Македонска Каменица, 18. Неомври 2025 година – Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова го назначи советникот Мартин Малчев за нов заменик градоначалник на општината. Малчев е млад семеен човек, сопруг и родител. Доаѓа од приватниот сектор како успешен сопственик на повеќе приватни претпријатија во земјава и странство.
Со назначувањето, Мартин Малчев ќе ја извршува функцијата градоначалник во случаи на спреченост или отсуство на носителот на функцијата подолго од шест месеци, како и во други случаи утврдени со закон. Во периодот додека ја врши должноста заменик-градоначалник, неговиот мандат како член на Советот мирува.
„Очекувам максимална посветеност, одговорност и работа во интерес на граѓаните. Убеденa сум дека Мартин Малчев со своето искуство и енергија ќе даде значаен придонес во развојот на општината,“ напиша на својот официјален фејсбук налог, градоначалничката Стаменкова.

Извор на текст: https://www.facebook.com/share/p/1Bnv75Pqqu/

