Author: G B R

Во Македонска Каменица се одржа вториот турнир на Астра Спорт, одигран по повод големиот христијански празник Св. Никола. Овој турнир, кој претендира да стане традиционален, го организираше нашата школа во Македонска Каменица, според правилата и пропозициите на ракометната Академија Металург. Турнирот се одигра во спортската сала при ОУ “Кирил и Методиј” во Македонска Каменица. Во машка и во женска конкуренција настапија по три екипи, сите од нашите школи од регионот Исток. Во женска конкуренција се натпреваруваа РК “Младинец” од Кочани,  РК “Кочо Рацин” од Кратово и РК “Астра Спорт” од Македонска Каменица, додека во машка конкуренција настапија екипите на РК…

ПОВЕЌЕ ...

Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива тековно по наместа влажни коловози, а слаб снег којшто не се задржува на коловозот провејува во Прилеп, Буково, Ѓавато, Пресека и Железнец. Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека нивните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Подетални информации возачите може да добијат на дежурниот телефон 02/25 61 502 или на веб страницата www.makedonijapat.com.mk. [iframe-popup id=”3″]

ПОВЕЌЕ ...

89-годишен старец со иницијали Д.С. од Чорбаџиско маало во с. Луковица бил ограбен од двајца измамници, маж и жена. Тие се претставиле како купувачи на ниви во близина на неговата куќа. Смислено го извадиле од домот и додека тој на едниот му ја покажувал нивата, другиот (жената)  го пребарувала неговиот дом. Од паричникот му одзела 300 денари, но од дрвен сандак кој насилно бил отворен му одзела 20 илјади денари. Згора на се, тие и му го исклучиле телефонот, така што старецот не можел на никого да јави и да побара помош за неволјата што го снашла. Сепак, неговиот син…

ПОВЕЌЕ ...

Пожар изгоре до темел стара напуштена куќа во делчевско Вирче. Брзата интервенција на делчевските пожарникари кои во 20 часот биле известени за пожарот, ги спасиле околните куќи и стоката која се чувала во напуштената куќа сопственос на АА. Констатиравме дека станува збор за запален објект, односно помошен земјоделски објект. Веднаш е пристапено кон гасење, пожарот е локализиран и целосно е изгаснат до 23 часот, кажа Јонче Атанасовски, командир на ТППЕ Делчево. Првичните индиции се дека пожарот е подметнат. Најверојатно е подметнат поради нерасчистени имотно -правни работи, имавме вакви случаи претходно и во Стамер, а полицијата откри некои сторители, објасни Атанасовски.…

ПОВЕЌЕ ...

Оваа сабота 17. XII. 2016 година во спортската сала при ООУ “Кирил и Методиј” – Македонска Каменица со почеток од 10:00 часот РК “Астра – Спорт” ќе биде домаќин на ракомерниот турнир кој ќе се одржи по повод големиот христијански празник Св. Никола. На турнирот ќе учествуваат машки и женски екипи од неколку градови во повеќе категории и возрасти на натпреварување. Во женска конкуренција ќе се натпреваруваат РК “Младинец” – Кочани и РК “Кочо Рацин” – Кратово против домашната екипа “Астра – Спорт” од Македонска Каменица. Додека во машка конкуренција екипата на РК “Астра – Спорт” во Македонска Каменица…

ПОВЕЌЕ ...

Српскиот доајен на баладите Ѓорѓе Балашевиќ, по подолга пауза од музиката, ги изненади и воодушеви своите фанови издавајќи ја својата нова песна со наслов „Мала видра“. Последната негова песна „Дует“ беше објавена пред две години, непосредно по смртта на Кемал Монтено, посветена на покојниот пејач. Со својот нов сингл, Балашевиќ покажа дека и натаму е целосно внесен во специфичниот војводински мелос. Неговата ќерка пак, на Фејсбук напиша како настанала оваа песна. – Ја ставив оваа мелодија во шпицата на еден мој филм и се покажа дека таа одговара совршено. Ѓоле немаше намера да ја објави поради сомнежот дека „тоа  луѓето веќе…

ПОВЕЌЕ ...

Кај комуналните сметки рокот за застареност е една година од денот на настанување на обврската за наплата, а за фирми три години. Тоа значи дека ако некој овој месец од нотар добие предлог за наплата на сметки од декември лани, треба да поднесе приговор, затоа што тој долг е застарен. Граѓаните во последниве неколку години од компаниите кои вршат јавни овластувања за наплата на струја, вода и парно добиваат барања за наплата на стари долгови од пред 5, 10, па дури и од пред 20 години. За ваквите побарувања граѓаните дознаваат дури откако ќе им биде блокирана сметката од страна на…

ПОВЕЌЕ ...

Времето во Македонија ќе биде умерено, во северните делови повремено значително облачно со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а во југоисточните делови повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус три, а дневната од два до 11 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе се искачи до три степени. Од петок до недела времето ќе биде претежно сончево и студено. Утринските температури и понатаму ќе бидат доста ниски и на повеќе места ќе спуштат…

ПОВЕЌЕ ...

Скопје, 15 ноември 2016 (МИА) – Од денеска ќе бидат пуштени во оптек книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари, а ќе бидат повлечени банкнотите од 5.000 денари. Народната банка на Република Македонија соопшти дека одлуката за издавање книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари е произлезена од реално согледаната потреба за ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек. – Постоечката апоенска структура на книжните пари што се во оптек од 8 септември 1996 година до денес нема претрпено промени и воведувањето на овие два нови апоена претставува прва промена којашто се спроведува по…

ПОВЕЌЕ ...