
Епископот Делчевско-каменички, Неговото Преосвештенство г. Марко, ја оствари својата прва официјална средба со новоизбраната градоначалничка на Општина Македонска Каменица, г-ѓа Соња Стаменкова.

На средбата се разговараше за можностите за понатамошно унапредување на духовниот живот во рамките на Епархијата и за заедничка соработка меѓу Црквата и локалната самоуправа. Епископот Марко ги претстави тековните активности и проекти што се реализираат во Епархијата, изразувајќи надеж дека ќе продолжи поддршката од Општината за нивно успешно завршување.
Градоначалничката Стаменкова ја истакна подготвеноста на Општина Македонска Каменица за континуирана соработка со Црквата, нагласувајќи дека локалната самоуправа ќе остане посветен партнер во процесот на развој и зацврстување на духовните и културните вредности во заедницата.
На крајот од средбата, беше заеднички констатирано дека Црквата има значајна улога во општествениот живот, особено во градењето на солидарна, единствена и прогресивна заедница.
Извор: Делчевско-каменичка епархија

