Author: Media Point

Македонска Каменица, 15. Окотомври 2024 година – Успешно започна грејната сезона во каменичките општински училишта. Со навремени подготовки и обезбедување на доволни количини на енергенси за греење, сите училници и останати простории во училиштата беа затоплени од раните утрински часови за пријатна и комфорна атмосфера за учење и работа. Раководствата на училиштата исто така изразија задоволство со подготвеноста за нова учебна година. „Благодарение на соработката со Општината, работиме на создавање на идеални услови за работа, како учениците и наставниците би се фокусирале на успешно спроведување и реализација на наставата“, – изјави Виктор Георгиевски, директор на Општинското општинско училиште „Св. Кирил…

ПОВЕЌЕ ...

латите во Германија се меѓу највисоките во Европа, но значително варираат во зависност од индустријата, работното искуство и географската локација. Во помалите градови, платите може да бидат малку пониски, додека во финансиските центри како Берлин, Минхен и Франкфурт, платите често го надминуваат националниот просек. Сепак, трошоците за живот се исто така повисоки во големите градови. Германија како една од економски најстабилните земји во Европа нуди исклучително конкурентни плати во речиси сите сектори. Поради високиот животен стандард, но и потребата од квалификувана работна сила, многу луѓе од други земји, вклучително и од Балканот, одлучуваат да ја развиваат својата кариера во Германија.…

ПОВЕЌЕ ...

Направете го овој напиток сами брзо и лесно. Потребни ви се 5 состојки и 5 минути време. Покрај вишокот килограми, ова ќе ве спаси и од дополнителни токсини. Исто така, пијалокот го регулира нивото на шеќер во крвта, го држи нивото на холестерол под контрола и севкупно го подобрува здравјето. Состојки: 1 грст свеж магдонос парче ѓумбир сок од 1 лимон 1 лажичка мелен цимет 1 лажица јаболков оцет 500 мл вода Подготовка: Измијте го магдоносот и исушете го на крпа. Исчистете го ѓумбирот, исцедете го лимонот. Сите состојки ставете ги во блендер и матете додека не добиете компактна смеса.…

ПОВЕЌЕ ...

Времето денеска изутрина ќе биде постудено, а преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 25 степени. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре ќе се задржи сончево и релативно топло време со појава на локална облачност. По одделни котлини ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Овој Кипријан, што се слави денес како светител, претходно беше маѓесник или, со современ јазик кажано, окултист. Се беше преселил од Картагина во Антиохија, во времето кога таму живееше христијанката Јустина. Едно развратно момче од незнабошците се занесе од нејзината убавина и по секоја цена сакаше да ја обљуби. А кога Јустина го одби одлучно, тој побара помош од Кипријан. Кипријан гаташе и баеше, наведувајќи го духот на блудот на Јустина, за во неа да се разгори страста кон момчето, но се беше залудно зашто Јустина ги одбиваше од себе духовите на злобата со крсен знак и молитва. Тогаш Кипријан…

ПОВЕЌЕ ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 октомври. Денеска е Покров на Пресвета Богородица. Настанот што го слави Црквата денес се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград. Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите. Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: „Ја гледаш ли, брате,…

ПОВЕЌЕ ...

Во рамки на 9. Коло од Првата македонска женска фудбалска лига, екипата на ЖФК Каменица САСА е поразена со 0:3 од лидерот на табелата ЖФК Тиверија Брера. Натпреварот се одигра денеска, со почеток од 14:00 часот, на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Се надеваме дека во понатамошниот дел од првенството нашиот женски фудбалски шампион ќе биде поуспешен во натпреварувањата и ќе го врати сјајот на женскиот македонски фудбал во нашиот град Македонска Каменица. Успех девојки!

ПОВЕЌЕ ...

Се продаваат две одделни парцели во приградската населба Павлиш Дол, Македонска Каменица погодни за изградба на викендици или објакти за домување. Парцелите се наоѓаат на само 2 километри оддалеченост од центарот на Македонска Каменица, веднаш до регионалниот пат кон село Саса. До двете одделни парцели има асфалтен пат и можност за приклучување кон системите за снабдување со вода и струја. Вкупна површина на првата парцелата број 260, со чист имотен лист број 4126, е 496 м2. Другата парцела со број 254 и имотен лист бр. 1071, има површина од 693 м². Цена по договор. Повеќе информации за огласот можете да…

ПОВЕЌЕ ...

Баскет кам го доби дуелот што требаше да биде дерби, против Бадел 1862 (73:53) Едно полувреме траеше неизвесноста на дуелот кој требаше да го одбележи првото првенствено коло во новата сезона од Првата лига-жени – натпреварот во салата „Независна Македонија“ каде Бадел 1862 го предизвика шампионот Баскет кам од Македонска Каменица. Сепак, Бадел 1862 со неколкуте нови имиња како Јована Петрушевска и Марија Николов, беше конкурентен само во првото полувреме, кога бранителот на шампионската титула имаше водство до четири поени (33:29). Во продолжението на играта се разигра, во прв ред, Цветанка Димова. Делуваше незапирливо за противничката одбрана. На крајот на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 12. Октомври 2024 година –  Полициското одделение во Македонска Каменица упатува Известување до граѓаните на Македонска Каменица и регионот за спроведување на боево гаѓање на месноста Кантурски рид. Известувањето ви го пренесуваме во целост: На ден, 17. Октомври 2024 година (четврток) и 20. Октомври 2024 година (недела), од 08.00 до 12.00 часот, на временото стрелиште Кантурски рид, полициските службеници од Полициското одделение Македонска Каменица и Полициското одделение за граничен надзор Македонска Каменица ќе реализираат боево гаѓање. Се замолуваат граѓаните од Македонска Каменица во наведениот период не се движат на наведената локација.

ПОВЕЌЕ ...