Нашата млада сограѓанка Ана Ѓорѓиевска од Македонска Каменица е прогласена за национален победник на регионалната фото-изложба „Are We There Yet: What Are the Road Signs to the EU?“, која беше отворена во уметничкиот центар „Мала Станица“ во Скопје. Со тоа, Ана ќе ја претставува Македонија на престижната World Press Photo Winners’ Week 2026 во Амстердам.

Изложбата, реализирана под покровителство на Амбасадата на Кралството Холандија, обединува 30 млади фотографи од целиот Западен Балкан, кои преку своите фотографии ја прикажуваат визијата и односот на младите кон Европа денес.
Под менторство на наградуваната фотографка Илви Њиокиктиен, учесниците создадоа искрени и автентични визуелни приказни, а од Македонија учествуваа и Арбнора Мемети, Иво Велчевски, Каја Тасевска и Филип Лафазаноски.

Изложбата во Скопје останува отворена до 12 ноември, а следните дестинации се Приштина и Сараево.

