Author: G B R
Се известуваат сите корисници на старата водоводна линија дека денес 06.12.2016 година во периодот од 9:30 до 12:00 часот поради активност на промена на дотраен вентил, вода за пиење нема да имаат жителите кои што живеат на ул.Илинденска, ул. Македонска, ул.Езерска и дел од ул.Осоговска после детската градинка. Однапред Ви благодариме за разбирањето…
Кинески државјанин се обидел да прошверцува делови за возови преку скопскиот аеродром „Александар Велики“. Царинската управа соопшти дека неделава се запленети 43 делови за возови (покажувачи и регулатори на притисок, камери, рамо, држачи за лагер, тастери, склопки и друго), откриени на скопскиот аеродром „Александар Велики“, при контрола на куферот на кинески државјанин, кој допатувал со лет од Истанбул. Непријавените производи се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.
Лондон, 2 декември 2016 – На фестивалот „Баланс“, одржан во Лондон е претставен новиот фитнес тренд – лазење. И покрај тоа што на прв поглед изгледа како како лесна вежба, тоа воопшто не е така, бидејќи бара добра координација. Вежбите се изведуваат на под и за нив не е потребна опрема, затоа што главно помага тежината на телото, јави Си-Ен-Ен. – Лазењето не само што бара моторни способности, туку го вклучува вестибуларниот систем, сетилниот систем поврзан со рамнотежата и просторната ориентација, истакнува Џастин Клајн, киропрактичар и директор на центарот „Got Your Back Total Health“ во Вашингтон. Експертите сметаат дека со овој…
Еволуцијата на јазикот е иста како и биолошката еволуција – се случува детално, генерација по генерација, па нема и посебна критична точка (точка на кршење) помеѓу еден јазик и следниот кој се развива од него. Затоа, невозможно е да се каже дека еден јазик е многу постар од некој друг, тие сите се стари колку и самото човештво. Што значи сите овие јазици имаат нешто посебно, нешто древно во себе – што ги одвојува од останатите јазици. Македонскиот јазик е еден од нив. Македонски Словенската група на јазици меѓу кои е и рускиот, полскиот, чешкиот, хрватскиот, е релативно млада јазична…
На следниов линк ( само со едно кликање на линкот) сите граѓани на Република Македонија ќе можат да проверат дали нивното име и презиме се наоѓа на Избирачкиот список од Државната изборна комисија: https://izbirackispisok.gov.mk/
СВЕТ Канада ги отвори вратите: работа за странци колку сакаш! 5 декември , 2016 Канада објави дека следната година ќе дозволи дури 300 000 економски мигранти да влезат во нивната земја. Канадската влада преземала обврска дека целиот процес на доселување мора да биде готов за 6 месеци. Сите пријави за Експрес ентри програмот се бодуваат преку проценување на вештини, искуство, знаење на јазик и образование на секој кој се пријави, и тогаш сите пријавени се рангираат според бројот на бодови. Тие со најмногу бодови добиваат повик и им се нуди постојан престој. Преку овој програм најчесто повик за постојан престој…
Фестивалот ТАКСИРАТ од фестивалската публика е изгласан за еден од најдобрите европски фестивали на затворено во рамки на „Европските фестивалски награди“. ТАКСИРАТ годинава се најде меѓу 10-те најдобри фестивали во Европа, меѓу кои „Reeperbahn“ (Германија), „Le Printemps de Bourges“, „I Love Techno“ (Франција) и „Out.Fest“ (Португалија). Добитниците на наградите ќе бидат презентирани на 11 јануари 2017 година на свечена церемонија во Гронинген, Холандија во рамки на Eurosonic Noorderslag конференцијата. Награди се доделуваат од 2009 година, а ТАКСИРАТ осум години по ред е номиниран во две категории „Најдобар фестивал на затворено“ и „Најдобар мал фестивал“. Главната фестивалска вечер на ТАКСИРАТ ќе…
Мора да се признае, некои луѓе не можат да живеат во мир ако знаат дека на неколку десетина километри имаат складишта со нуклеарни боеви глави. Дејли меил објави видео на кое се гледа каде е распореден целокупниот нуклеарен потенцијал на светот како и мапа за тоа каде има а каде нема нуклеарни боеви глави. Видеото е со цел да ги информира луѓето дали во нивна близина има нуклеарки или не. Според ова видео, десетина земји во светот имаат нуклеарно вооружување со кое можат да го уништат не само светот, туку и цел сончев систем. При тоа, најголем број на нуклеарки…
Стави прст на интимните делови, покриј ги доволно за да ја поткренат фантазијата… Луѓето не престануваат да измуслуваат. Таква им е природата, дури и кога се во прашање бизарни или глупи аботи. Сега на мода е нов селфи предизвик а се нарекува “The One Finger Selfie” или поточно селфи направено во огледало на кое со еден прст ги цензурирате вашите интимни делови. Фотографиите се на некој начин оптичка илузија, а за да го изведете предизвикот ќе ви биде потребно огледало. А, да – селфито треба да го направите додека сте сосема голи за да биде успешно, па затоа не правете…
Бугари продале во Грција новороденче за 8.000 евра.Од нив 2.000 евра добила мајката, а другите пари ги земал посредникот. Бугари се вклучени во продажба на бебе во грчкиот град Катерини, објавува електронското издание на грчкиот весник „Прото тема”. Новороденчето момченце е продадено на бездетно грчко семејство за сума од 8.000 евра. Мајката на детето е 30-годишна Бугарка, која имала финансиски проблеми.Таа го предала детето веднаш по раѓањето за што добила 2000 евра. Во договорот посредувал 39-годишен Бугарин. Во октомври исто во Катерини бугарска двојка се обидела да ја продаде ќерката, но во последен момент случајот е стопиран. Тогаш полицијата ги…
