Author: G B R
Под слоганот „Застани во одбрана на нечии права“, денеска во земјите членки на Обединетите нации се одбележува 10 Декември-Меѓународниот ден на човекови права. Одбележувањето на Меѓународниот ден на човекови права се одржува секоја година и е проследен со повеќе настани за подигнување на свеста за унпаредување на човековите права. Македонското здружение за заштита при работа го спроведува проектот „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина – Основно човеково право“. Проект е финансиран од Европската унија преку грантова шема European Instrument for Democracy and Human Rights.
Сообраќајот на регионалниот пат Каменица – Штип од 15:30 часот е во прекин во двата правци. Како што информира АМСМ, причина за прекинот на сообраќајот е извлекување на товарно моторно возило кое излетало од патот кај надвозникот во Облешево.
Извршниот комитет на УЕФА на последниот состанок во Нион реши да направи промени и да го елиминира стандардниот термин на натпревари од 20.45 часот. Според новиот договор, од сезоната 2018, па се до 2021 година, натпреварите ќе се играат во два различни периоди. Првиот термин на средби ќе биде 19.00 часот и во истиот ќе се играат вкупно два натпревари, додека останатите шест од групите која ќе се играат во денот, ќе бидат закажани од 21.00 часот. Од УЕФА велат дека причина за ова е љубителите на фудбалот да имаат шанса да следат повеќе натпревари.
Уживателите на кафето секојдневно се соочувуаат совети и мудрувања околу тоа – дали кофеинот е штетен или полезен. Експерти по тоа прашање, лекари и диетолози, порачуваат дека кафето не е штетно, само доколку се консумира во умерни количини, како впрочем и се друго. Тоа значи дека можеме слободно да се насладуваме на секој филџан од оваа напивка, а истовремено и да имаме корист од тоа, следејќи ги следните „правила“… 1. Не пијте кафе пред 10 часот изутрина Ова можеби, за некого е шокирачко, но е научно засновано… Истражувањата покажуваат дека по будењето, во првите два часа, човекот е најраздразлив, односно…
Времето во Македонија ќе биде претежно сончево, кон крајот на денот со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба магла.Утринската температура ќе се движи од минус девет до нула, а дневната од девет до 15 степени. Во Скопје слично време, претежно сончево, кон крајот на денот со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе достигне до девет степени. Во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. До недела дневната температура ќе…
В недела, 11 декември, се одржуваат предвремени парламентарни избори. Гласачите мора да ги знаат нивните права и обврски на денот на гласањето, меѓу кои и што треба да направат доколку ги нема на Избирачкиот список и начинот на кој што треба да го остварат своето право на глас. Изборниот процес за предвремените парламентарни избори што ќе се одржат в недела содржи неколку новини, меѓу кои, највпечатливо е вметнувањето фотографија во Избирачкиот список. Останува употребата на безбојниот спреј кој може да се види само со УВ ламба. Важечко ливче ќе се смета она на кое што е заокружен редниот број или…
Македонски државјанин на возраст околу 30 години се обидел да се самоубие вчера во бегалски камп во Рејкјавик, Исланд, јави „Албеу“, а пренесе СДК. 30-годишниот Албанец од Скопје се самозапалил, бидејќи исландските власти сакале да го вратат во Македонија, откако негово барање за азил било одбиено, велат други Албанци кои се во истиот бегалски камп. Младиот човек се здобил со сериозни изгореници при обидот да се самоубие. Бројот на баратели на азил во Исланд годинава достигна 1.000, што е три пати повеќе во однос на минатата година и голем дел од нив се од Македонија. Најмногу од нив доаѓаат од…
Нашите футсал репрезентативци иако не остварија победа оставија одличен впечаток на овој турнир, играјќи идентични 2-2 против двете селекции. Избраниците на Божовиќ и на двата дуели започнаа доста мотивирано имаа почетна иницијатива, која беше крунисана со водства, но физичката подготвеност како и искуството на противниците беше пресудно за двете ремија. МАКЕДОНИЈА – БиХ 2-2 (1-1) МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 2-2 (1-0) Победник на „Скопје 2016“ е селекцијата на Португалија, која забележа една победа и едно реми, а на второто место е нашата земја, со две нерешени исходи, додека со пораз и реми на третата позиција се пласира БиХ.
Податоците од црната кутија на урнатиот авион Ламиа во Боливија во кој загинаа 75 лица и поголем дел фудбалери, покажуваат дека две недели претходно тоа можело да и се случи и на аргентиската селекција. Веќе беше објавено дека 15 дена претходно и фудбалската селекција на Аргентина го користела истиот авион, а новите податоци откриваат дека авионот кој летал од Бразил до Буенос Аирес во Аргентина имал гориво за уште 18 минути по слетувањето на Меси и неговите соиграчи ! Летот им траел 4 часа и ако се случило нешто непредвидено и авионот морал да продолжи да лета, за 18 минути…
Синоќа околу 18 часот во близина на селото Истибања (Виница), се случила тешка сообраќајна незгода. До сообраќајката дошло кога автомобил удрил во велосипедист кој се движел по патот во истата насока како и возилото.Од СВР-Штип ја потврдија информацијата при што истакнаа дека велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил итно пренесен во болница. Повеќе информации за причината за несреќата и состојбата на велосипедистот ќе се знаат во текот на денешниот ден.
