Author: G B R

Сообраќајот на сите патишта во државата се одвива по претежно суви коловози на пониските места, додека на повисоките места коловозите на одделни места се влажни. Во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково заради што се препорачува внимателно возење. Што се однесува до граничните премини, на нив нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. [iframe-popup id=”3″]

ПОВЕЌЕ ...

Од синоќа до денес се регистрирани повеќе потреси во Европа и Балканот. Како и секое утро, така за жал и ова, серија потреси има во Италија и турција, каде тлото дефинитивно секојдневно се тресе. Земјотрес од 2,2 степени по Рихтер ја стресе Хрватска. Потресот бил со епицентар во Загреб. Се стресе и Грција со јачина од 2,2 степени по Рихтер. [iframe-popup id=”3″]

ПОВЕЌЕ ...

Деновиве навршуваат 110 години од смртта на Дамјан Груев, македонски револуционер, учител и идеолог на македонската национално-револуционерна борба, кој вечно ќе се памети. Дамјан Јованов Груев е роден на 18 jaнyapи 1871 година, во селото Смилево, Битолско. Загинал на 23 декември 1906 во престрелка со турските војски. Образованието го стекнал во Смилево, Битола, Солун, а потоа во Софија и во Белград. Учителствувал во Смилево, Битола, Прилеп, Солун и Штип. Даме Груев е еден од основачите на Македонската револуционерна организација. Организацијата, основана во 1893 во Солун, во документацијата и изворите често се нарекува и „Тајна“ и „Внатрешна“, па се сретнува и…

ПОВЕЌЕ ...

Доколку гигантски астероид се движи кон планетата Земја, не постои нешто што луѓето можат да направат за го спречат, предупреди доктор Џозеф Нут од НАСА центарот Годард Спејс на минатонеделната конвенција на Американскиот геофизички сојуз. Тој истакна дека Земјата е релативно неподготвена за удар на астероид, а посебно сме без било каква одбрана доколку се случи удар на астероид со димензии на оној кој го предизвикал истребување на диносаурусите. Иако се ретки, опасните астероиди и останатите вселенски тела доаѓаат оприлика на 50 до 60 милиони години. „Би можеле да речеме, дека дојде ред на такво нешто“ – нагласи Нут. Се…

ПОВЕЌЕ ...

20 декември , 2016 Петр Полшков (56), високо-позициониран руски дипломат, пронајден е мртов во својот дом во Москва, јавија медиумите, додавајќи дека дипломатот имал прострелни рани во главата. Информацијата за убиството ја објави Ren TV, набрзо по веста за атентатот на рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов. Полицијата ги испитува сите можни теории за ова убиство, пишува Daily Mail. Покрај телото во станот пронајдени се и две чаури. Пиштолот е пронајден во купатило под лавабото. Ren TV објави видео снимки од местото на злосторството. Сопругата на дипломатот била во станот, но не е повредена. Според наводите на медиумите, Полшков бил…

ПОВЕЌЕ ...

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и тивко, по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.Утринската температура ќе се движи од -13°C до -6°C, а дневната од 5°C до 13°C. Во Македонска Каменица ќе биде сончево и тивко со појава на слаба утринска магла. Температурата наутро ќе се спушти и до -13°C, а дневната ќе се искачи само до шестиот степен. Во наредните денови ќе се задржи стабилно и суво време, односно ведро и студено, по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб, а кон средината на неделата и умерен ветер претежно од северен…

ПОВЕЌЕ ...

80 текстилни работници од Штип денес ги сопреа машините и наместо на работа излегоа на протест. Лути се на газдата зашто од него не добиле ни пари ни почит: Немаме здравствено, пензиско, немаме плата, како што ги гледате луѓето, така сите работат, ладно е, мраз, изјави текстилен работник. Фабриката е сопственост на инвеститор од Турција, а во Штип  работи одвај една и пол година, а се занимава со шиење на т.н. тешка конфекција, но тешко им било и на работниците: Јас сум болна, немам осигурување, не можам да си ги земам лековите, изјави работничка. Работниците се категорични дека заработеното, мора…

ПОВЕЌЕ ...

19 декември 2016 ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 декември. Денеска е Св. Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски. Свети Никола се роди во Патара, во малоазиската област Ликија, во третиот век. Уште од малечок се одликуваше со посебна чистота на душата и предаденост на Бога. Подоцна, во зрелата возраст, посака да стане монах, но Бог самиот, во едно видение, го упати да се врати во светот и така да им служи на луѓето. На чудесен начин беше избран за архиепископ на главниот град на Ликија, Мира. За време на гонењето на христијаните при Диоклецијан,…

ПОВЕЌЕ ...

Хрватската полиција доцна синоќа открила околу 60 лица, за кои се претпоставува дека се мигранти, при редовна контрола на товарно возило со странски регистарски таблици во околина на градот Новска, во близина на границата со БиХ. Некои од луѓето биле во многу тешка здравствена состојба, соопшти полицијата. На местото на проверката веднаш биле повикани екипи на итна медицинска помош и сите кои имале потреба се префрлени во болница. Полицијата започнала со сослушување на возачот и патниците, за кои се претпоставува дека нелегално ја преминале границата. Мигрантите веројатно се државјани на арапски земји, иако се уште нема официјална потврда за нивното…

ПОВЕЌЕ ...

Споделено од www.gol.mk Во македонската кошарка повеќе ништо не може да не изненади, а пример за тоа е и последното случување, кое да не беше смешно, ќе беше жалосно. Имено во рамките од петтото коло во Првата лига за жени силите требаше да ги одмерат Вардар и Клупски Патриот, но мечот не се одигра. Составот од Делчево без никакво известување или претходна најава дека нема да може да патува и да го одигра натпреварот, не се појави вчера во салата СРЦ „Кале“ каде што домашните кошаркари се подготвуваа за мечот. Сепак кратко траеше неизвесноста за причините зошто не се појави…

ПОВЕЌЕ ...