Нашиот млад сограѓанин Иван Атанасовски од Македонска Каменица, како дел од тимот на средношколци од ДСУ „Коле Нехтенин“ – Штип, постигна значаен успех со проектот „SkyDrop“, кој се најде меѓу ТОП 50 најиновативни идеи во Македонија.

„SkyDrop“ е проект кој користи паметни дронови за автоматско садење дрвја на изгорени и тешко достапни терени. Со GPS технологија и биолошки капсули со семе, еден дрон може да засади и до 1.000 дрвја дневно, без потреба од човечка интервенција во ризични подрачја.
Оваа иновативна идеја има за цел да помогне во обновување на шумите и заштита на природата, а успехот на Иван и неговиот тим претставува гордост за Македонска Каменица и потврда дека младите од нашиот крај создаваат решенија со вистински општествен и еколошки придонес.


