Author: Media Point

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, заедно со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот – Кочани, полициските службеници од ОВР Кочани и Општина Кочани, спроведоа теренска акција на подрачјето на градот и на експресниот пат Штип – Кочани. Целта беше да се потсетат возачите на законската обврска за задолжително носење зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март. Активноста имаше превентивно-едукативен карактер и беше насочена кон безбедното учество во сообраќајот во зимски услови. Возачите позитивно ги прифатија препораките, а службите упатија апел за приспособување на брзината, одржување растојание и внимателно возење. Нагласено беше дека возилата мора…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Виница, во соработка со МВР – ПС Виница, од 1 декември 2025 година ја започнува акцијата „Чиста Општина 2026“, со цел отстранување на хаварисани, напуштени и нерегистрирани моторни и приклучни возила, како и земјоделски машини оставени на јавни површини. Акцијата ќе се спроведува во три фази. Првата фаза, која ќе трае од 1 до 31 декември, опфаќа детектирање на сите локации каде се наоѓаат вакви возила. Во втората фаза, во периодот од 1 до 31 јануари, на возилата ќе бидат поставени налепници со рок за нивно задолжително отстранување. Третата фаза започнува на 1 февруари 2026 година и предвидува изрекување…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот Гоцевски денеска ги потпиша решенијата за исплата на еднократен надомест од Општина Делчево за 91 прваче и 22 новороденчиња во Делчево со вкупен износ на исплата од 376.629 ден и истакна дека целта на оваа поддршка е помош на младите родители во најважните моменти од нивниот живот-раѓање на детето и почеток на неговото школување. -Сепак, вкупниот број на новороденчиња во Делчево за тековната 2025 година изнесува 53 новороденчиња. Како градоначалник, пред сè, како жител на Делчево, овие бројки ме загрижуваат, бидејќи не станува збор само за статистика-туку тоа е огледало на предизвиците со кои се соочуваат младите семејства и…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 18. Неомври 2025 година – Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова го назначи советникот Мартин Малчев за нов заменик градоначалник на општината. Малчев е млад семеен човек, сопруг и родител. Доаѓа од приватниот сектор како успешен сопственик на повеќе приватни претпријатија во земјава и странство. Со назначувањето, Мартин Малчев ќе ја извршува функцијата градоначалник во случаи на спреченост или отсуство на носителот на функцијата подолго од шест месеци, како и во други случаи утврдени со закон. Во периодот додека ја врши должноста заменик-градоначалник, неговиот мандат како член на Советот мирува. „Очекувам максимална посветеност, одговорност и работа во…

ПОВЕЌЕ ...

Со благослов на надлежниот архијереј, Преосвештениот епископ Бихачко-петровачки г. Сергиј, од 15 до 17 ноември 2025 година, Преосвештениот епископ Делчевско-каменички г. Марко со својата придружба ја посети Бихачко-петровачката епархија на Српска Православна Црква. На покана од архимандритот Варнава, во 23 недела по Педесетница, на денот кога го чествуваме и празникот на Обновување на храмот на светиот великомаченик Георгиј во Лида, епископот Марко служеше света Литургија во манастирот „Трескавац“, кој е посветен на свети Архангел Михаил. Нему му сослужуваа свештенослужителите од братството на манастирот како и свештенослужители од Делчевско-каменичката епархија. По прочитаното Евангелие епископот Марко со пригодна беседа му се обрати…

ПОВЕЌЕ ...

На 18 ноември во 1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го издавал на македонски јазик, весникот „Вардар. Умрел во Софија, во Бугарија, на 26 јули 1926 година.

ПОВЕЌЕ ...

Список на кандидати кои ќе полагаат ловечки испит во просториите на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и eкоинженеринг „Ханс Ем“, ул. „16 Македонска бригада“ бр. 1, 1000 Скопје, на 20.11.2025 година (четврток), со почеток во 11:00 часот. Список на кандидати

ПОВЕЌЕ ...

Ова се листите со добитниците на ученички стипендии: Добитници на стипендија по конкурс за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година Добитници на стипендија по Конкурсот за доделување 300 (триста) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи од јавните и приватните средни училишта во Република Северна…

ПОВЕЌЕ ...

Јавен повик до семејства со деца запишани во прво одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, за учебната 2025/2026 година Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица и Правилникот за доделување на еднократна парична помош на семејства со дете кое за прв пат е запишано во прво одделение во ООУ,,Св.Кирил и Методиј,, Македонска Каменица бр.08-1738/1 од 21.09.2022 година, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот: ЈАВЕН ПОВИК             Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот упатува Јавен повик до семејства со дете кое за прв пат е запишано во прво одделение во ООУ,,Св.Кирил…

ПОВЕЌЕ ...

Јавен повик до семејства со ученици од прва година во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ за доделување еднократна парична помош за учебната 2025/2026 година Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица и Правилникот за доделување на еднократна парична помош на семејства со ученик запишан во прва година во СОУ,, Миле Јаневски Џингар,, Македонска Каменица бр.08-1899/1 од 27.09.2023 година, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот: ЈАВЕН ПОВИК Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот упатува Јавен повик до семејства со ученик запишан во прва година во СОУ,, Миле Јаневски Џингар,, Македонска Каменица, во гимназиско образование; текстилно-кожарска…

ПОВЕЌЕ ...