Author: Media Point
Денеска го славиме Преподобен Антониј Велики – за многу години! Египќанец, роден околу 250 година во некое село Кома, близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството. Најпрвин, се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне обеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не дружејќи…
Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ во Македонска Каменица организира стручна презентација за квалитетот на медот Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица ги информира сите пчелари од регионот и потрошувачите на пчелни производи дека во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје организира стручна презентација на тема: „Економските предизвици од измамите со мед и зимските загуби на пчелни семејства како закана за квалитетот на медот во Република Македонија“. Настанот ќе се одржи на 30 јануари 2025 година (четврток) со почеток во 17:30 часот во Домот на културата во Македонска Каменица. Тема и содржина на презентацијата Главниот фокус ќе…
Звонко Прангов, организатор на „Спортист на годината на Македонска Каменица“, во своето емотивно обраќање упати искрена благодарност до помагателите и поддржувачите на манифестацијата Почитувани и мои драги каменичани, Со огромна радост и возбуда можам да кажам дека ми се оствари животниот сон! Овој успех не е само мој, туку на сите вас кои бевте дел од оваа приказна. Ви благодарам од срце за поддршката и вербата при реализацијата на првата Манифестација за Избор на спортист на годината во нашата Македонска Каменица. Најпрвин, сакам искрено да им се заблагодарам на Горан, Драш, на водителката Ана, Дарко, Митре, Боце, Мите, Ненад. На…
Се погласни стануваат повиците за бојкот на продавниците овој петок, особено откако во текот на вчерашниот ден, иницијативата која почна на социјалните мрежи доби поддршка од граѓанскиот сектор но и од политичките партии. Поддршка и разбирање изрази и Премиерот Мицкоски кој најави и дополнителен ангажман на инспекциските служби. Поддршка уште вчера даде и опозицијата а зад иницијативата застана и Организацијата на потрошувачи на Македонија. Нејзината Претседателка вчера во Тема на денот на Сител рече дека тоа е добар начин да се испрати порака. Се апелира до граѓаните да се воздржат од купување во петок за да се испрати порака дека…
Изградба на пешачки патеки во Македонска Каменица за олеснет пристап и подобрена мобилност на граѓаните Македонска Каменица, 28. Јануари 2025 година – Општина Македонска Каменица активно продолжува со подобрување на локалната инфраструктура, преку изградба на нови пристапни пешачки патеки до колективните станбени живеалишта. Овој проект е дел од Договорот за бетонски работи и партерно уредување на јавни површини, чија реализација опфаќа повеќе локации низ градот. Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски истакна дека проектот, во оваа фаза, опфаќа изградба на пешачки патеки на улиците Руенска, Рударска и Александар Македонски. Оваа активност има за цел да ја подобри пристапноста, да…
Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица и Правилник бр.08-1300/1 од 30.06.2023 година за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани и Одлука бр.08-1447/1 од 24.07.2023 година за измена и дополнување на Правилникот, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот: ЈАВЕН ПОВИК 1.Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски, согласно Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица за 2025 година и согласно Правилникот бр.08-1300/1 од 30.06.2023 година за условите, начинот и…
Едукативен проект на Рудник САСА за запознавање на најмладите со природните вредности и нивната заштита Рудникот Саса, со група независни автори, издаде книга за најмладите членови на заедницата наменета за нивно запознавање со природните убавини. Целта на книгата „Јасмина низ Осоговските Планини – приказна за запознавање на природните вредности и како да ги заштитиме“ е да се збогати литературата за деца на македонски јазик посветена на проучување на природата, како и да се даде придонес кон градењето на свесноста за потребата од зачувување на животна средина. Книгата, која првенствено е наменета за деца и ученици до петто одделение, претставува едукативно…
Се бара куќа за купување во Македонска Каменица! Куќата може да биде во градскиот или приградските делови на Македонска Каменица. Сите заинтересирани за продажба на куќа, можат да ги контактираат заинтересираните лица на следниов телефонски број 070 620 601.
Нови засилувања за ФК Каменица Саса во зимскиот преоден рок ФК Каменица Саса продолжува да го зајакнува својот состав со млади и талентирани фудбалери во зимскиот преоден период. Тимот го претстави тројцата нови играчи кои ќе ја зајакнат екипата во претстојните предизвици. Лазе Гичев, 19-годишен голман од Кочани, повторно се приклучува на редовите на Каменица Саса. Гичев е добро познат на клубот, а претходно настапуваше за екипите на Осогово и Слога 1934. Својата кариера ја започнал во школата на Фудбал Старс Кочани и се очекува да внесе сигурност на голманската позиција. Давид Голубов, 18-годишен офанзивец од Скопје, ќе ја засили…
Унапредување на водоснабдувањето во село Тодоровци и уредување на јавни површини во Македонска Каменица Македонска Каменица, 27. Јануари 2025 година – Јавното претпријатие “Камена Река” од Македонска Каменица започна со реализација на инфраструктурен проект во село Тодоровци, – изјави градоначалникот Димчо Атанасовски за проектот кој опфаќа поставување на секундарна водоводна мрежа и инсталирање на нови водомерни единици за корисниците во оваа рурална средина. Дополнително, ќе биде поставена и нова водоводна линија која ќе овозможи приклучување на нови корисници. Градоначалникот Атанасовски истакнува дека овие активности се очекува да доведат до значително подобрување на водоснабдувањето во Тодоровци, што директно ќе влијае на…
