови дела, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици. Во кариерата долга 6 децении, Јовановски објавил 30-на книжевни дела – збирки песни, раскази, романи, песни за деца, кои, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици. Негови најпознати дела се романите „Писмо до саканата“,„Балканска книга на умрените или Ослободување преку зборување“,„Хајка на пеперутки“,„Слана во цутот на бадемите“, „Земја и тегоба“, збирките раскази „Јадреш“, „Мени на мојата месечина“, „Крстопат кон…

ПОВЕЌЕ ...

Во пожар, кој попладнево избувна во штала во делчевското село Град, изгоре стока и предизвикана е голема материјална штета. Од ТППЕ – Делчево информираат дека пожарот е пријавен по 13 часот, а се уште гори, но успеано е да се стави под контрола, така што нема опасност по соседните објекти. Според информацијата од делчевските пожарникари во пожарот е направена голема материјална штета, настрадала стоката, три крави, две телиња и еден бик. За причините кои го предизвикале пожарот ќе се утврдува допонително, откако ќе се изгасне пожарот [iframe-popup id=”3″]

ПОВЕЌЕ ...

Во село Драмче, на досега “непознат” локалитет помеѓу градовите Македонска Каменица и Делчево, теренската екипа со која раководеше д-р Душко Алексовски, откри и документираше праисториски цртеж кој претставува зооморф, животинска фигура, слична на остатоците на прастари животни, чии остатоци порано на овој простор беа откриени од страна на Природно научниот музеј на Македонија. (На фотографијата се праисториски цртежи на животински фигури откриени кај село Драмче, чија старост се проценива на шест милиони години)Староста на овие животински фигури се проценува на околу шест милиони години. Фотографијата е од огромно значење, не само за македонската наука, туку и за светската научна мисла.…

ПОВЕЌЕ ...

Повозрасните жители на околните села па и во градот глава не можат да дигнат од измамници и крадци кои постојано ги скенираат нивните домови. Шемата е позната за сите па и за полицијата која очигледно покажува немоќ штом не можат да ги спречат овие „акцијаши“. Групата обично е составена од двајца „сниматели“. Ќе дојдат во селото ќе пикираат некоја куќа во која претежно живеат стари лица, ќе пројават интерес дека се заинтересирани за купување на земјиште и ќе ја почнат приказната. Едниот ќе покажува интерес за она што наводно ќе го купуваат, а другиот ќе ја скенира околината, имотот, куќата.…

ПОВЕЌЕ ...

Струмичката полиција во близина во близина на селото Дражево, вчера, на шумски пат открила десет илегални мигранти од Авганистан. Тие биле предводени од Б.Д. (49) од селото Штука. По наредба на Јавниот обвинител Б.Д. е уапсен, додека дел од мигрантите се спроведени во СВР Струмица за понатамошна постапка, а дел ќе бидат спроведени до Прифатниот центар за странци во Скопје. [iframe-popup id=”3″]

ПОВЕЌЕ ...

Островот Кетилсej, 1960 година. На ова напуштено исландско островче разденувањето на пролетта со себе носи нов живот за локалниот див животински свет. Со исклучок на распаднатото тело откриено од тројца ловци на фоки, зимата е период на спокој. Откако ќе се открие дека телото му припаѓа на дански криптограф кој е исчезнат со месеци, истрагата разоткрива мистериозна поврзаност помеѓу него и еден средновековен ракопис познат под името Флатејска книга. Наскоро уште едно мртво тело е пронајдено на Флатеј, друг остров на Брејдафјердур. Овој пат убиството влече корени од древната викиншка традиција на крвави орли. Истрагата набргу се соочува со темниот,…

ПОВЕЌЕ ...

Тешко ми е, сакам да си одам за Полска, одвај рече Јустина Мадевска. Солзи и очај и молба испратена на лош македонски испраќа  45-годишната Јустина, Пољакиња,мажена за Славе Мадевски од беровско Русиново. Нема македонско државјанство, нема документи за престој во Македонија  и нема право ни на здравствено ни за социјално осигурување, но има болест која не е дијагностицирана и која  со месеци ја врзала в кревет. Сиромаштијата не им го дава „раскошот“ за медицински испитување и лекување на Јустина. Нема ни здравстена книшка, ни пари, ништо. И апчиња и земав и за нив не сум платил. Едни апчиња и давам…

ПОВЕЌЕ ...

Припадник на Исламска држава во понеделникот вечерва со камион влета во толпа луѓе на новогодишен пазар во Берлин, при што уби 12, а потешко повреди 48 лица. После несреќата неколку луѓе се водат како исчезнати, а меѓу нив е триесетгодишната Италијанка, Фабриција ди Лоренцо. На местото на трагедијата пронајдени се мобилниот телефон и билетот за метро на Фабриција, но нејзиното тело го нема, и не се знае дали настрадала во нападот. Ако не е, нејасно е зошто веќе три дена не им се јавила на семејството или некому од пријателите, пишува весникот „Република“. До сега се идентификувани шест жртви, и…

ПОВЕЌЕ ...