Author: G B R
Голем број на граѓани во последно време ги зачестија своите жалби за нивната несигурност кога се на отворено. Имено кучињата скитници кои ги има во се поголем број почнаа да напаѓаат на сите страни. Ако за Кочани изминатите години бренд беше оризот сега тој примат им припаѓа на кучињата скитници. Деновиве повеќемина минувачи и посетители на градот се пожалија за напад од група на кучиња, а во саботата една млада кочанчанка била нападната во самиот Трговски Центар, поточно кај т.н. кула во ГТЦ. Среќа што во непосредна близина се наоѓа една од обложувалниците па нејзините посетители успеале да ги оттргнат…
„Конфликт” е новиот краткометражен филм инспириран од војната во Македонија во 2001-ва година. Филмот е во режија на Филип Матевски, главен актер е Ненад Нацев, а и двајцата се јавуваат во продуцентска улога. Нивната идеја била преку отсликување на психолошкиот моментум во кој се наоѓа еден млад човек кога ќе се најде на сред канонада од куршуми, да испратат универзална порака дека војната независно каде и да се случила и се случува не носи добро за никого. Тие очекуваат „Конфликт” да ги лансира во следната фаза -изработка на долгометражен филм за што имаат и идеја и концепт како да го…
Со намера да ни посака сé најубаво, регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија нé извести денеска дека новата година ќе ја дочекаме со за само два денари поскапи горива – од утре цената на цената на бензинот од 95 октани ќе биде 66,50, на безоловниот од 98 октани 68,50, а на омилениот ни дизел 53,50 денари за литар. Причините не треба да ги повторуваме – поскапувањето на цената на суровата нафта на светските пазари за 5,83%, скоро истото покачување на референтните цени на нафтените деривати, бензинот во просек за 5,58% и дизелот за 5,26% и како зачин курсот на…
Полјакињата Јустина замина на лекување во Скопје. Денеска медицинска екипа од специјалната болница Филип Втори од Скопје со санитетско возило ја зеде 45-годишната Јустина од Русиново. Првичниот преглед, на лекарите ги потврди сериозните здравствени проблеми на оваа жена. Можеме да констатираме дека станува збор за пациентка со повеќе коморбидитети. За жал, пациентката подолг временски период не била медицински третирана. Најверојатно станува збор за мозочен удар, објасни д-р Петар Угуров од болницата Филип Втори. Лекарите од Филип Втори најавуваат комплтено медицинско испитување. Ќе направиме и кардиолошки и невролошки испитувања. Од мое име и од името на целиот тим во болницата, ветувам…
Од вторник, поради продор на многу студена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утре во западните и северните делови ќе има врнежи кои во пониските подрачја ќе бидат од дожд, а на планините од снег и таму ќе се формира снежна покривка. Попладне снег ќе има и на повисоките места на запад (над околу 600 м.н.в). Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Во среда и во четврток ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер, особено на планините (повремено со брзина околу 100 км/час).…
Делчево, 26 декември 2016 Педесетина планинари од Македонија и Бугарија вчера ја освојуваа планината Голак и врвот Чавка на 1536 метри надморака висина. Акцијата беше во организација на ПК „Планинари-Кадиица“ од Пехчево и ЕПК „ЕКО Планинари“ од Делчево. Марјан Митриноски од пехчевското здружение истакна дека со оваа акција тие го заокружуваат планот на активности за оваа 2016 година. – На планинарската акција учествуваа планинари од Софија, Неготино, Македонска Каменица, Пробиштип, Валандово, Кочани и планинари од Делчево и Пехчево. На Голак и врвот Чавка се задржавме околу 3 часа, а гостите од кои повеќето присуствуваат првпат на оваа убава планина во…
Ова е рецепт кој го лекува целиот ораганизам. Ги прочистува крвните садови, го одржува срцето, го подобрува имунитетот, го чисти црниот дроб, штити од инфаркт и се смета дека помага при лекување на рак. Состојки: – 15 лимони – 12 глави лук – 1кг мед – 400 грама пченични никулци – 400 грама ореви Земете ја необработената пченица и ставете ја во чиста стаклена тегла. Наполнете ја со вода и оставете ја да отстои 10-12 часа. Покрите ја со газа, а откако ќе помине потребното време, процедете ја преку газата и добро измијте ги зрната. Еден ден подоцна ќе се…
25 декември 2016 Четириесетина планинари од Крива Паланка, Куманово и Скопје денеска се искачија на највисокот врв на Осоговските Планини, Руен, висок 2.252 метри. Акцијата за зимско искачување на Руен ја организираа Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен” и Планинарско друштво „Куманово”, а учествуваа и планинарите-гости од ПД „Трансферзалец“ Скопје. – Ова беше последна годинашна акција планирана со Програмата за 2016. Станува збор за традиционалното зимско искачување на Руен. Стартот на акцијата беше кај месноста наречена „Машинска“ кај рудникот за олово и цинк Тораница, од каде официјално започна искачувањето. Патеката е средно тешка, со денивелација од 700…
С.Ш.Г. (25) и Р.С.Д. (23), бугарски државјанки, добија кривични пријави поради основано сомневање дека извршиле три кривични дела џепна кражба и се стекнале со противправна имотна корист од околу 12.000 денари. Судија на претходна постапка им одредил една година затвор, условно за 3 години, а лицата се протерани и им е забранет влез во РМ во времетраење од 10 години. Првото кривично дело Бугарките го извршиле на 15-ти овој месец, во автобус број 7 на ЈСП Скопје кој се движел на релација од населбата Аеродром кон Рекорд. Тие ја искористиле гужвата во автобусот и невниманието на оштетената, се доближиле до…
Никој не остана имун по трогателната приказна на ТВ Стар за беспомошната Полјакиња Јустина која лежи болна и гладна во беровско Русиново. Фантом за системот, без македонски документи оваа 45-годишна жена која нема пари да оди на клинички испитувања и нема дијагностицирана болест, дочека да ја види човечноста на луѓето.Први во пресрет излегоа од болницата Филип Втори од Скопје. Затоа што таква е мојата работа, јас секојдневно имам такви слични и полоши ситуации, каде директно ги помагаме и ги ослободуваме од некои плаќања и едноставно да можат адекватно да се згрижат и лекуваат, изјави д-р Жан Митрев, сопственик на „Филип…
