Author: G B R

ShareTweetPinMail Лино Червар дебитираше со победа на светските шампионати како селектор на Македонија, па хрватскиот стратег со право беше презадоволен на прес-конференцијата по мечот со Тунис. „Честитки до Тунис за фер-натпреварот и прикажаната игра. Пред мечот знаев дека ќе биде многу тежок натпревар, тоа се оствари. Презадоволен сум од своите ракометари, искрено го говорам ова. Игравме како тим, сите за еден и затоа сум им благодарен. Во првото полувреме игравме добро, на стартот од вториот дел дојде до пад во концентрацијата, па ниту во нападот немавме доволно решенија. Сепак, севкуно гледано нашиот напад „седум на шест“ беше одличен. Во вториот…

ПОВЕЌЕ ...

Зимскиот распуст ќе трае една недела подолго. Учениците во ученичките клупи ќе седнат на 23 јануари. Оваа мерка денеска ја соопшти Министерот за здравство по состанокот со Комисијата за заразни болести со цел намалување на опасноста за ширење на грипот кој оваа сезона зема голем замав. „Оваа мерка е повеќе од потребна, имајќи ја предвид тенденцијата на намалување на заболени од грип од нула до 14 години, во време на распустот, тоа може да го потврдиме со конкретни податоци, од почетокот на 2017 година до денес, според системот Мој Термин, се евидентирани вкупно 8.800 лица заболени од грип, од кои…

ПОВЕЌЕ ...

Струга, 11 јануари 2017 – Околу 50 деца од Македонска Каменица, Кавадарци, Кочани и Виница учествуваат на зимскиот кошаркарски камп „Солферино 2017“ што се одржува во Струга во организација на Кошаркарскиот клуб „Фени индустри“ од Кавадарци и Академијата „Баскет Кам“ од Македонска Каменица. Младите кошаркари, според тренерот Атанас Димов, ќе имаат можност да ја одржат кондицијата и да ги усовршат техниките на овој спорт. – Кампот е за меѓусезонски период кога децата се на распуст, се одмараат, без училишни обврски и после празниците малку да ги раздвижиме, а и да се подготват за вториот дел од сезоната, вели Димов. Според…

ПОВЕЌЕ ...

Сиднеј, 12 јануари 2017 (МИА) – Експерти од Сиднејскиот универзитет ја открија формулата за количеството на храна што ни е потребна, а која воедно нема да ги зголеми нашите килограми. Тие препорачуваат храната да ја мериме користејќи ја нашата рака. – Не постои совршен начин на мерење на количеството храна која ни е потребна, па сакавме да изнајдеме подобар начин, изјави нутриционистката Алис Гибсон која е дел од тимот истражувачи. Според нив, формулата гласи: една половина од ширината помножено со дебелината (на раката), па сето тоа помножено со должината. # [iframe-popup id=”3″]

ПОВЕЌЕ ...

После прошталниот говор во Чикаго, американскиот претседател во заминување, Барак Обама може да се каже дека се збогува и со сите негови следбеници на Твитер како претседател на најмоќната земја на светот. Пораката за благодарност која што Барак Обама ја објави на социјалната мрежа Твитер после неговиот проштален говор стана убедливо најпопуларна на неговиот профил – истата е упатена до Америкаците, но подеднакво може да важи и за сите. „Ви благодарам за се. Мојата последна молба е иста како и првата. Барам од вас да верувате – не во мојата способност да креирам промени, туку во вашата“, напиша Барак Обама…

ПОВЕЌЕ ...

Марихуаната и меморијата се линеарно поврзани. Колку повеќе марихуана пушите, толку полоши резултати ќе добивате на тестовите за помнење. Но, колку полоши? „Вашингтон пост“ наведува пример за да го покаже влијанието на марихуаната. Имаме две групи од 10 луѓе. На секој од нив им кажуваме 15 зборови и од нив бараме да ги запомнат. 25 минути подоцна, бараме да ги повторат зборовите. Во првата група има луѓе кои не пушат марихуана и тие помнат просечно 9 од 15 зборови. Во втората група се луѓето кои пушат марихуана секој ден во последните 5 години. Тие помнат просечно 8,5 зборови од 15-те.…

ПОВЕЌЕ ...

–    Правдата на луѓето често им е потешка од неправдата. –    Првиот бакнеж е како мала матура, а потоа се преминува во повисоките паралелки каде што се учи виша математика на љубовта со сите познати и непознати количини. –    Бракот е договор според кој човекот еднаш во животот ќе каже „ДА“ и ќе ја преземе обврската тоа да го повторува целиот живот. –    Знаењето има граници, а незнаењето нема. –    Бракот е писмо кое е интересно само додека е затворено. –    Вистината честопати е помалку постојана од заблудата. –    Кога имаш срце, не можеш да имаш гаќи. –    Љубовта…

ПОВЕЌЕ ...

11 јануари 2017 (МИА) 347.- Роден е византискиот (римски) цар Теодосиј Први, наречен Теодосиј Велики, кој владеел од 379 до 392 година, кога успеал да го обнови Царството во полн состав. До смртта во 395 година владеел со Рим како последен владетел на единствената империја. Пред крајот на владеењето одлучи власта во Источното римско царство да му ја предаде на постариот син Аркадиј, а Западното на помладиот Флавиј Хонори. Западнато царство пропаднало со последниот римски цар Ромул Авустул во 476 година кое го срушил германскиот водач Одоакар, а Источното (Византија) останало уште илјада години. 1569.- Во Англија, под патронат на кралицата Елизабет Прва, во катедралата Свети…

ПОВЕЌЕ ...

Туѓината повторно  го зави Делчево во црно. Во бизарна несреќа на автопат во Германија, загина 26-годишниот Ванчо кој неколку години работел во оваа европска земја и печалел за семејството возејќи камион. Официјална информација за несреќата се уште нема, но во Делчево, се пренесува веста за фаталната несреќа која однесе млад живот и според која, на Бадник, на Ванчо му се расипал камионот, па симнувајќи се од него, бил прегазен од друг камион. Веста низ Делчево се прошири со брзина на светлината и сите со кои разговаравме сочувствуваат со трагедијата на семејството, но и реторички поставуваат прашање, каде ни одат нашите…

ПОВЕЌЕ ...