Author: G B R
Сите го чекаме оној период од годината кога ќе ги накитиме елките, кога ќе заблескаат домовите и ќе се почувствува топлина и новогодишна магија. Особено дечињата се радуваат на китењето на елката, а не се имуни ни возрасните. За многумина ова е најубавиот период од годината, но дали знаете зошто всушност ја китиме елката? Сето тоа е објаснето со руска бајка. Имено, над пештерата во која Христос бил роден растеле дрва – бор, кедар и елка. Нив ги опсипала светлината на Христовото раѓање, па посакале и тие нешто да подарат. Кедарот ги затресол своите гранки и пред пештерата паднале игглички…
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб јужен ветер. Температурата ќе се движи од еден до осум степени. Во Каменица и денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб јужен ветер. Температурата ќе достигне до три степени. Во наредните денови следува период на стабилно, но константно студено време. Утринските температури ќе бидат многу ниски и ќе се спуштат и под -10 степени. Зголемување на облачноста ќе има в петок и во понеделник.
Со Radio.Garden скролај ја мапата на светот и слушај го секое можно радио што постои на планетата. Лесна и едноставна за користење, а воедно корисна и интересна алатка која ве води на било кое место во светот. Radio.Garden работи во позадина додека користите други апликации на вашиот телефон. Нуди интересно и ново доживување во шареноликиот колаж од звуци и новости од целиот свет, само со движење на локаторот од екранот. Еве линк што води директно до страната, ваше е само да лоцирате, слушате и да продолжите со уживање во било кој етер од земјината топка. http://radio.garden/live [iframe-popup id=”3″]
Извор: Канал 5 ТВ Овчар од Македонска Каменица заработи притвор, поради основано сомнение за полов напад врз малолетник не постар од 14 години. Случајот е пријавен вчера од семејството на девојчето од пехчевското село Умлена, каде осомничениот минатата година работел како овчар. Немилиот настан во повеќе наврати, според информацијата на полициските истражни органи се случил во периодот јуни-јули 2015 година, во домот на работодавецот на овчарот. Педофилот искористувајќи згодни прилики, кога тој и детето останувале сами, вршел полови дејствија, го допирал, покажувајќи го половиот орган, а не изнесувајќи други детали од грозоморниот чин, од полицијата, базирајќи се на исказот од…
Лондон, 11 декември 2016 (МИА) – Сигурно некогаш сте се нашле во состојба да мора да одите во тоалет а сте на гости, но ви е непријатно поради непријатниот мирис. Со мала превенција, зад себе ќе оставите миризлив и свеж тоалет. Неколку совети како да го освежите воздухот по користење на туѓ тоалет: Прво и најважно, потрудете се да пуштите вода што побрзо да го намалите непријатниот мирис. Отворете прозорец, или вклучете вентилација ако има. Ако сте понеле со себе чанта, можете да искористите: – мирисна крема или лосион; – лак за коса; – oсвежувач за здивот; – парфем. Ако ништо…
Објавено од Фокус На Марко Чаласан (16), малиот компјутерски Моцарт, кој пред неколку дена ја изгуби својата мајка Радица, која му беше најголема поддршка и ПР менаџер, му е потребна помош од државата. Генијалецот по информатика, кој што стана познат уште од својата шестгодишна возраст со успесите што ги постигна во областа на компјутерите, остана сосема сам во Скопје, откако мајка му почина по долгата битка со ракот. Тој живее во изнајмен стан во населбата Аеродром, без никој близок кој што би му помогнал. Како што дознаваме од пријатели на Радица, неговиот татко живеел во Америка, и по разделбата со…
Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од шест до 12 степени. Во Каменица со слично време, утринска температура до дури минус седум и дневна до десет степени. И во вторник слично време со засилен северен ветер, наместа со провејување слаб снег, особено во претпладневните часови. Во вторник утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од три до осум степени. Потоа следува претежно стабилно и постудено време со опаѓање на температурата.
Есма Реџепова (Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски) Со голема тага и жал ве известуваме дека утрово, по кратко и тешко боледување, на 73-годишна возраст почина кралицата на ромската музика, нашиот музички амбасадор во светот, Есма Реџепова-Теодосиевска. Есма Реџепова, нарекувана кралица на ромската музика во светски рамки, примадона на европското пеење, национален уметник, во 2013 г. ја доби и престижната титула национален уметник на Република Македонија, во својот живот има одгледано 47 деца и има одржано голем број хуманитарни акции, денеска ја изгуби битката со болеста. Инаку, пред само неколку дена Есма беше примена во една приватна болница поради проблеми со белите дробови.
Со Кривичниот законик се определени затворски казни за сторени кривични дела поврзани со изборите. Казна затвор од три до пет години ќе му биде изречена на лице кое сторило спречување на изборите и гласањето, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, злоупотреба на избирачкото право, поткуп на гласачите, повреда на тајноста на гласањето, уништување на изборни исправи или изборна измама. Во член 158 е регулирано спречување на избори и гласање: Тој што со употреба на сила, сериозна закана или на друг начин оневозможува или спречува одржување избори или гласање или го оневозможува или спречува утврдувањето или…
Во пресрет на утрешните предвремени парламентарни избори, четврти во низа, денеска е предизборен молк. Изборната кампања која траеше 20 дена заврши синоќа на полноќ. Гласање денеска, според македонското изборно законодавство, се спроведува во дијаспората, за пријавените болни и изнемоштени лица и за затворениците и лицата во притвор. На изборите учествуваат 11 политички субјекти: шест политички партии и пет коалиции со 58 листи на кандидати. Пријавени за гласање во странство се 20.573 граѓани, додека на посебниот Избирачки список се запишани 230.122 лица кои согласно евиденцијата на надлежен орган се смета дека се на привремена работа во странство.
