Author: G B R

Во последното испитување дали и колку кучето го разбира нашиот говор, односно дали прави разлика меѓу зборовите и интонацијата, научниците дојдоа до заклучок дека нашите мозоци не се разликуваат во толкава мерка колку што до скоро се мислеше. Центарот за разбирање на зборови кај кучињата се наоѓа во левата мозочна хемисфера, токму како што е случајот и кај луѓето. Од една страна, за вокабуларот се активира еден дел од мозокот, додека за интонацијата е задолжен друг дел – во десната половина, што исто така, е својствено на човекот. До овие заклучоци научниците дошле со помош на ваков текст: кучето го…

ПОВЕЌЕ ...

И ова утро е  доста ладно насекаде во Македонија. Мрзнат сите градови низ државава, а најстудено е повторно во Берово каде утрово се измерени -8 степени Целзиусови, со што Берово и ова утро е најстудениот град во Македонија. Во Македонска Каменица температурата се задржа до шестиот степен под нулата. -6 степени се измерени во Лазарополе, Прилеп и Битола, -5 во Скопје Петровец, -4 во Тополчани, Дебар и Демир Капија, -3 во Крива Паланка, Крушево, Маврово, Тетово и Струмица, -2 во Штип, Куманово, Скопје на Зајчев Рид и Охрид, -1 во Ѓуриште, Претор и Гевгелија, 0 во Виница и Пожаране до…

ПОВЕЌЕ ...

Утрово најстудено беше во Берово, каде што се измерени -16 степени. Во Македонска Каменица пак беше потопло, со најниски измерени -8 степени во шест часот утрово. Снежната покривка веќе е стопена, коловозите во градот и кон околните села се суви и проодни бидејќи во текот на денот имавме сончево време со максимална температура до седум степени над нулата. Утринската температура во другите градови во Македонија: Крива Паланка се спишти до -11, во Лазарополе и Маврово -10, Крушево и Битола -9, во Прилеп се измерени -8, во Тополчани, Претор, Пожаране, Виница, Демир Капија и Штип -7, во Струмица, Дебар, Куманово и…

ПОВЕЌЕ ...

Зимбабве воведува уште една валута што ќе се вика долар и засега ќе вреди колку и доларот. Но, нема никаква врска со американскиот долар. Оваа постапка, државата ја образложува со обидот да се ублажи хроничниот недостиг од пари. Зимбабве досега користела различни валути, откако нејзиниот долар, како национална валута, бил срушен и повлечен од употреба заради хиперинфлацијата и масовното печатење пари. Поради тоа, владата на оваа држава, покрај американскиот и австралискиот долар, одлучила да ги воведе и јужноафриканскиот ранд, еврото, британската фунта, јапонскиот јен, кинескиот јуан, индиската рупа и африканската пула. Колапсот на економијата значел дека жителите на Зимбабве мораат…

ПОВЕЌЕ ...

Кралицата на ромската музика Есма Реџепова од вчера е во болница во Скопје. Била примена во тешка состоба, а докторите и денес се обидуват да ја стабилизираат, дознава неофицијално Сакам да кажам.   Нејзините блиски потврдија дека Есма има здравствени проблеми, но се надеваат дека се ќе биде во ред и не сакаат да даваат официјални изјави. Есма, поради влошена здравствена состојба во болница заврши и пред две години, во декември 2014 кога се пожалила дека ѝ е многу лошо. Есма е носител на титулата Национален уметник на РМ од 2013, а на 30 октомври годинава во Торонто беше промовирана…

ПОВЕЌЕ ...

Владимир Витановски ученик во ООУ “Кирил и Методиј”  од Македонска Каменица ја доби првата награда за инвентивност на конкурсот на Народна банка на РМ , Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија, распишан до сите основни училишта на тема „И јас умеам да штедам“. Од пристигнатите над 400 творби, ученикот Владимир Витановски од 3б одделение ја доби првата награда која му ја врачи министерот за финансии м-р Кирил Миноски, во просториите на Министерството за финансии на 25 ноември (петок)2016 година. Заменик директорот Малиш Постоловски ја подигна пофалницата за активност во конкурсот на училиштето ООУ„Св.Кирил и Методиј„. Доделена беше и една…

ПОВЕЌЕ ...

29 ноември 2016 (МИА) – Меѓународен ден на солидарноста со палестинскиот народ 1314.- Умре францускиот крал Филип IV Убавиот, кој во 1306 година од Франција ги протера сите Евреи и им го конфискуваше имотот. Во судирот за превласт го надмина папата Бонифаци VIII и ја пренесе папската столица во Авињон. Заради зајакнување на позицијата во борбата против ватиканските курии, во 1302 година првпат во историјата на Франција свика Собрание на трите сталежи со што граѓанскиот сталеж почна да учествува во политичкиот живот на земјата. 1516.- Во Венеција умре италијанскиот сликар Џовани Белини. Наслика многу композиции и портрети. Им беше  учител на Џорџоне…

ПОВЕЌЕ ...

… … ☦ … … ††† … … ☦ … … Правило (типик) за тоа како се постат овогодинешните Рожденственски пости. Според уставот пропишан од Православната Црква овие пости се постат: понеделник, среда и петок на вода, вторник и четврток е дозволено да се употребува масло и вино, додека во сабота, недела и на големите празници е благословено и риба. Во табелата подолу се напишани и деновите кога овој пост е ублажен (според „Правила и одредби на Православната Црква за постот“ од Преподобен Гаврил Светогорец, Епископ Велички, кој советува оние што постат по типикот да не ги осудуваат оние што…

ПОВЕЌЕ ...

Бензините поскапуваат за два денари по литар, нафтата за денар и половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 14.11.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката…

ПОВЕЌЕ ...